19 Јануари, 2025
0.0296

ИНТЕРВЈУ, ПАВЛЕ САЗДОВ: Постои опасност дијаспората да остане без пратеник!

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Поставениот цензус од 6 500 гласови за избор на пратеник од дијаспората, може да го остави новиот парламентарен состав без претставник на иселениците – вели во интервју за “Фактор“ актуелниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов кој на априлските избори во 2014 година со освени повеќе од 1 170 гласови стана пратеник во осмата избрна единица, во името на сите наши иселеници во Америка. Тогашен негов противкандидат беше Тефик Абдулаи од Демократската унија за интеграција.  Саздов победи во пет од шесте избирачки места.

Иселениците  сакаат  да гласаат, но има бројни проблеми …

ФАКТОР: Вие бевте и пратеник во осмата изборна единица во последниот паратенички состав.. Сега во тек е пријавување на гласачи во дијаспората за претстојните предвремени парламентарни избори.  Како се одвива пријавувањето?

Саздов: Пријавувањето оди добро. Користиме различни методи да ги информираме нашите иселеници за процесот и обврската да се пријават со цел да го остварат своето гласачко право на денот на изборите. Апликацијата за електронско пријавување дефинитивно е полезна и за многумина го олесни пријавувањето бидејќи ја тргна потребата од одење во најблискиот конзулат или амбасада и пополнување формулари. Конзулатите и амбасадите исто така се отворени доцна со цел да излезат во пресрет на луѓето кои преку ден се на работа и таму процесирањето на пријавите тече тековно. Ја користам можноста уште еднаш да упатам апел до сите иселеници кои поседуваат валиден македонски пасош да ја искористат можноста и да се пријават за гласање на претстојните парламентарни избори. Преостануваат уште осум дена додека трае увидот во избирачкиот список.

ФАКТОР: Со законските измени потребни се минимални  6 500 гласови за пратеничко место што ќе биде пополнето од дијаспората. Дали ќе се оставри овој цензус, со оглед на бројот на гласови со кои досега беа избрани пратениците од дијаспората?

Саздов: Законските измени беа доста неповолни за припадниците на нашата дијаспора и поставениот цензус дефинитивно го отежнува изборот за пратеник од дијаспората. Јас бев доста вокален при носењето на измените во собранието и говорев на темата. Не можеме да поставиме ист цензус за избор на пратеник во Македонија и во дијаспората а при тоа имаме не еднаков пристап и услови. Дијаспората мора да се регистрира односно пријави за гласање, граѓаните во Македонија не. Иселениците имаат едно гласачко место за цела држава или територија кое понекогаш е оддалечено и по 5000 километри од местото на живеење. Во Македонија гласачкото место е на 100 метри од дома. Во Македонија можете да извадите лични документи, пасош или лична карта за 24 часа. Во дијаспората тоа трае меѓу 3 и 6 месеци. Некогаш и повеќе. Така што сите овие проблеми не беа решени при последните измени на законот, но затоа го отежнуваме процесот и поставивме цензус. Покрај се, цензусот може да биде постигнат. Во 2014 година имавме вкупно запишани 23782 гласачи во целата дијаспора. Од нив, 6573 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 657 и за ДУИ 2901. Споредувајќи ги последните изборни резултати можеме да заклучиме дека во овој момент, само ВМРО-ДПМНЕ може да добие пратеник од дијаспората. Но, вкупниот број на регистрирани гласачи укажува дека сепак постои можност да се задржат сите три пратенички места од дијаспората во Македонското Собрание.

ФАКТОР: Дали Макеоднија е можно да остане без пратеници од дијаспората?

Саздов: Секако. Промената на изборниот модел практично овозможи доколку не се исполни цензусот од 6500 гласови потребни за пратеничко место да нема избор на пратеници од дијаспората. Искрено се надевам дека тоа нема да се случи и дека сепак иселениците ќе се регистрираат во голем број и ќе гласаат на претстојните избори.

ФАКТОР: Во Македонија нема дилема дека треба да биде вклучена и дијспората во Парламентот, но колкав и каков е нејзиниот придонес врз растот, развојот на економијата и на демократијата во Макеоднија?

Саздов: Не се согласувам со вашата констатација. Во Македонија постои огромна дилема за тоа дали и како дијаспората треба да биде вклучена во парламентот. Ќе ве потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ беше единствена партија која се залагаше дијаспората да биде претставена во Собранието со симболични три места односно тројца пратеници од трите географски целини каде има македонска дијаспора, Европа, Австралија и Северна Америка. Постоеше огромен притисок од страна на СДСМ и од страна на албанските партии овој процес воопшто и да не постои односно да се укине правото на глас на нашите иселеници. Новите измени на изборниот законик беа прифатени по барање на СДСМ и јас лично гласав за нив само затоа што беа дел од пржинскиот пакет закони, иако на самата седница доста жестоко се противев и укажував на сето она кое го споменав погоре, сите проблеми со кои се соочуваат иселениците при остварувањето на правото на глас во дијаспората, и можноста дијаспората да остане без пратеници доколку не биде исполнет високиот цензус.

Придонесот е огромен. Во Македонија денес функционираат над 400 компании кои се реализирани со капитал од нашите иселеници со што директно помагаат во намалувањето на невработеноста. Иселениците преку приватните трансфери придонесуваат за одржување на стабилноста на денарот, приливот на девизи и одржувањето на девизните резерви. Речиси сите поседуваат стан или куќа во Македонија и плаќаат данок на имот со што ги помагаат општинските буџети. Да не споменувам колку средства се трошат во Македонија при нивните посети. Пратениците од дијаспората се одлична можност да се донесат нови искуства од западните земји, нови идеи, позитивни примери за решавање на одредени проблеми, полесно транспонирање на европското законодавство, можност да се пренесат знаење и искуство стекнати надвор од Македонија а преку кои може полесно да се решат проблемите со кои се соочува нашата држава. Личните познанства со политичари од другите земји се исто така огромна предност во остварувањето на надворешно политичките заложби на државата. И многу други позитивни примери за кои можеме да говориме уште долго.

ФАКТОР: Кави избори очекувате во Макеоднија, и дали тие ќе значат и крај на политичката криза?

Саздов: Изборите во Македонија ќе бидат како и сите изминати изборни циклуси изминативе десетина години. Демократски, транспарентни и фер условиза сите учесници. Граѓаните ќе одлучат кому да ја дадат довербата даја води Македонија во следните четири години.ВМРО-ДПМНЕ во моментот ја завршува програмата со која ќе настапиме на овие избори и истата можамда кажамсодржи огромен број на проекти и мерки кои ќе значат просперитет за Македонија, нови работни места, инвестиции во здравството, одбраната, образованието, земјоделието и тн. Се надевам дека ќе можеме ваков документ да видиме и од нашите политички противници бидејќи времетокога со демагогија се добиваа избори одамна измина.Имајќи ги во превид искуствата од изминатите две години, пржино еден, пржино два, два пати откажување на изборниот датум, наводните проблеми со избирачкиот список кои се сведоа на фантомска фарса, меѓусебните закани меѓу политичките противници, и ред други чекори кои беа преземени од една или друга политичка партија оставаат простор за сомнеж дека сепак кризата нема да заврши со овие избори. Иако лично сметам дека политичката криза може да заврши со изборите но само доколку сите учесници ги признаат резултатите и губитниците му  честитаат на победникот.

ФАКТОР: Во однос на претседателските избори во Америка, според ваши оценки и очекувања – кој ќе седне во Белата куќа?

Саздов: Познавајќи ги приликите, финансиите, медиумската моќ и присуството во истите, сметам дека Хилари Клинтон има поголеми шанси да стане следниот претседател на САД. Но, како и со Брегзит кој за многумина беше изненадување токму од горе наведените причини, така и со изборите во САД, сметам дека гласачите во Америка ќе донесат сопствена одговорна одлука за тоа кој ќе ја води нивната држава следните четири години. Кој и да одберат ќе биде добро за Македонија.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем