17 Мај, 2024
0.0286

ИНТЕРВЈУ Бочварски: За Македонија ќе биде погубно ако се докаже проневера на парите од ЕУ

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Недозволиво е во првите три месеци од годината во инфраструктурата да се инвестираат само 27 милиони евра или 13 отсто од планираното, затоа што со вакво темпо на крајот од годинат вложувањата во инфраструктурата нема да достигнат ниту 90 милиони евра, вели во интервју за Фактор Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт во СДСМ. Според Бочварски, во земјава се градат скапи автопати, чија цена на чинење е поголема од онаа во регионот, а особено проблем е тоа што дел од автопатите се градат со кинески кредити, за кои како што вели преку бомбите на опозцијата се отвори сомнеж за договарање на високи провизии.  За истаргите на Европската канцеларија против измами ОЛАФ, која го истражува скандалот со изградбата на автопатот Демир Капија Смоквица што го гради грчки Актор, Бочварски вели оти не ја отфрла можноста да се појават и нови такви случаи, а за Македонија би било погубно ако  се докаже дека Владата направила проневера на пари од Европските фондови. Фактор:Обвинувате дека Македонија има најлоша патна инфраструктура во регионот, и состојбата постојано се влошува. Кои се Вашите аргументи за ваквите тврдења, затоа што од друга страна власта посочува дека како никогаш досега се инвестира во инфраструктурата? Бочварски:Анализите се правени од ЕУ и покажуваат поразителни податоци. На пример, од истражуваните 789 км од патиштата во Македонија, само 2% се оценети со максимални 5 ѕвезди.  Додека пак, со најлоша оценка, само со една ѕвезда или со црна боја, се нотирани дури 39% од истражуваните патишта. Според рангирањето на “World economic forum” за квалитетот на инфраструктурата за 2015 година, Македонија е дури на 78 место од 100 земји. Пред Македонија се Азербејџан, Виетнам, Гватемала. Ова покажува дека во овие 10 години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ е вложено многу малку во инфраструктура. Единствено, како никогаш досега се инвестира во споменици и во барокни фасади кои чинат и по неколку десетици милиони евра. Фактор: Се повикувате на анализата на ЕУ за квалитет и безбедност на патишта, според која од истражуваните 789 км патишта во Македонија, само 15 км се оценети како добри и безбедни. Што покажуваат другите податоци за инфраструктурата, и каде е Македонија во однос на регионот? Бочварски: Македонија е на самото дно, а тоа го покажуваат овие податоци, пред нас се Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска. Од друга страна се најавуваат огромни инфраструктурни вложувања во Србија, Косово, Албанија и Бугарија. Македонија дефинитивно го загуби чекорот со соседите. ВМРО ДПМНЕ ја задолжи државата со рекорден долг во овие 10 години, а повратен бенефит од ова задолжување не гледаме. За 10 години пуштија само 7,6 километри автопат. Ова мораме да го промениме бидејќи веќе е реална опасноста да не заобиколи Коридорот 4 (преку Бугарија). Фактор: ВМРО-ДПМНЕ возврати дека без никаков срам зборувате дека патната инфраструктура била најлоша во регионот, во ситуација кога, додека СДСМ беше на власт, не е вложен ниту денар во инфраструктурата, и уште повеќе патиштата се оставени да се уништуваат. Бочварски: Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ кон СДСМ, се параван за прикривање на нивниот неуспех, ништо друго. ВМРО-ДПМНЕ сака да заборават граѓаните дека тие се на власт веќе 10 години. Очигледно е, неможејќи да ги сокријат своите катастрофалнирезултати што ги имаат во овие 10 години и целиот пустош кој што го оставија зад себе се служат со лаги, манипулации и празни зборови. Ова што ние го говориме се резултати од релевантни истражувања на ЕУ. За 10 години доколку работеа чесно и одговорно ќе имаше резултат. СДСМ изградил безброј инфраструктурни проекти во многу потешко и турбулентно време со многу помали буџети на државата. Во делот на патиштата се изградени 250 километри автопатишта за помал временски период. Но, тоа се однесува на минатото. Ние сме фокусирани на денешницата и иднината. Граѓаните сакаат промени и тие промени ќе се случат. Фактор: Но, освен инвестициите во инфраструктурата, важно е и прашањето за одржувањето? Се одвојуваат ли доволно пари за оваа намена? Затоа што по сите анализи се посочува дека ако еден пат не се одржува постојано, тогаш по извесно време ќе чини многу повеќе да се санира, отколку што би чинело редовното одржување? Бочварски: Токму така, доколку еден пат не се редовно сервисира, после 10 или 15 години неговата реконструкција ќе чини 3 пати повеќе. Македонија во делот на редовно одржување, но и зимско одржување вложува само 3.300 евра за километар. За разлика од нас Косово вложува 3.700 евра за километар. Босна и Херцеговина 7700 евра, Србија 9.000, Романија 9.300 евра за километар. Ова е голем пораз на оваа Влада и затоа мораме час поскоро да ја промениме.  Не може 630 милиони евра да се потрошат на криминален начин за споменици, а да не се инвестира во подобри и побезбедни патишта. За мене, за СДСМ , приоритет се граѓаните и нивната безбедност при патувањето, а најголем предизвик ќе ни биде да ги намалиме жртвите по патиштата, а не колку палми и галии ќе поставиме во Вардар. РЕБАЛАНСОТ ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ОБЕЗБЕДИ УСЛОВИ ЗА НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ПРЕКУ ЕВРООБВРЗНИЦА Фактор: Ребалансот на буџетот е најавен. Но, како го оценувате тоа што,  вообичаено кога има ребаланс се крати кај трошоците за капиталните инвестиции, каде влегуваат и инфраструктурните проекти? Односно, каде според Вас би требало да се скусат трошоците, наместо кај капиталните проекти, ако знаеме дека сепак најголем дел од буџетот е наменет за социјала и трансфери? Бочварски: Единствената цел на новиот ребаланс на Буџетот е создавање на услови за ново задолжување преку еврообврзница. Ваквото кратење на капиталните инвестиции ја водат економијата во ризик од рецесија и раст помал од 1%.  Неопходно е намалување на непродуктивните трошења на државата. Во Македонија околу 400 милиони евра годишно одат на корупција и непродуктивни трошења. Затоа, наместо да се мисли на сомнителни тендери и објекти кои немаат повратен бенефит за граѓаните и државата, коишто чинат по десетици милиони евра, а кои не се неопходни во моментот,или на пример купување на мебел и возила, парите треба да се насочат кон приоритетите на граѓаните. Најважно е запирање на корупцијата и одлевање на државните пари. Недозволиво е реализацијата во делот на инфраструктура за првиот квартал да е само 27 милиони евра или 13 %, а на пример за купување на возила да е 25 %. Со вакво темпо нема да достигнеме ниту до 90 милиони евра вложувања оваа година за инфраструктура. Фактор: Сепак, изминативе години, стартуваше изградба на неколку покрупни ифраструктурни проекти, како што автопатот Кичево- Охрид, Демир Капија Смоквица, Штип-Миладиновци. Бочварски: Многу доцниме, а доцнењето од 7 или 8 години значи исто толку загубени генерации, значи огромен удар и неконкурентност за привлекување на странски инвестиции, но и она најлошото немање интерес за инвестирање на домашните инвеститори. Оваа состојба на назадување во овој дел создава апатија и одвраќање на домашните и на странските инвеститори. Овие 7 - 8 години ги искористија нашите соседи кои вложуваат големи средства во патна инфраструктура. Тоа значи дека Македонија станува заобиколена земја, слепо црево на Балканот. Ако сакате да привлечете инвеститор во Делчево или Берово на пример и кога ќе му покажете по каква инфраструктура треба да стигне од таму до Скопје, тоа значи дека веднаш го губите како потенцијален инвеститор. Што се однесувадо споменатите патни правци СДСМ ќе ги реализира овие проекти во целост, но и ќе започнеме со поголеми вложувања и изградба на нови траси. МАКЕДОНИЈА ГРАДИ СКАПИ АВТОПАТИ. СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИМОМЕТАР Е НАД ПРОСЕКОТ ОД ЗЕМЈИТЕ ВО РЕГИОНОТ Гради ли  Македонија скапа инфраструктура? И дали, од денешен аспект се покажа како исправно земањето на кинеските кредити со кои се гради дел од инфраструктурата во земјава? Оваа влада можеше наместо 630 милиони евра за споменици преку Скопје 2014 целосно да ги изгради двата автопати, Миладиновци-Штип и Кичево Охрид без задолжување. Притоа немаше да ги оптерети граѓаните и идните генерации со нови долгови. Очигледно провизиите се поважни од интересот на граѓаните.Најголема штета е што имаме огромна нетранспарентност при потпишувањето на овој договор. Во проектот „Вистината за Македонија“ слушнавме и тоа дека се договара провизија од 5 % или околу 25 милиони евра. Имајќи го ова во предвид, веднаш знаеме дека овие не се реалните цени на чинење. Цената на чинење од 7 милиони евра по километар на трите почнати автопати е висока и е над земјите во регионот. Фактор: СДСМ обвини за корупција во изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица, покренавте и кривични пријави. Но, засега нема конкретна информација од домашните институции за текот на истрагата. Очекувате разрешница или пак целиот случја би можел да заврши без никако епилог? Бочварски: По демократската промената на власта и ослободувањето на институциите на државата ќе добиеме одговор на сите сомнежи за корупција во праведна и фер постапка, а секој ќе одговара за своите постапки. Фактор: Од друга страна Европската канцеларија против измами - ОЛАФ отвори истрага за тоа како се трошеле парите од ИПА фондовите во Макеоднија. Покрај тоа што еден од случаите кои се истражува е случајот Демир Капија Смоквица, очекувате ли дека може да се отворат сомнежи и за други инфраструктруни проекти финансирани со европски пари? Бочварски: Вмро Дпмне и се е можно. Преку „Вистината за Македонија“ граѓаните се изнаслушаа мал милион случаи кои треба да се истражат. Не ја отфрлам можноста да се појават и нови случаи кои ќе бидат откриени после промената на власта. Би било погубно за Македонија доколку се докаже дека Владата направила проневера на пари од Европските фондови. Затоа час поскоро мора да си замине оваа Влада. Македонија мора да тргне напред. Фактор:Велите, доколку СДСМ дојде на власт, ќе инвестира 300 милиони евра во инфраструктура годишно. Колку ваквото ветување е реално, и како мислите да се обезбедат овие пари? Бочварски: Токму така 300 милиони евра годишно или 3 милјарди евра за 10 години е реално остварлива мерка за која ги имаме направено сите потребни анализи. Едноставно е со намалувањето на непродуктивните трошења на споменици, музеи и барокни фасади, но и целосно исчезнување на корупцијата, Македонија ќе биде подготвена за ваков голем чекор напред и инфраструктурен бум. Македонија мора да фати приклучок на ова поле, бидејќи се друго би било погубно и би направило многукратни штети во стопанството, но и уште многу иселени наши граѓани. Фактор: Што според Вас се приоритетни инфраструктруни проекти кои на Македонија и се потребни во моментов и кои за Вас би биле клучни при евентуална промена на власта? Бочварски: Македонија е сериозно уништена во делот на инфраструктурата. Ситуацијата е алармантна, па затоа немаме голем избор, но и немаме право на грешка. СДСМ ќе се насочи кон санирање на сите последици кои произлегоа од ова криминално цунами на ВМРО ДПМНЕ. Во нашата стратегија која што ја вградивме во програмата на СДСМ предвидуваме 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1000 километри локални патишта за период од 10 години. Во овој период ќе вложиме 3 милјарди евра во патна инфраструктура. Сите патни правци ги имаме наведено во нашата програма. Имаме многу проекти и во делот на железници, но и канализации и водоводи. Со насочувањето на најмалку три пати повеќе средства во делот на инфраструктурата, отколку што тоа го прави сега оваа Влада, веднаш ќе се почувствува силна динамика. СДСМ е подготвен за овој најголем предизвик, а тоа е излегување од оваа слепа улица и вртење на кормилото кон правата насока. Тоа им го должиме на граѓаните на Република Македонија. Нашиот мотив е Македониja. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија