01 Септември, 2024
0.0248

Интервју архитект д-р Михаил Токарев: Густината на градбите го задушија Скопје

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Загаденоста на воздухот расте, надлежните го вклучија алармот, се спореведува неколку препораки и мерки. На листата на најзагадени градови се Скопје, Тетово и Кичево.Надлежните прстот прво го вперија во граѓаните односно наичнот на кој граѓаните ги затоплуваат домовите, па потоа сообраќајот, па на крај индустријата. Но дел од архитектите отворија нова димензија во однос на причините. Лошото урбанистичко планирање, густината на градбите во градот влијаат врз загадувањето на воздухот, вели во интервју за Фактор, д-р архитект Михаил Токарев. Фактор: Загаденоста на воздухот го достигна врвот, а за жал ситуацијата се повторува секоја година. Алармантно е во главниот град, колку местоположбата  на Скопје влијае врз загадувањето на воздухот? - Самите карактеристики на местоположбата, односно тоа што главниот град е во котлина, како што е случајот и со пелагонскиот и полошкиот регион, си го прави своето. Скопје се наоѓа во една поспецифична состојба за разлика од другите градови во земјава, бидејќи се јавуваат и едни температурни разлики, особено во зимскиот период, кога Скопје врие, кажано под наводнци како еден котел покриен со капак. Во таква состојба се создаваат многу непријатни климатски услови.Уште пред втората светска војна со истражувањето на познатиот прфесор Свијиќ, и други студии, докажано е дека во Скопје може да живеат од 160.000 до 200.000 жители, кои произведуваат и свои загадувања , но за жал таа бројка сега во Скопје три пати поголема сега, односно третина од жителите во Македонија живеат во Скопје, и заедно со загадувањата што од тоа произлегуваат ние сме на една граница на издржливост. Фактор: Надлежните како најголеми загадувачи ги посочија граѓаните преку начинот на затоплување ндомовите, сообраќајот,  па на крај индустријата. Но дали причината за загадувањето на воздухот особено во Скопје треба да се бара и пошироко? - Основната причина може да ја најдеме во неурамнотеженото просторно планирање на земјава, каде што голем број на жители доаѓаат да живеат во главниот град, а имаме и т.н дневна миграција.Сега се наоѓаме во состојба каде да го бараме излезот.Сметам дека е веќе доволно искористен капацитетот на животниот простор во Скопје, штоза жал како поим кај нас не егзистира, бидејќи со носењето на новиот Генерален урбанистички план се донесе и еколошката одржливост на тој план, но таму немаше таква студија за пресметување на капацитетот на животниот простор. Во Скопје тој капацитет е веќе на границата на својата одржливост и доколку не се почитуваат тие т.н интегрирани еколошки дозволи и ако се оддложи примената на новите закони и нормативи за заштита од загадување на воздухот и водите, Скопје ќе се најде во една многу тешка состојба. Фактор: Последниве години главиот град се наоѓа во градежна експанзија. Колку тоа што речиси на секое слободно парче земја се гради по нешто, влијае врз струеењето на воздухот и загаденоста? - Се разбира дека градбите имаат големо  влијание. Во светот кога се прават урбанистички планови се прават и т.н урбани модели за аеродинамичност на атмосферата. Во Скопје уште кога се правеше центарот на градот, на меѓународниот конкурс кога победи Кензо Tанге, со неговата позната концепција на Градски ѕид, не се направи таков модел за динамичноста на воздухот. Подоцна се догради населбата Капиштец и Козле, и сето тоа придонесе да се намали струењето на воздухот. Кога кон тоа ќе се додаде и температурната инверзија тогаш нема бегање од тие проблеми. Целата населба Аеродром со своите жители од 80.000 до 100.000 жители, е изградена врз земјоделско земјиште од прва категорија, што со закон не би требало да се дозволува. Малку беше тоа па сега сега се планираат и зафаќања на горните надморски височини како што е Сончев град, се пробиваат улици низ парк шумата Водно, која патем е заштитена, и сето тоа придонесува да дојде до поголемо загадување. Нормално дека густината на градбата во градот особено во поголемите населби, придонесува кон зголемување на загаденоста на воздухот, и ако не се превземат мерки во урбанистичкото планирање, во заштитата на воздухот од веќе изграденото, ние ќе дишеме на шкрги. Фактор: Во таа градежна екпсанзија најексполоатирано е централното градско подрачје. Токму и Центар е една од општините каде што воздухот е најзагаден. Каква е состојбата со урбанистчкото планирање во центарот на градот ? - Таму е веќе пренатрупан просторот и нема веќе каде што да се гради, таму треба да се мисли на ослободување на просторот, од несоодветните градби и овозможување на еколошки поволни услови за живеење. Ама тоа е малку тешко, ако има место каде да се става зеленило добро, но од друга страна лошо е да се уриваат објекти. Може да се размислува како застарените објекти да се заменат со друга соодветна градба, но новите што се подигнати.....тоа е крајот. Фактор: Дали сеуште има време да се превземат мерки во урбанистичкото планирање за колку –толку да се ублажи состојбата со загаденоста на воздухот? - Во урбаното планирање е веќе доцна да се превземаат мерки, бидејќи густината во центарот на Скопје е веќе преголема, во периферијата сеуште се исполнуваат празните локации. Мислам дека во урбаното планирање треба да се направат т.н еколошки зони каде што ќе има течение на зеленилото од населба во населба, проширување на пешачките зони, да се испитува аеродинамичниот модел, движењето на ветровите, розата на ветерот, да се знае која населба кој објект каде може да се постави, без при тоа да се попречи движењето на воздухот. Исто така капацитетот на животниот простор е многу зависен и од почвата, минералните суровини од водата, до градскиот сообраќај кој што е еден од главните загадувачи. Во Скопје доколку се продолжи со проширувањето на булеварите и на уличните мрежи ќе биде неповолна состојба, затоа што во светот е докажано дека трката со моторните возила, човекот не можат да ја добие, колку и да се шират улиците, толку повеќе моторен сообраќај ќе се  привлекува. Затоа треба да се менува системот на сообраќајот, да се протежира јавниот сообраќај, и тоа еколошкиот, трамвајски сообраќај, тролејуси итн, односно моторни возила што не испуштуаат загадувачки гасови и моторни возила кои ќе ќе ги натераат луѓето поради економската исплатливост да не одат со сопствено возило на работа. Фактор: Го посочивте зеленилото, но годинава имавме серија од акции за сечење дрвја, што значи тоа за водухот? - Секако дека тие сечења на дрвја влијаат врз состојбата со воздухот. Дрвјата се на некој начин прочистувачи на воздухот, така што тоа што голем дел од дрвјавата се исекоа придонесува за загадувањето на воздухот. Фактор: Во целава ситација отворивте една нова димензија во однос на загадувањето н воздухот, дали и кој треба да ја понесе одговорноста? - Не би можел да кажам, тоа е мултидисциплинарна одговорност каде што не се виновни урбанистите, туку повеќе се работи за планирањето, социјалното, економското планирање, просторното планирање. Може слободно да заклучиме, дека главниот град не треба повеќе да се урбанизира, туку Скопје треба да се дезурбанизира. Тоа значи дека треба да се стимулира просторниот развој во земјата, односно да се создадат поволни услови за живеење, стопанисување во периферните области. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур