05 Декември, 2025
0.3303

ИНТЕРВЈУ ЕРВАН ФУЕРЕ: Нема чесни и фер избори со пристрасни медиуми!

Објавено во: Анализа 21 Април, 2014 09:03

Добивај вести на Viber

Нема чесни и фер избори со пристрасна медиумска покриеност, матни државни и партиски активности што не овозможија рамноправен  натпревар на кандидатите на изборите. Сегашните владини политики, ги загрозуваат демократските стандарди, како и меѓуетничките односи, кои се влошени во секој аспект. Покрај овие оценки екс – преставникот на Унијата оценува дека има сериозни и  длабоко вкоренети проблеми во Македонија што потекнуваат од авторитативните владини методи и нејзината популистичката агенда. Тие негативно влијаат во општеството и врз меѓуетничките односи. Во интервјуто за Фактор Ерван Фуере,  поранешен амбасадор на ЕУ во РМ, не го одобрува ни повикот на ДУИ за бојкот на претседателските избори.

Фактор: Првичната оценка на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг на претседателските избори е дека тие минале мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Меѓутоа дали изборите беа слободни, фер?   Фуере: Уште од 2006 со  изборот на Владата предводена од Груевски, поведението на земјата во однос на изборите е проблематично. Ова е отсликано во сите последователни извештаии на ОБСЕ/ОДИХР. За жал, првата рунда од претседателските избори минатата недела не е исклучок. Усвојувањето на новиот Закон за медиуми  како и измените во Изборниот законик, не успеаа да го променат однесувањето на Владата, иако од чисто технички аспект изборите беа успешно реализирани, според прелиминарниот извештај штотуку објавен од меѓународната набљудувачка мисија ОБСЕ/ОДИХР. Сепак загрижувачки е пристрасната медиумска покриеност и матни државни и партиски активности што не овозможија рамноправен  натпревар на кандидатите на изборите. Генералната порака на меѓународната заедница е конзистентна – демократските стандарди на земјата се сериозно поткопани од авторитативното однесување на Владата и имиџот на земјата е драматично нарушен како последица на таквото практикување на власта. Наместо подобрување, изборниот период се соочува со влошување на целокупната политичка средина. БОЈКОТОТ Е НАВРЕДА ЗА ГРАЃАНИТЕ Фактор: Владејачката партија  бара од граѓаните поддршка за 62 пратенички места во парламентот со цел, како што велат, да не може ДУИ да  ги условува. Како ги оценувате ваквите барања во држава која има  мултиетнички карактер? Фуере: Независно дали  владејачката партија ќе освои помалку или повеќе од 62 пратенички места на претстојните избори, одговорноста за новата Влада ќе остане од суштинско значење како и претходно, за промоција на заеднички политички дијалог меѓу сите политички партии и градење на консензуален пристап со кој државата успешно ќе ги оствари своите надворешно политички цели. Конфронтирачката и негативна политичка атмосфера во државата мора најитно да се надмине, да запре. Ова мора да биде најважен приоритет на идната Влада. Слично, застрашувачките тактики кои систематично се користат од владејачката партија кон оние кои ја критикуваат и создавањето на континуирана атмосфера  на  заплашувања и уцени во целото општество треба да се заборави. Сите оценки на меѓународната заедница, вклучувајќи ги и најновите извештаии на Стејт Департементот на САД, се едногласни во посочување на негативните последици на сегашните владини политики, што ги загрозуваат демократските стандарди, како и меѓуетничките односи, кои се влошени во секој аспект. Зголемената емиграција на илјадници млади квалификувани кадри кои изгубија надеж за промена во моменталната средина треба да бидат причина за владата сериозно да се замисли и самокритично да се преиспита. Фактор: Како ја оценувате одлуката на ДУИ да ги бојкотира претседателските избори  откако не беше прифатена нивната иницијатива да биде избран консензуален кандидат за претседател на Македонија. Фуере: Бојкотот на изборите нема да има никава цел. Тоа ќе биде навреда за граѓаните, доколку ова демократско право на слободно изјаснување не им е дозволено. Доколку граѓаните не се задоволни од предложеното, тие сепак треба да бидат охрабрени да ја исполнат нивната граѓанска должност и соодветно да го изразат својата одлука во гласачката кутија. НАЈМНОГУ СТРАДА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Фактор:  Во Македонија  беше донесен Законот за медиуми, меѓутоа состојбата во оваа сфера и натаму е лоша.  Не може да се прикрие агресивен популизам, негативната кампања, грубата контрола врз најгледаните телевизии, на јавниот сервис и врз другите медиуми...? Фуере: Во однос на слободата на медиумите, Македонија е на последното место во регионот. Според сите меѓунардони организации кои што ги набљудуваат медиумските трендови во светот, Македонија сега се вбројува во иста категорија со Нигерија и Венецуела, што е драматичен пад од пред само пет години.  Владата не може да продолжи да ја игнорираа оваа инкриминирачка оценка. За жал, и покрај новиот Закон за медиуми, ништо не е сторено за да се реобликува  ситуацијата. Токму спротивното. Со своето однесување да го осуди говорот на омраза и расистичкиот јазик во владините контролирани медиуми. Стандардите на толеранција, почит кон правата на малцинствата и цивилното однесување достигнаа толку ниско ниво, така што, тоа што се сметаше за неприфатливо пред неколку години, сега станува “нормално” однесување. Ова е трагедија за земјата која во минатото беше прва меѓу своите соседи во Балканскиот регион, сега е рангирана на дното заедно со БИХ. Владата во зародиш на 27 април сеуште ја има можноста да ја подобри  ситуацијата. Се што треба е храброст и дух за дијалог и компромис, подадена рака на помирување кон сите политички партии и цивилни организации, сите што имаат да одиграат праведна улога за иднината на земјата. Фактор: Дали спорот со Грција за  името е единствената пречка  или  има и други прашања на кои новото  македонско раководствто  треба да се фокусира по завршувањето на изборниот циклус? Фуере: Тврдењето на македонската Влада дека спорот со името е единствената пречка на државата за влез во ЕУ за жал не ја отсликува реалност. Постојат сериозни и  длабоко вкоренети проблеми во Македонија што потекнуваат од авторитативните владини методи и нејзината популистичката агенда. Тие негативно влијаат во општеството и врз меѓуетничките односи, ја влошува целокупната состојба во земјата со негативен имиџ на државата во странство. Во меѓувреме тоа е одличен изговор за грчката Влада  да одбива соработка. Со одолговлекувањето на решавачките преговори, најмногу страда македонскиот народ.  Г.Ч.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени