29 Септември, 2024
0.0472

ИНТЕРВЈУ МАРТИН КНАП: Странските инвеститори имаат поволни услови за работа во Македонија!

Објавено во: Анализа, Економија 13 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Во Македонија имаме стабилна Влада и не гледам политички ризици и не би можел да препознаам некаква нестабилност што би можела да влијае врз сигурноста на странските инвеститори. Начинот на кој што работи оваа Влада, нудејќи поволни услови за  странските  инвеститори,  дава резултати. Оваа оценка за Фактор ја изнесува Мартин Кнап, директор на Германско-македонската стопанска комора , што повеќе од една деценија дејствива во триаголникот Атина-Скопје-Белград и е добар познавач на условите за привлекување на стабилни и трајни странски инвестиции во регионот.                                                             Според него еднострано е да се критикува висината на платите за вработените кај странските инвеститори без да се согледа целокпупниот ефект на намалување на притисокот врз социјалните фондови, невработеноста во Македонија, развивањето на логиситчките дејности со користење на услугите од домашни компании. Огромниот суфицит што Македонија го има во размената со Германија создава одржлив баланс во инаку растечкиот дефицит во трговската размена на земјата со светот. Кнап предупредува дека е потребно, во новиот бран на привлекување на компаниите во слободните зони, да се шират дејностите во кои ќе се привлекуваат странските компании. Фактор: Во последниве неколку месеци  се‘ поголем е бројот  на странски инвеститори кои покажуваат интерес за  македонскиот пазар. Дали влезот на гераманскиот капитал е резултат на  бенефициите што државата ги дава , ефтината работна сила или поволната  бизнис клима? Кнап: Последните германски инвестиции се претежно од автомобилската индустрија во која се вработени голем број на луѓе. Тоа значи дека треба да се исплатат и голем број на плати. Треба да се има во предвид дека производителите во овој сектор се под голем притисок на пазарната побарувачка, а во време на кризи низ светот имаат помал број клиенти. Но истовремено низ светот се побројни се и понудите за привлекување на инвеститори со поволни бизнис алтернативи. Производителите на автомобили се тие кои вршат притисок, но и се поизложени на падот на стандардот, финасиската криза, но истовремено тие  и ја диктираат цената за својот влез во која било држава каде оценуваат дека имаат поповолни производни трошоци. Исплатлвоста на инвестициите се гледа низ условите кои се нудат во домицилните држави, степенот на нивнта исплатливост и профитабилност. Најголем дел од германските компании, што  отворија свои фабрики во Македонија, се од автомобилската индустрија, која како дејност е изложена на жестока светска конкуренција и очекувано е инвеститорите да бараат трошоците на производство да бидат редуцирани и сведени на минимум. Фактор: Со неодамнешната анкета на Германската стопанската комора во Македонија,  52 отсто од испитаниците деловната клима ја оцениле како просечна, 36 отсто рекле дека е добра. Во едно Ваше интервју изјавивте дека странските инвеститори овде можат да најдат нискообразована и вреднувана работна сила. Како ја оценувате во моментов бизнис климата во Македонија, кои се позитивни, а кои негативните аспекти? Кнап: Изнесените оценки кои компании сметааа дека таа е неповолна, а кои оценуваат дека е добра бизнис климата, зависат исклучиво од корпоративните критериуми и од секторите каде работат? Дали компанијата е извозно ориентирана или пак своите услуги ги нуди на домашниот пазар. Во однос на позитивните страни кои што можат да се истакнат во Македонија, сметам дека тоа се вработените во компаниите, нивната лојалност, мотивираност и посветеноста во работата, што за секоја корпорација се важни критериуми во користењето на човечките ресурси. Негативните аспекти се провелкуваат и од претходните години. Тие се поврзани со бирократското работење, преголемите административни бариери, бавната судска заштита.  Меѓутоа оваа година забележавме одреден напредок, пред се во  јавниот сектор, поточно во Управата за јавни приходи. Висината на платите во Македонија, што се ниски во однос на некои европски стандарди, базираат на вкупната куповна и социјална кошничка. Тие се еден од условите со кои се привлекуваат инвеститорите што решаваат да ги дислоцираат своите погони во вашата земја. Тоа е и начин да се намали високата невработеност во Македонија и да го намали притисокот врз соцјалните фондови и берзата на труд. Сето ова е поврзано и со стручното образование на ангажираните работници кои работат во овие производни компании. Тие имаат шанси за дообразование и прекфалификации. Во пазарни економии работниците се принудени на почести промени на професионалните занимања во својот работен век. Овој тип на инвестиции се предводници за другите форми на вложувања: од капацитети со повисока технологија, која претпоставува и постручна и повисоко вреднувана работна сила, гринфилд инвестици, па и заеднички вложувања со користење на домашните финансиски ресурси. Не смее да се запостават и бенефитите кај домашните компании што се ангажирани како логистика или партнери за дел од дејноста во која работат странските фирми, како и обемот на вкупната домашна поторшувачка од страна на вработените.
Мора да се привлечат компании од различни дејности
Фактор: На што Владата треба да посвети  особено внимание при динамичното привлекувањето на странските инвеститори?  Кнап: Владата треба особено да внимава на разноликоста на дејностите и типот на комапнии, односно браншите и секторите што тие ги застапуваат. Треба да се работи на привлекување на инвестриции што се од различни сектори и посложени технолошко-индустриски процеси. Би било добро ако се развиваат познатите форми на релокација на дејности со повисоко рамниште на технолошки и услужни процеси и дејности. Доколку Македонија се фокусира исклучиво на еден сектор и се доведе во ситуација тој  да не функционира  толку добро, да биде изложен на пазарни турбуленции може лесно да доживее некаков колапс, зашто големите корпорации тешко носат одлуки за затворање на капацитети, но тоа го реализираат брзо и ефикасно. Тогаш може да се соочите со голем проблем  и ќе вие треба подолго време за да најдете излено решение. Фактор: Во 2013 година Германија беше најголем трговски партнер на Македонија, со вкупна стокова размена е над 2 милијарди евра. Извозот изнесуваше 1,1 милијарда евра, а увозот 503 милиони, што ја прави Македонија една од малкуте земји во светот што имаат суфицит со Германија. Дали овој позитивен тренд ќе продолжи и во наредниот период? Кнап: Моменталната трговска размената меѓу Македонија и Германија е единствен позитивен пример во однос на вкупниот трговски биланс што вашата земја го има во светската размена на стоки и услуги. Ова може да биде и баланс во однос на негативниот тренд на растечкиот трговски дефицит што Македонија го има со останатите држави. Бидејќи во моментов имаме инвестици на кои што се работи,  со нивното финиширање очекуваме уште повеќе да се зголеми извозот и овој тренд да  продолжи да се движи во нагорна линија.
Стабилната политичката клима во Македонија носи сигурност за странските инвеститори!
Фактор: Колку евентуална политичка нестабилност може да има импликации врз странските инвеститори, со оглед дека понекогаш капиталот знае да биде  чувствителен на врева? Кнап:Политичките случување секогаш имаат  влијание врз  привлекувањето инвестиции. На пример, сега  во Украина е исклучително тешко да влезе странски капитал . Инвеститорите кои во моментов се наоѓаат во таа држава се во многу непријатна ситуација, не се чустуваат  сигурно, обемот на работа е намален, а тоа значи дека и приходите  се опаднати. Можам да претпоставам колку тешко е сега компаниите да  решат да влезат на украинскиот пазар. Дури оние инвесторири кои биле заинтересирани да вложат во оваа земја или веќе работат во Украина, во земјите од Западен Балкан гледаат шанса за дислоцирање на своите инвестиции.  Фактор: Како  политичките случувањата во Македонија, се одрзуваат врз  бизнис  климата ? Кнап: По последните избори во Македонија имаме една стабилна Влада која веќе неколку месеци работи. Во однос на политичките ризици не би можел да препознаам некаква нестабилност која што би можела да влијае на  странските инвеститори. Начинот на кој што работи оваа Влада нудејќи поволни услови за  странските  инвеститори  даваат резултати.
Странските и домашните инвеститори треба да имаат исти услови за работа!
Фактор: Стотина илјади евра државна помош за изградба на производствени објекти, обуки за вработени, како и ослободување од давачи како царина и комуналии. Ваквите бенефиции за потенцијалните странските компании неретко предизвикуваат реакции кај домашните фирми. Стопанствениците се жалат на дискриминаторскиот однос на државата, за странските инвеститори е мајка, а за домашните маќеа. Како да се изградата еднакви услови за иневстирања? Кнап:Она што би можел да го кажам е дека постои еден светски натпревар за сите овие индустриски производители што алиментираат голем број на вработувањата  и сите тие земји меѓусебно се натпреваруваат која ќе понуди подобри услови за потенцијалниот  инвеститор. Најголем дел од државите имаат еднаков третман кон сите инвеститори  без разлика дали се работи за домашен или странски капитал . Не смее да се прави разлика.  Истите услови за работа треба да им се нудат и на домашните и на странските компании . Но би сакал да нагласам дека странските компании, особено големите мултинационални корпорации не работат врз истите принципи, како и домашните. Напротив, странските инвеститори со своите производни линиии и деловното опкружување успеваат да соработуваат  со домашните компании што нудат услужни дејности.  Се она што е поврзано со изградбата на  објектите (фабриките) е дело  на домашни градежни фирми, потоа транспортот и логистика ,  прехрабената индустрија, преку која се обезбедува храната за вработените во фабричките кантини, сите тие имаат свои сметки за  профит. Се отворат секундарни економски дејности што без овие инвестиции можеби немаше да се развијат до овој степен. Разговараше Горазд Чомовски