ИНТЕРВЈУ МАРЈАН МАНЧЕВ: С-ЛИЗИНГ стана вистинска конкуренција на банките!
Објавено во: Економија 05 Април, 2016 08:44
Предностите на определен продукт, во овој случај на лизингот најдобро се презентираат преку присутност на пазарот и комуникација со клиентите. Ние практикуваме проактивен пристап каде ние сме во постојана комуникација со нашите клиенти и со нашите добавувачи (дилерите на автомобили, застапниците на опрема, машини, дилерите на тешки товарни возила и сл). Можам да кажам дека се чувствува се поголема свесност за предностите кои лизингот ги нуди за компанијата (оптимизација на финансиските перформанси на компанијата, поврат на ДДВ и сл), а не негов третман само како алтернатива кога не може да се добие банкарски кредит. Ова се повеќе го гледам кај поголемите компании, компании кои имаат странски капитал или домашни компании кај кои има нов или втора генерација на менаџмент кој веќе знае за што се работи кога ќе се спомне лизингот и за нив истиот не е непознаница, вели во интервју за Фактор г-дин Марјан Манчев, Извршен Директор на С-Лизинг Доо Скопје. Во тимот на Шпаркасе групацијата е од 2013 година како дел од корпоративниот сектор на Шпаркасе Банка Македонија АД, а од Јули 2015 година е назначен за Извршен Директор на С-Лизинг Доо Скопје.
Фактор Дали лизингот како финансиски инструмент успеа да се етаблира на македонскиот финансисики пазар?
[caption id="attachment_209285" align="alignright" width="471"]
Можам да кажам дека се чувствува се поголема свесност за предностите кои лизингот ги нуди за компанијата (оптимизација на финансиските перформанси на компанијата, поврат на ДДВ и сл), а не негов третман само како алтернатива кога не може да се добие банкарски кредит.[/caption]
Манчев Лично сметам дека лизингот е веќе етаблиран финансиски производ на македонскиот пазар со оглед дека во изминатите години имаше повеќе компании кои го нудеа, и истиот веќе подолго време е дел од финансиската понуда. Сепак, доколку прашувате дали има простор за дополнителна афирмација и доближување до граѓаните и стопанството ќе одговорам потврдно, и тоа е една од нашите главни задачи, да го претставиме лизингот како атрактивна алтернатива на банкарските кредити, па дури и во многу случаеви и како многу подобра варијанта со оглед на неговиот сметководствен и даночен третман. Дополнително, и условите за финансирање по пат на лизинг кај нас во С-Лизинг се многу поволни со што ние и дефакто сме исклучитилно конкурентни дури и кога станува збор за споредба со каматите на банкарските кредити.
Фактор Дали и колку нестабилните политички односи во земјаат влијаат врз бизносот со лизингот?
Манчев Нестабилноста, без разлика дали е предизвикана од политички, економски или било кои други причини е ограничувачки фактор во сите домени на делување, а особено во бизнисот. Она што е докажано во светската пракса е дека бизнисот бара пред се стабилност и долгорочна перспектива, со оглед дека и инвестициите и очекуваните ефекти се најчесто долгорочни. За мене вистински победници се токму бизнисмените кои без разлика на тешките околности за стопанисување се одлучуваат да инвестираат и да ја движат економијата напред. Ние сме тука за нивна поддршка, се разбира со оцена на потенцијалниот ризик и исплатливоста на проектите во кои се инвестира.
Фактор Дали македонските клиенти ги разбраа предностите на лизингот наспроти кредитот и во моментов за која структура на клиенти вашите услуги се поатрактивни , правни или физички лица?
Манчев Предностите на определен продукт, во овој случај на лизингот најдобро се презентираат преку присутност на пазарот и комуникација со клиентите. Ние практикуваме проактивен пристап каде ние сме во постојана комуникација со нашите клиенти и со нашите добавувачи (дилерите на автомобили, застапниците на опрема, машини, дилерите на тешки товарни возила и сл). Можам да кажам дека се чувствува се поголема свесност за предностите кои лизингот ги нуди за компанијата (оптимизација на финансиските перформанси на компанијата, поврат на ДДВ и сл), а не негов третман само како алтернатива кога не може да се добие банкарски кредит. Ова се повеќе го гледам кај поголемите компании, компании кои имаат странски капитал или домашни компании кај кои има нов или втора генерација на менаџмент кој веќе знае за што се работи кога ќе се спомне лизингот и за нив истиот не е непознаница.
НЕМА ЛОШ ИЛИ ДОБАР ЛИЗИНГ
Фактор Кој сегмент од лизингот е најатрактивен за македонските клиенти, а кој процентуално најмалку се користи и зошто?
[caption id="attachment_209281" align="alignright" width="366"]
Изборот на типот на лизинг финансирање зависи од потребите на самата компанија и нејзините приоритети, па затоа и не може да се каже дека некој тип на лизинг е подобар, туку подобар е оној тип кој најмногу одговара на потребите и карактеристиките на компанијата.[/caption]
Манчев Ако правиме поделба по корисници на лизинг, физичките лица најчесто користат финансиски лизинг за купување на патнички возила, додека кај корпоративните клиенти структурата е разнолика, согласно дејноста и потребите на компаниите, каде би ги издвоил лесните комерцијални возила (флотна продажба кај дистрибутерите), тешки комерцијални возила, влекачи и полуприколки кај транспортните компании, како и разни видови на градежна и останата опрема. Од аспект на типовите на лизинг, позастапен тип на лизинг е финансискиот, со оглед дека истиот им е попознат на клиентите, а и поради неговата карактеристика со која по отплата на последниот месечен ануитет, предметот на лизинг автоматски преминува во сопственост на корисникот на лизинг.
Што се однесува до оперативниот лизинг, истиот може најпластично да се објасни како закуп, при што клиентот плаќа месечен закуп (рента) за користење на предметот на лизинг, и по истек на договорениот период, го враќа предметот на лизинг компанијата. Се разбира овие два типа на лизинг со нивните специфики имаат и соодветни ефекти во билансите на компаниите, каде финансискиот лизинг има повеќе сличности со банкарскиот кредит при што предметот на лизинг се книжи како средство на страна на активата во билансот на состојба, додека лизинг обврската на страната на пасивата во делот долгорочни обврски, при што истиот се разира има влијание на финансиските коефициенти на компанијата.
Од друга страна, оперативниот лизинг, поради неговите карактеристики на долгорочен закуп, не се книжи во билансот на состојба, туку неговото влијание се отсликува само преку трошоците (месечниот закуп) во билансот на успех.
Изборот на типот на лизинг финансирање зависи од потребите на самата компанија и нејзините приоритети, па затоа и не може да се каже дека некој тип на лизинг е подобар, туку подобар е оној тип кој најмногу одговара на потребите и карактеристиките на компанијата.
ЌЕ ИМА ЛИ ЛИЗИНГ ЗА НЕДВИЖНОСТИ
Фактор Зошто лизингот на недвижности сеуште не е застапен , и според вас што треба да се направи за да и оваа усклучително атрактивна стока се купува преку лизинг?
Манчев Намерата за лизинг на недвижности на македонскиот пазар остана само на идејата со оглед дека во периодот кога истата се промовираше, законската регулатива (истото важи и денес) предвидуваше дефакто “двојно оданочување” на трансакцијата, еднаш со купување на недвижноста од страна на лизинг компанијата и уште еднаш при трансфер на сопственоста на корисникот што го правеше овој лизинг аранжман неатрактивен. Во меѓувреме се случи финансиската криза од 2009, пад на цените на недвижностите на пазарите во Европа што услови големи загуби за компаниите вклучени во овој дел од лизингот, и интересот и на обете страни за овој производ опадна.
Фактор Проблематичните кредити кај банките се во пораст. Каква е ситуацијата со наплатата на лизингот генерално во фелата и конкретно кај S-Leasing.
Манчев С-Лизинг работи согласно групациските стандарди на Ерсте&Штаермеркише Шпаркасе групацијата, а тоа значи финансирање врз основа на адекватна процена на отплатниот капацитет на клиентот и ризикот на трансакцијата. Вредноста на предметот на финансирање и учеството остануваат во втор план. Оваа стратегија е лекција научена во изминатите 10 години каде финансиските институции (без разлика дали се лизинг компании, банки или останати финансиски институции) кои се потпираа само на колатералот и неговата “пазарна” вредност претрпеа огромни загуби поради волатилноста на светските пазари. Таквиот пристап на работа ни овозможува да имаме квалитетно портфолио, со однос на нефункционалниот пласмани < 1%, што од друга страна значи пониски каматни стапки за клиентите (поради пониската ризичност на портфолиото), како и долгорочна одржливост на нашата компанија.
Фактор Колкав процентот од лизинг бизнисот му припаѓа на S-Leasing?
Манчев Што се однесува до пазарното учество на С-Лизинг на пазарот, за жал не би можел да ви дадам конкретни бројки со оглед дека С-Лизинг е дефакто единствената лизинг компанија која финансира секаков тип на подвижни предмети, при што автомобилите се само еден дел од нашето портфолио, каде поголемиот дел е фокусиран на комерцијални возила, влекачи, кипери, полуприколки, како и секаков друг вид на подвижна опрема. На овој начин, ние се трудиме да дадеме поддршка на целото стопанство, и на бизнисот да му овозможиме алтернатива на банкарските кредити.
ЛИЗИНГОТ КОНКУРИРА НА БАНКИТЕ
Фактор Дали на македонскиот пазар има силна конкуренција во делот на лизингот?
[caption id="attachment_209284" align="alignright" width="470"]
Наша стратешка определба е долгорочно присуство на пазарот и поддршка во остварувањето на потребите како на граѓаните така и на стопанството.[/caption]
Манчев Како надоврзување на претходниот одговор, ако гледате само како број на лизинг компании кои оперираат на македонскиот пазар може да извлечете заклучок дека има простор за дополнителна конкуренција, но С-Лизинг работи во сегментите на бизнисот каде се конкурира со деловните банки, и тоа со оние кои имаат најатрактивни понуди. Имено, на нашиот пазар не постои некој сегмент кој банките не го таргетираат и кој би можел да биде цел само на лизинг компаниите. Напротив, високата ликвидност и малиот број на квалитетни проекти ги тера банките да оперираат во сите сегменти, со што ни претставуваат и нас силна конкуренција. Во секој случај, она што претставува наша конкурентска предност е нашиот пристап кон клиентите, нашето know-how пренесено од останатите членки на Штаермеркише и Шпаркасе групацијата како и локалната синергија со Шпаркасе Банка Македонија АД со чија соработка нудиме бројни олеснувања за клиентите почнувајки од финансиско советување, краткорочно финансирање на ДДВ-то при набавка на возила или опрема, краткорочно финансирање за премостување (т.н. bridge financing), се со цел на клиентите да им овозможиме полесен пристап до посакуваниот предмет на финансирање.
Фактор Неодамна го презентиравте пакетот GO4, кој е партнерство со Шпаркасе Банка и Винер Осигурување. Кои се придобивките за клиентите од ваквото партнерство?
Манчев GO4 всушност претставува платформа врз основа на која во иднина ќе се гради партнерството помеѓу Шпаркасе Банка Македонија, С-Лизинг, Винер неживотно осигурување и Винер живот. Имено, стартешкото партнерство помеѓу нашите компании постои веќе долги години во рамките на нашата групација, а мене ми е особено мило што токму С-Лизинг преку GO4 лизинг пакетот го промовираше тоа партнерство на македонскиот пазар. Всушност, GO4 пакетот го структуриравме како пакет во кој клиентот е на прво место, и во кој сите компании направивме максимални напори со цел тој пакет да биде атрактивен. Имено, С-Лизинг настапи со исклучително поволни каматни стапки за корисниците на пакетот, Шпаркасе Банка овозможи бројни бесплатни услуги и поволности, а Винер неживот мошне атрактивни цени на каско осигурувањето само за корисниците на овој пакет.
Нашиот план е приказната за GO4 лизинг пакетот и понатаму да се шири и подобрува, а во исто време GO4 платформата веќе ја надополнија други производи на Шпаркасе Банка и Винер осигурување.
Фактор Каде го гледате S-Leasing на среднорочен период, мислам од апект на понуда на услуги и опфат на клиенти ?
Манчев Наша стратешка определба е долгорочно присуство на пазарот и поддршка во остварувањето на потребите како на граѓаните така и на стопанството. Во таа намера поддршка ни е нашата силна поврзаност со Ерсте&Штаермеркише Шпаркасе групацијата и со нашата локална Шпаркасе Банка Македонија, а со цел дополнително промовирање на компанијата, во текот на втората половина од 2016 година планирано е и ребрендирање на С-Лизинг во Шпаркасе Лизинг со што дефинитивно ќе се искористи и добрата пазарна и маркетиншка позиција на банката што ќе доведе и до наша поголема препознатливост помеѓу генералната популација.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




