10 Декември, 2025
0.0302

ЈАЦЕК ОЛЧАК, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ФИЛИП МОРИС ИНТЕРНЕШНАЛ

ИНТЕРВЈУ ОЛЧАК: Младите мора да ги заштитиме од пристап до тутунски производи, но на возрасните пушачи сакаме да дадеме шанса за промена

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2025 13:08

Добивај вести на Viber

Во свет кој сè повеќе се стреми кон одржливост и одговорност, тутунската индустрија е во процес на клучна трансформација. Еден од главните визионери зад оваа промена е Филип Морис Интернешнал (ФМИ), компанија која последните три децении инвестира во истражување и развој за креирање производи за полнолетни пушачи кои се помалку штетен избор од продолжување со пушење.

Во ексклузивното интервју после конференцијата “Technovation” која се одржа во мај, во Швајцарскиот град Ношател во Центарот за развој и истражување на Филип Морис Интернешнал,Јацек Олак, извршниот директор на компанијата говори за тоа зошто треба да се понудат помалку штетни алтернативи на возрасните пушачи, но и за важноста да се превенира пристапот на младите до овие производи. Со лични примери и пораки Олчак порача: “Промената кон подобро е можна, но само ако се поттикне со знаење и дијалог, а не со притисоци и забрани”

Целта на PMI е свет без чад,а истакнавте дека  вашата лична цел е цигарите да ги пратите во музеј. Но, што со оние кои не сакаат да престанат да пушат – постои ли опасност тие да се свртат кон црниот пазар?

ОЛЧАК: Верувам дека да, доколку побарувачката за цигари постепено се намалува, ќе дојдеме до точка кога тие ќе бидат присутни само во минимални количини или целосно ќе исчезнат. Тоа би била природна еволуција. Дури и во земји со традиционално висока стапка на пушење, работите се менуваат. Луѓето прифаќаат нови производи. Потребно е време, но сметам дека постои шанса за промена.

Многу пушачи велат дека, не се сигурни во безбедноста на новите производи и цигарите ги сметаат за подобар избор. Како да им се пристапи во процесот на менување на навиките?

ОЛЧАК: Токму тоа е нашата улога: на потрошувачите да им пренесеме сѐ што ние како компанија знаеме за овие производи.Доколку тоа познавање сè повеќесе пренесува  до луѓето, тогаш верувам дека тиеќе почнат да ја разбираат целата суштина, која се темели врз научни докази, а не врз предрасуди.

Истакнавте дека не можете луѓето да ги присилите на промена туку треба да ги водите низ процесот.

ОЛЧАК: Токму така. Ако постојано ги потсетувате и им велите: „ цигарите се штетни за здравјето поради тие и тие причини, а овие производи се подобра алтернатива“, тогаш им нудите знаење и факти – и следниот пат можеби ќе пробаат, а подоцна и ќе прифатат нов производ. Но, ако само им велите на пушачите: „Не треба да пушите!“, ништо нема да се реши. Тоа е идеалистички поглед. Луѓето не треба да пушат. Одлично, но сепак пушат. Луѓето треба да се хранат здраво, но не се хранат здраво. Луѓето треба да спијат подолго,  но тие не го прават тоа. Луѓето треба повеќе да вежбаат, но не вежбаат. А мојот омилен пример е: луѓето треба да се сакаат едни со други – а ние водиме војни.

И покрај развојот на алтернативните производи, се чини дека Светската здравствена организација сѐ уште не го променила својот став. Како го коментирате тоа?

ОЛЧАК: Сметам дека ако нема дијалог, нема ни напредок. Какви и да се разликите во ставовите, без континуиран разговор и размена на мислења - остануваме на истото место. Ние сме насочени кон промена базирана на научни докази и токму поради тоа поддршката во глобални рамки е сè поголема.Луѓето имаат право да се сомневаат, особено на почетокот. Да се ​​потсетиме, пред 15 години, производите со намален ризик воопшто не постоеја. Денес имаме научни податоци, но и практични докази.  

Употребата на овие производи кај малолетници сѐ уште негативно влијае врз перцепцијата на јавноста за тутунската индустрија. Како се справувате со овој проблем?

ОЛЧАК:  Овие производи се наменети за возрасни и едноставно не смеат да завршат во рацете на малолетници. Тоа, никој не го оспорува ниту го доведува во прашање. Работиме на тоа нашите производи да не бидат атрактивни за оваа група на потрошувачи за која и не се наменети, работиме на едукација на трговците на мало, апелираме до државите да ги спроведуваат законите за забрана за пристап на малолетни лица до тутунски и сродни производи.  

Она што треба да го направиме, но не само ние како индустрија, туку сите заедно, е да ги унапредиме системите за контрола на пристап на кој било тутунски производ до малолетници, да ги зголемиме ресурсите неопходни за решавање на овој проблем и да воведеме дисциплина на пазарот. Но, истовремено, не смееме да го одземеме правото на милиони полнолетни лица кои одлучиле дека не сакаат да престанат да пушат да имаат пристап до помалку штетни алтернативи. Лично, јас сум татко на четири деца, некои се полнолетни, некои не се, и истите разговори ги водам и дома. Сакам моите деца засекогаш, или барем до одредена возраст, да избегнуваат одредени нешта кои можат да им наштетат. И тоа е исто во секоја земја, секоја култура, секоја религија.

Технологијата менува сè – па и пушењето. Во свет каде што потрошувачите бараат транспарентност, Јацек Олчак порачува: не треба да ги плашиме, туку да ги информираме?

ОЛЧАК:  Првиот човек што шетал по улица држејќи мобилен телефон изгледал смешно. Денес веројатно ќе ве гледаат чудно ако ве видат како зборувате на фиксна линија. Толку брзо се менува и пристапот кон тутунските производи. Луѓето сакаат алтернатива, но и информации што ќе ги поддржат во промената – вели Олчак.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ