03 Јануари, 2025
0.1908

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок

Објавено во: Економија 31 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Компаниите кои работат со услуги за бројни корисници, ги имаат нив и нивните потреби во фокусот на своите активности. За нив е најбитно да испорачаат одлично корисничко искуство, дури и во услови кога во економското опкружување постојат бројни предизвици. За тоа како Телеком во годинава што изминува ги оствари зацртаните цели,  колку бизнисите и воопшто како граѓани и институции сме подготвени за дигитална трансформација и користење дигитални решенија, колку во нивното работење е вклучена вештачката интелигенција, и какви новини и иновативни производи планира компанија за наредната година, Фактор открива во интервју со Никола Љушев, главен извршен директор на „Македонски Телеком“. Со Љушев разговаравме и за тоа колку компанијата е подготвена за нова конкуренција и како ќе го дочека најавениот влез на третиот мобилен оператор... Прочитајте

На крајот на годината ги сумираме билансите и размислуваме дали сме ја завршиле успешно, или пак, не сме ги исполниле очекувањата. Како Вие ќе ја оцените оваа 2024 година? Дали Македонски Телеком ги оствари зацртаните цели?

Љушев: Целите коишто беа зацртани во бизнис планот ги постигнавме, а во одредени сегменти дури и ги надминавме. Но, самата година по многу нешта беше специфична, со скромен раст на економијата и релативно слаба инвестициска активност во дигитализација, а со бројни предизвици во делот на владеење на правото и правната сигурност. Нашата стратегија е да продолжиме да се фокусираме на испорачување на најдобро корисничко искуство, со интензивни вложувања во инфраструктурата, во напредни комуникациски мрежи од најновата генерација и со користење иновативни дигитални решенија со кои се штеди време и се подобруваат продуктивноста и ефективноста. Македонски Телеком е добро препознатлив по своето технолошко лидерство и тоа недвосмислено го потврдивме уште еднаш во 2024 со престижното признание на Ookla® за најбрза мобилна и фиксна мрежа, како и за генерално најдобра мобилна мрежа.

Продолживме со интензивно ширење на оптиката насекаде, лансиравме сопствени решенија за паметни градови, паметни контролери за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија, паметни водомери со дигитално отчитување, па дури и направивме пионерски чекори со сопствени решенија за телемедицина. Оваа година за прв пат на пазарот ја претставивме новата генерација дигитална телевизија – Magenta TV и на корисниците им понудивме едно сосема ново ниво на искуство со дигиталната програма за поволности Magenta Moments.

Успешното работење донесе раст на бројот на корисници, како и раст на цената на акцијата и на дивидендата за акционерите. Бевме посветени и кон заедницата преку различни општествено одговорни проекти и работевме на отворање теми коишто нѐ засегаат сите и повикуваат на вистинска поврзаност. Сите овие достигнувања успешно ја заокружуваат годината и ја нагласуваат нашата посветеност да обезбедиме исклучителни услуги и пристап до врвна технологија за сите корисници ширум целата земја.

Колку бизнисите и општеството во целост се подготвени за дигиталната трансформација и за користење на дигиталните решенија?

Љушев: Сметам дека дигитализацијата кај нас, во споредба со другите пазари на коишто е присутен Дојче Телеком, е сѐ уште на почетно ниво. Една од причините за тоа е фактот што за дигитализацијата кај нас повеќе се зборува, отколку што вистински и сериозно се инвестира и работи. Тоа до некаде е и очекувано. Дигиталната трансформација не е ниту тривијална, ниту евтина активност. Напротив, за најголем дел од компаниите и институциите коишто тргнале во тој правец, дигитализацијата ќе значи зголемување на трошоците за обезбедување на услугите преку постојните и новите канали. Навиките на корисниците не се менуваат преку ноќ, што значи дека во текот на подолг временски период ќе треба да коегзистираат повеќе канали за испорака на услугите коишто, од една стана, ќе создаваат трошковен притисок, а од друга страна, ќе предизвикаат неможност за оптимизација. Втората причина е што дигиталната трансформација кај нас повеќе се сфаќа како активност на едноставно мапирање на воспоставените и неоптимални процеси од аналогниот во дигиталниот свет. Многу малку има подготвеност да се признаат слабостите коишто се присутни во воспоставените процеси, па преку структурирана анализа и со радикална симплификација да се испорача ново, повисоко ниво на корисничко искуство. Креирањето свесност за придобивките, едукацијата и персонализираниот пристап се исто така многу значајни. Ние работиме на дигитализацијата затоа што веруваме во нејзината долгорочна вредност – потенцијалот да го олесни животот и работата на граѓаните и да ја зголеми конкурентноста и продуктивноста на бизнисите коишто ги опслужуваме. Одиме чекор понапред со креирање сопствени иновативни решенија, како што се решението за телемедицина за следење на виталните параметри на пациентите на далечина, дигитализацијата на медицинската документација и сл., а во делот на управување и следење електрични уреди и постројки, особено сме горди на интерниот развој и инженеринг на нашите експерти во изработката на хардвер и софтвер за паметни контролери. Со оглед на тоа што имаме длабоко знаење и разбирање на комуникациските протоколи на сите компоненти во ваквите екосистеми, нашите решенија релативно лесно можат да се прилагодуваат според потребите на корисниците. Нашата стратегија е да бидеме партнер за дигитална трансформација не само на бизнисите, туку и на целото општество. Како одговорен чинител во општеството, ние секогаш сме го предводеле патот на дигитализација, бидејќи, како што кажав, го имаме потребниот капацитет на локално ниво и во рамките на највредниот европски бренд во нашата индустрија – Дојче Телеком.

Најавен е можен влез на трет мобилен оператор во земјава. Како ја коментирате оваа можна нова конкуренција ?

Љушев: Потенцијалниот влез на трет мобилен оператор во нашата земја се чини сѐ поизвесен и покрај тоа што пред речиси 10 години дојде до обратен процес на консолидирање на бројот на пазарни играчи, поради неможноста на помалите играчи да обезбедат долгорочна одржливост на своите операции. Ние сме добро подготвени да се соочиме со новата пазарна реалност, кога и да се случи таа. Секогаш гледам на конкуренцијата како на добра работа. Конкуренцијата ги мотивира добрите компании да станат извонредни, а јас мислам дека ние имаме и капацитет и желба да останеме неприкосновен лидер на пазарот.

Можете ли да ни откриете какви новини и иновативни производи планира Македонски Телеком за наредната година?

Љушев: Следејќи го темпото на светските трендови, наредната година планираме новини во однос на користењето на вештачката интелигенција, којашто ќе продолжи да ја менува нашата реалност. Ќе претставиме напредни решенија базирани на ВИ за подобрување на ефикасноста на мрежата, со што ќе ги детектираме и пресретнеме и најмалите недоследности во функционирањето на мрежите и системите. Од друга страна, со користење напредни модели на машинско учење, ќе имаме персонализирани понуди според индивидуалните потреби на корисниците, а ВИ ќе се користи и за поголема ефикасност и полесно решавање на корисничките проблеми. Очекуваме дополнителен развој и помасовно користење на нашите напредни решенија за телемедицина и паметни градови. Нашата крајна цел е да ги доближиме и поврземе македонските граѓани и бизниси со глобалните можности коишто следуваат со дигитализацијата, вештачката интелигенција, роботиката и автоматиката. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА БУГАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми минималецот

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА БУГАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми минималецот

РАСТИТЕЛНИ МАСЛА, ШЕЌЕР, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ: Што се случува со цените на храната во светот?

РАСТИТЕЛНИ МАСЛА, ШЕЌЕР, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ: Што се случува со цените на храната во светот?

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ - после рекордниот раст, дојде бран на отпуштања и банкроти

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ - после рекордниот раст, дојде бран на отпуштања и банкроти

SAMSUNG СТАНУВА МНОЗИНСКИ АКЦИОНЕР ВО КОМПАНИЈАТА ШТО ГО КРЕИРАШЕ ПРВИОТ ХУМАНОИДЕН РОБОТ: Технолошкиот конгломерат ја зајакнува позицијата

SAMSUNG СТАНУВА МНОЗИНСКИ АКЦИОНЕР ВО КОМПАНИЈАТА ШТО ГО КРЕИРАШЕ ПРВИОТ ХУМАНОИДЕН РОБОТ: Технолошкиот конгломерат ја зајакнува позицијата

МИЦКОСКИ СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Обезбедени се средства за линеарното зголемување, во април на сметките ќе им легнат плус 2.500 денари

МИЦКОСКИ СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Обезбедени се средства за линеарното зголемување, во април на сметките ќе им легнат плус 2.500 денари

ОСНОВАЧОТ НА NVIDIA ПРВ ПАТ МЕЃУ 10-ТЕ НАЈБОГАТИ: Со колку пари ја почна годината?

ОСНОВАЧОТ НА NVIDIA ПРВ ПАТ МЕЃУ 10-ТЕ НАЈБОГАТИ: Со колку пари ја почна годината?

Осум цариници пропуштиле 35 половни автомобили да се продаваат без данок

Осум цариници пропуштиле 35 половни автомобили да се продаваат без данок

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗДВОЈУВААТ САМО ПО 20 ДО 25 ЕВРА ПО ЖИТЕЛ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ, НО ТОА НОСИ ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ - Учета Дузлевска во Бизнис муабети на Фактор

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗДВОЈУВААТ САМО ПО 20 ДО 25 ЕВРА ПО ЖИТЕЛ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ, НО ТОА НОСИ ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ - Учета Дузлевска во Бизнис муабети на Фактор