Интервју на Фактор со Д-р. Љубен Арсенков: Единственото добро е враќањето на довербата во здравството кај граѓаните
Објавено во: Македонија, Интервјуа 11 Мај, 2020
Д-р. Љубен Арсенков, субспецијалист по дигестивна хирургија, од јануари е прв човек во Клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје. Назначен е за в.д. директор на 17. јануари годинава. Во изминативе три месеци, кога земјава почна да се справува со пандемијата на корона вирусот, кај народот позната како стара Градска болница, оваа здравствена установа, иако директно не е вклучена во згрижување и третман на пациенти заразени со Ковид-19, успешно се справува со многубројните предизвици. Д-р. Арсеноков, кој повеќе од три децении го носи белиот мантил, конкретно од далечната 1989 кога почнал да работи во одделението за абдоминална хирургија, во интервјуто за Фактор вели дека после толку години се чувствува навистина гордо на својата хумана професија.
Ретки се установите во Скопје кои со децении наназад успеваат да ја ја задржат својата препознатливост и пред се позитивна слика во јавноста. Се чини дека нема граѓанин во Скопје, но и во државата кој не знае или барем еднаш не побарал лекарски третман во (народот) позната старата Градска Болница.
Доколку на Google побарате „градска болница” ќе добиете податоци за сегашната Универзитетска Клиника по Хируршки болести Св.Наум Охридски - Скопје. Не само поради долгиот назив, повеќе поради традицијата кај граѓаните, па ако сакате и кај вработените, таа и денес е препознатлива како стара Градска болница. Инаку станува збор за Клиника за третман на хируршки заболувања, составена од повеќе одделенија: абдоминална хирургија, трауматологија, неврохирургија, пластична хирургија, урологија, детска хирургија, васкуларна хирургија, оделение за интензивно лекување, одделение за анестезиологија и реанимација, одделение за радиодијагностика, биохемиска лабараторија.
На годишно ниво низ амбулантите поминуваат околу 70.000 пациенти со најразлични заболувања. Од нив се хоспитализираат околу 5.000, а кај околу 4.000 се извршуваат хируршки интервенции.
Самата зграда датира од 1931 година и поради специфичностите на градбата повеќе децении беше под заштита како споменик на културата. Колку била под „заштита”, во најмала рака е дискутабилно.
Имајќи го предвид фактот дека станува збор за објект лоциран во самиот центар на градот покрај кој секојдневно поминуваат илјадници граѓани невозможно е а да не се забележи долгиот процес на негово реновирање кој се чини трае со години. Дали и како може медицинскиот персонал да функционира во услови на пандемија?
Пандемијата од Covid-19 ја затекна установата во фаза на реконструкција. Под услов да може да ја наречеме фаза, бидејки трае пет години. Поради таа реконструкција, капацитетот на болнички кревети беше намален за окоу 40%, но ние успешно функциониравме и во такви услови, а особено овие изминати три месеци во актуелната ситуација со вирусната инфекција. Се направи реорганизација, се спроведоа протоколите препишани од Министерството за Здравство и СЗО, формирана е комисија за спроведување и контрола на превземените мерки и можеме слободно да кажеме дека до сега успешно се справувавме со сите предизвици, а предизвици има многу.
И покрај недекватните услови за работа и се уште нерешени просторни решенија како за пациентите, така и за медицинскиот персонал сите пациенти кај вас беа соодветно згрижени и третирани. Ова го велам имајќи го предвид фактот дека во јавноста или пак во медиумите ниту еднаш досега не излезе каква било негативна вест во однос на фунционирањето на болницата во новонастанатите услови
Да, ние не бевме установа во која директно беа третирани болни од Covid-19 и оваа прилика ја користам јавно да изразам почит и подршка за колегите и персоналот на Клиниката за инфективни болести и Градска Општа Болница „8 Септември“ кои многу професионално и пред се успешно го понесоа најголемиот дел од грижата и третманот на заболените од оваа заразна болест. Од друга страна, искажувам особена благодарност до сиот персонал на нашата Клиника затоа што нашата улога во оваа криза беше да ги превземеме сите пациенти од градот Скопје со хируршка проблематик. Ситепациенти беа прегледани и соодветно згрижени од наша страна. Просечно стануваше збор за отприлика 180-200 пациенти дневно. Еве, на пример на денот на нашиов разговор до околу 18 часот се прегледани повеќе од 200 пациенти. Тоа значи дека експонираноста на медицинскиот персонал е огромна, но за среќа можеме да констатираме дека во целиот овој период само пет здравствени работници беа во изолација, поради позитивни резулатати од земени брисови, но сите беа асимптоматски и веќе се вратени на своите работни места. Ова е потврда за адекватното спроведување на сите прoпишани протоколи за заштита на медицинскиот персонал, а со тоа и директна заштита на пациентите кои имаат потреба од нашите услуги.
Во големиот број негативни вести поврзани со последиците од вирусот Ковид- 19 сепак има и неколку позитивни. Дали можеме да ја посочиме како една од најоптимистичките вратената доверба во здравството?
Иако звучи како излитена фраза и клише, сепак факт е дека вработените во нашата установа за најголема награда го сметаат задоволството на пациентите кои ги третираме како и задоволството на нивните семејства. Но, буквално кај сите пациенти беше присутна забелешката дека условите во кои што работиме, а впрочем и условите во кои истите тие пациенти престојуваат, се едноставно кажано лоши, и дека не соодвествуваат со нашата стручност и залагања. Но, за почит е нешто друго, а тоа е враќање на довербата на населението во здравствените работници, во здравствените институции. Колку и да звучи несоодветно, единствената придобивка можеби во оваа пандемија, доколку може да има придобивка, е токму тоа - враќањето на довербата во здравството. Успешното менаџирање на кризата од Министерството за здравство следствено и од сите институции и поединци во здравствените установи покажаа дека нашата држава има капацитет, квалификувани стручњаци од сите профили, квалификувани медицински сестри, болничари и останат медицински и немедицински потенцијал.
Подобрувањето на несоодветните услови е еден од моите главни мотиви, а немаше да се нафатам на овој предизвик доколку ја немаше подршката од колегите и персоналот и мојата доверба во нивните вредности.
Покрај убавите зборови , пофалби од јавноста и позитивните критики од медиумите, новата, поуспешна слика за здравството доби и своја конкретна валоризација преку донации. Дали можете да ги обелодените сумите и за која намена ќе бидат искористени?
На мое навистина големо задоволство, уште за првите три месеци се случија многу изненадувачко добри ситуации. Имено, реализирани се донации во опрема, медицински мебел апаратура, градежни зафати, санитетски возила во вкупна вредност од околу 250.000 евра, што според мене е сума за почит.
Реализираните донации се вистинска потврда на ова претходно кажано. Донираа домашни општествено одговорни компании, поединци но и странски компании. Фудбалската федерација на Македонија ги донираше санитетските возила и постигнавме договор репрезентативните натпревари да бидат покриени со медицински кадар од кај нас, што воедно ни претставува голема чест. Влезните сензорски врати со создавање изолаторен простор, ги донираше Макпетрол.Голем хуман гест од господинот Кочо Анѓушев за донација на медицински мебел.Нешто што би сакал да истакнам, е донација во медицинска опрема во вредност од околу 30 000 евра, од страна на еден хуман човек,пријател на клиниката, кој бараше да остане анонимен. Мислам, за значењето на овој момент не е потребна елаборација. ЕВН ја опреми интензивната нега со десетина потребни апарати. Фирмите Синерџи и Зегин допринесоа за обновување на униформите на сите вработени во Клиниката.просторот за припрема на инструмените се реорганизира со помош на донација од фирмата Комед. Најавени се и други, сериозни донаторски проекти,но за тоа се надевам во друга прилика подетално ќе ве запознаеме. Искрено изненаден сум од фактот што секојдневно ми се јавуваат фирми и поединци кои сакаат да бидат дел од ревитализацијата на старата градска болница. За возврат планираме на влезот транспаретно на соодветна табла бидат истакнати сите досегшни и идни донатори, како дел од Клубот на пријатели на Клиниката.
Здравството од секогаш било една од најексплоатираните теми, секако имајќи го превид неговото влијание врз секој од нас. Заминувањето на помладите лекарски кадри во странство станува проблем за кој се повеќе се говори. Како вашата болница ги надминува предизвиците во оваа насока, секако имајќи го предвид фактот дека станува збор за стручни, целосно оформени кадри? Дали во иднина постои опасност да се соочиме со проблемот на недостиг на потреби кадри?
Клиниката, која е истовремено и наставна база на Медицинскиотфакултет при УКИМ, е можеби најкомпактната хируршка установа во земјава. Компактна како по однос на просторниот распоред и поврзаноста на одделенијата, така и компактност по однос на соработката на сите вработени во неа, одлика со која се гордееме. Искуствотото, традицијата во лекувањето, знаењето и несебичниот трансфер на наученото од постарите на помладите колеги, а секако и обратно, се карактеристики на оваа установа.
Во самата Клинка евидентно е променета атмосферата. Безпоговорно сите здравствени работници ја извршуваа својата работа најпрофесионално и најодговорно. Да, впрочем тоа е и нивна обврска, но за разлика од она што се случуваше во некои соседни земји каде што имаше информации дека поради голем број земени боледувања од страна на медицински персонал се создал недостиг на здравствени работници, кај нас немаше ниту еден таков случај. Верувам дека овој пат, вработените се мотивирани и од перспективите кои се нудат за натамошно подобрување на условите и приближување кон стандарди кои не сме ги имале досега.
Што се однесува до иднината на Клиниката, уверен сум дека кадровскиот потенцијал, пред се младата генерација специјалисти и специјализанти, заедно со средно медицинскиот персонал, ја гарантираат светлата иднина.
Изминатите години за жал, соочени бевме со заминување на десетина млади, оформени стручни лица кое силно се одрази на работата во Клиниката. Без никаква осуда кон нив, неперспективноста беше главната причина, особено поради фактот што голем дел од нив заминаа во јавни здравствени усанови, а не во Германија или приватни клиники. Но, на наше големо задоволство овие неколку дена, се пријавуват извонредни стрчњаци од својата област кои сакаат својот работен век да го продолжат во нашата установа. Тоа многу ни значи и е потврда дека сме на правиот пат и тоа е всусшност нашата акредитација во мрежата на здравствените установи.
Планови за во иднина има многу, но како одат работите, нема да биде чудо ако и се реализираат. Очекувам овој променет однос и сфаќање на значењето на здравството и пред се зравјето да биде со долго траење и дека нема по завршување на кризата, да заврши и оваа убава приказна. После многу години лично се чуствувам горд што го носам белиот мантил.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.