19 Декември, 2025
0.0552

Интервју Никица Мојсовска Блажевски: Санкциите од ЕУ ќе бидат притисок што нема ништо да реши!

Објавено во: Економија 27 Април, 2016 08:08

Добивај вести на Viber

Можните меѓународни санкции, во најавената форма, не ги сметам за рестриктивни мерки, туку за притисок кој, за жал, може да доведе до дополнително  разгорување на состојбите во земјата наместо решавање на истите, проценува  Никица Мојсовска Блажевски. Универзитетски професор од Американ колеџ ,  смета дека  допрва ќе ги почувствуваме последиците врз растот на економијата.

Според  Мојсовска Блажевски , во следните месеци со сигурност може да се очекува намалување на економската активност, додавајќи дека   сосема е извесно дека економскиот раст ќе се намали.

„Длабочината и времетраењето на овој надолен тренд ќе зависи од тоа кога ќе се формира нова влада. Дотогаш, задолжувањето (вклучително и на домашниот пазар) ќе биде ограничено, заради тоа не треба да се стравува од пораст на каматните стапки“, посочува  Мојсовска  Блажевски .   

Разговараше Горазд Чомовски Фактор:   Какви би можеле да  бидат последиците  врз  македонската економија   доколку се остварат  најавите од  меѓународни санкции кон  земјата  и кој  прв  ќе  биде на удар од ваквите рестриктивни мерки ? Проф. Мојсовска Блажевски: Последните денови сé повеќе се зборува за комбинација на политички и економски притисок од страна на меѓународната заедница, за разрешување на политичката криза. Можните политички санкции, на пример одземањето на препораката за преговори, би имале негативни последници врз економијата само доколку потенцијалните инвеститори и бизнис партнери на македонските фирми го перцепираат тој потег на Европската Комисија како силен сигнал за влошување на состојбите и ризик во инвестирањето. Според мене, не постои опасност за тоа бидејќи веќе подолг период е сосема јасно дека статусот на Република Македонија во процесот на зачленување во ЕУ е резултат на политичка одлука (и препреки) наспроти реално исполнување на услови за членство. Со други зборови, можните санкции, во најавената форма, не ги сметам за рестриктивни мерки, туку за притисок кој, за жал, може да доведе до дополнително  разгорување на состојбите во земјата наместо решавање на истите. Фактор: Странските инвестиции се на ниско ниво, задолжувањето постојано расте.  Дали политичката криза ќе  доведе до раст на каматните стапки и дали доколку  ваквата состојба  потрае  може да  доведе до позиција  на несолвентност ?  Проф. Мојсовска Блажевски: Моменталната криза и воопшто целокупното окружување во земјата доведува до намалување на инвестициите (пролонгирање на планираните инвестиции) на привантиот сектор. Граѓаните, исто така, сé повеќе се воздржуваат од потрошувачка, делумно заради неизвесноста, но и заради попреченото нормално дневно функционирање (заради секојдневните штрајкови). Имајќи предвид дека инвестициите и личната потрошувачка на граѓаните се компоненти на Бруто Домашниот Производ (БДП), секако дека допрва ќе ги почувствуваме последиците врз растот на економијата. Државата се обидува и ќе се обидува да ги компензира намалените приватни инвестиции и потрошувачка, но постојат две ограничувања за тоа: ограниченоста на буџетот (и растечниот јавен долг), но и претстојните избори (заради застој во реализирање на тендери и одредени трошења). Со други зборови, во следните месеци може да се очекува намалување на економската активност, со сигурност. Длабочината и времетраењето на овој надолен тренд ќе зависи од тоа кога ќе се формира нова влада. Дотогаш, задолжувањето (вклучително и на домашниот пазар) ќе биде ограничено, заради тоа не треба да се стравува од пораст на каматните стапки. Она што повеќе загрижува е што почнуваат да се шират гласини и шпекулации за девалвација и повлекување на депозити, во потрага по сензационална вест или изјава. Тоа може навистина да ја погоди економијата, преку банкарскиот систем кој досега беше силен стожер на економијата. Фактор: Меѓународното кредитирање кон  Македонија е под знак прашање.  Aко се  има  во предвид фактот дека Буџетот се полни со кредити ,  како би можеле да ја  одржиме  финансиска кондиција ?   Проф. Мојсовска Блажевски: Точно дека се отвараат многу прашања пред нас во овој неизвесен и турбулентен период. Слушнавме најави за можно стопирање на повлекувањата на средствата од Светска Банка. Се надевам дека тоа нема да се материјализира, вклучително и за други потентијални меѓународни кредити. Неодамна беше потврден и кредитниот рејтинг од страна на Стандард и Пурс. Фактор: Mожно ли е да дојде до девалвација на денарот и намалување на предвидениот раст  за годинава?    Проф. Мојсовска Блажевски: Навистина не гледам реален притисок или причина за девалвација, освен можното разгорување на шпекулациите и ширење на паника. Во однос на растот, сосема е извесно дека истиот ќе се намали, иако не можеме со точност да предвидиме колку.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар