23 Ноември, 2024
0.1293

Марко Лопичиќ, директор на МТЕЛ

Интервју Лопичиќ: Нашите корисници ќе имаат посебни поволности во сите земји каде делува групацијата

Објавено во: Економија, Интервјуа 17 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Годишнината од присуството на МТЕЛ на пазарот во Македонија од компанијата го одбележаа со нови понуди за клиените кои нудат посеби бенефити, а првите луѓе во земјава најавуваат и проширување на продажната мрежа. МТЕЛ е единствениот телекомуникациски оператор кој им дава придобивки и на при пејд корисниците преку пристап до ексклузивни содржини и апликации. Посебна понуда е овозможена за вљубениците во регионалната филмска продукција преку Видео клубот, а првиот човек на компанијата во земјава за „Фактор“ најавува дека покрај поволностите кои ги овозможува регулативата на Западен Балкан за корисниците ќе има посебни поволности во сите земји каде што делува групацијата, а подготвиле и други поволности за други земји како Грција.

Од неодамна се проширија услугите кои компанијата МТЕЛ ги нуди на македонскиот пазар. Сега МТЕЛ овозможува граѓаните да добијат и мобилна телефонија и интернет. На кои начини планирате да привлечете клиенти на пазарот на мобилната телефонија?

Лопичиќ: По една година работа во Македонија минатиот месец ја реализиравме нашата амбиција МТЕЛ да се наметне и како нов голем мобилен оператор во земјава. Македонските корисници може да бидат сигурни дека бенефитите кои што ги нудиме на пазарот ќе ги подигнат телекомуникациските услуги на едно ново ниво.

Особено сме горди на понудата во делот на мобилната телефонија и интернет бидејќи услугите за македонските корисници внимателно ги осмисливме и внимававме да ги прилагодиме на желбите и потребите на локалните корисници, а притоа да им понудиме едно поинакво дигитално искуство по примерот на врвните светски телекомуникациски оператори.

МТЕЛ во својата понуда ги има mSTARTпри пејд и mCONNECT пост пејд тарифи како и mBOX комбинирани пакет кои што вклучуваат мобилна телефонија, интернет и секако веќе добро познатата сателитска телевизија mSAT TV. Континуирано работиме на проширување на нашата продажна мрежа за сега услугите на МТЕЛ да бидат достапни на околу 500 локации ширум државата, преку нашите продажни салони и мрежата од овластени партнери.

Веќе најавивте дека за клиентите ќе има „примамлива“ понуда која ќе биде невозможна да се прескокне?

Лопичиќ: Несомнено за македонските корисници МТЕЛ, како регионален телекомуникациски лидер, има понуда вредна за нивното внимание. Исклучително сме горди на при пејд понудата и тоа од две причини. Првата е што МТЕЛ е единствениот телекомуникациски оператор кој што им дава придобивки и на своите при пејд корисници преку пристап до ексклузивни содржини и апликации. И во таа насока, како втора причина, е тоа што нашите корисници имаат можност за бесплатно користење на две мобилни апликации кои што нудат содржина за забава со врвен квалитет.

Апликацијата Balkan Myusic на корисниците им овозможува и да ги изберат своите омилени регионални изведувачи и да состават плејлисти според својот вкус за секој дел од денот или пак некоја одредена активност – прошетка, вежбање, возење или едноставно забава со добра музика.

За љубителите на одличните серии и филмови МТЕЛ ја создаде апликацијата mPLAY TV со 22 телевизиски канали кои може да ги следите во живо. Меѓу нив се најпознатите филмски, музички и информативни канали на Балканот. А, она што можеби најмногу ќе им се допадне на вљубениците во фантастичната регионална филмска продукција е Видео клубот во кој што на располагање за гледање во било кое време се најпопуларните регионални серии и филмови.


МТЕЛ е присутна на нашиот пазар една година. Колку сте задоволни од досегашниот пласман и пробив на овој пазар? Дали проширувањето на услугите е знак дека имате позитивни вибрации од тукашните потрошувачи?

Лопичиќ: На македонскиот телекомуникациски пазар сме присутни точно една година. И навистина би сакал да се заблагодарам за топлото добредојде кое што го имавме во Македонија при почнувањето на нашите активности овде. Исклучително сме задоволни од условите за деловно работење, соработката со надлежните институции, регулаторните тела и со секој субјект во македонскиот бизнис сектор.

Горди сме што македонските корисници го препознаа квалитетот на услугите со кои досега МТЕЛ е присутен на пазарот, што пак нè мотивираше да ги задоволиме потребите на граѓаните со нови и свежи квалитетни понуди во мобилната телефонија и интернетот. Работењето и функционирањето во Македонија во текот на изминатата година нè уверија дека проширувањето на нашето портфолио е природно продолжување на нашите активности во државава, а успехот ќе биде неминовен.

Сметам дека корисниците го препознаа квалитетот на услугите кои што ги нудевме досега пред се во доменот на добрата сателитска телевизија која што беше во понудата и досега и особено исклучително квалитетната содржина во која што можеа да уживаат, а и отсега заедно со останатите услуги од делот на мобилната телефонија и интернет.

Како членка на Телеком Србија, компанија која е застапена во повеќето земји од регионот, какви бенефиции овозможува проширувањето на услугите во повеќе земји од околината? Може ли да се очекуваат посебни привилегии за клиентите на ниво на Балканот во иднина?

Лопичиќ: Корпоративниот код на МТЕЛ, како членка на Телеком Србија групацијата, е постојано да иновира во понудата кон своите корисници, да понудиме поширок спектар на услуги на што е можно поголем број корисници и на што е можно поширока територија, па и надвор од регионалните рамки. И затоа гордо можам да кажам дека покрај сите поволности кои што ги овозможува регулативата на Западен Балкан нашите корисници ќе имаат посебни поволности во сите земји каде што делува Телеком Србија групацијата, но подготвивме и други поволности за некои други земји како на пример Грција.

Какви се проекциите на компанијата за проширување на услугите на нови пазари и кон кои земји или пазари ќе се насочувате во следниот период?

Лопичиќ: Телеком Србија групацијата и МТЕЛ како нејзина членка во овој момент е во голема експанзија. Додека на македонскиот пазар почнуваме да нудиме нови услуги, истовремено ги прошируваме активностите на нашите компании низ Европа. 

Неодамна почнавме со давање телекомуникациски услуги во Швајцарија, а нашата амбиција како компанија е наскоро да бидеме присутни и на пазарите во Германија и САД.

Во Македонија МТЕЛ е препознатлив благодарение на понудата на сателитската телевизија преку која голем број наши сограѓани ги следат хит сериите „Беса“, „Клан“, „Убиецот на мојот татко“, „Црна свадба“, „Државен службеник“... Какви се плановите во овој сегмент, дали граѓаните наскоро ќе бидат изненадени со нова понуда?

Лопичиќ: Сметаме дека продукцијата не само на филмови и серии, туку и документарни и спортски содржини се една голема предност за нас како компанија во однос на конкуренцијата во регионот. Телеком Србија како продукција, иако е основана пред само четири години, моментов важи за најголема продукциска сила во регионот.

Нашите серии се гледаат на пет континенти. Дел од сериите, како на пример „Државен службеник“ , во Индија и Јужна Америка станаа локални хитови и тоа ни дава поттик да продолжиме со оваа стратегија. Благодарение на квалитетот кој што го вложуваме и поволностите кои што ги овозможува регионот во однос на продукција за скоро можеби ќе објавиме копродукција со познати странски брендови. А, во меѓувреме македонските корисници на МТЕЛ преку mPLAY TV апликацијата ќе имаат можност да уживаат во премиерата на новата хит серија „Прошетка со лавот“, неверојатно забавна романтична комедија, која што само за македонските корисници е достапна од 15 ноември еден месец пред останатата публика.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria