27 Јуни, 2024
0.0292

ИНТЕРВЈУ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ: Од скопскиот „Барок“, Бернини се превртува во гробот!

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Градскиот трговски центар е објект кој е изграден во далечната 1971 година и е од големо значење за скопјани. Токму затоа архитектите и голем број граѓани во петок ќе застанат во одбрана на обезличувањето на овој објект, велат од Асоцијацијата на архитекти. ГТЦ има значење на ниво на целата држава како еден од најубавите претставници на модерната архитектура, кој сеуште е најдобриот и најсовремен трговски центар во градот, вели во интервјуто за Фактор, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Фактор: Колкаво е значењето на ГТЦ за скопјани и кои се вашите аргументи  да не се менува ликот на овој објект? Раѓеновиќ Јовановиќ Значењето на ГТЦ е огромно, за скопјани не само затоа што е дел од нивниот живот и секојдневие. Луѓето се врзуваат за работите кои со години секојдневно ги опкружуваат, за некого тоа има лична вредност, сентиментална, субјективна. Овде се работи за општо, објективно, јавен интерес. Не се работи за носталгија кон објект за кој патетично се врзуваме и го сакаме затоа што е наш, затоа што ни буди спомени, не поврзува со младост и слично. Значењето е многу поголемо и е над личните чувства и убедувања. ГТЦ има значење на ниво на целата држава како еден од најубавите претставници на модерната архитектура, кој сеуште е најдобриот и најсовремен трговски центар во градот (и покрај вчера направените). И 40 години подоцна сеуште има современ израз и идеална урбанистичка концепција. ГТЦ е одличен пример во нашата архитектура, подеднакво е важен за авторт, скопјаните, сите граѓани на државата и е многу важен за архитектурата, за идните генерации и за идните архитекти, како објект од кој можат да научат и да се формира конечно едно високо, квалитетно ниво на естетската свест и поимање на уметноста. Фактор: И покрај околниот амбиент, дали според вас беше неопходно и овој култен објект да биде со барокна фасада,  дали со поинаква фасада објектот не би се вклопил во опкружувањето? Раѓеновиќ Јовановиќ Овој објект како и ниеден друг не смее и не заслужува еклектична фасада, во наш жаргон наречена барок. Барокот не заслужува да биде употребуван како термин за новите објекти во градот. Најголем дел веројатно и не знаат кој е  Ѓовани Лоренцо Бернини, греота е човекот во гроб да се врти од нашиов “барок“. Објектот не мора да се вклопи во сегашното опкружување, новосоздадената архитектура е тешко вклоплива самата по себе, нема потреба од обид квалитените преостанати објекти да се вклопат во наведената. Фактор:  Бидејќи се работи за релативно стар објект изграден во 1971 година,  кровот прокиснуваше, имаше пожар и реално му е потребна реконструкција, кои се вашите предлози како треба да се обнови овој објект? Раѓеновиќ Јовановиќ За најголем дел од објектите кај нас судбината е слична. Препуштени се на времето, руинирани се и секако дека им е неопходно обновување, одржување. Мојот предлог е објектот да се реновира комплетно, но не и да се доградува, преградува, менува. Доста беше веќе над градот да се раѓа село. Фактор: Уште лани во јавноста имаше изјави и од раководството, дека овој објект со оглед на опкружувањето ќе добие барокна фасада, зошто стручната фела не реагираше порано? Раѓеновиќ Јовановиќ Реагирано е повеќе пати за сите случувања во градот. Сите обиди на стручната јавност се игнорираа или пак им лепеа етикети дека се опозициски. Применувајќи ги овие методи на игнорирање и етикетирање, владата успеа да си создаде идеални услови во кои успешно си ги реализира своите проекции за нашиот град. Како што знаете комисијата за избор на идејно решение е променета и е формирана нова составена од архитекти кои не се проектанти, творци се со цел да се добие она што нарачателот го замислил. Значи потребни се луѓе кои слушаат, а не размислуваат со своја глава. Или грубо кажано спремни да си ја продадат душата на ѓаволот. Фактор: Колку е изводливо од архитектонска гледна точка овој објект да биде во барокен стил, со оглед на тоа дека во самиот трговски центар има згради? Раѓеновиќ Јовановиќ Ако ГТЦ и кулите се променат онака како што планираат тогаш тоа се сосема други објекти. Тие сега се интегрирани заедно, а секој независен во својата функција. Фактор: Дали е возможно законски и правно да се стопира менувањето на ликот на ГТЦ, односно да се оспори избраното идејно решение? Раѓеновиќ Јовановиќ Во изводите од ДУП за Малиот Ринг стои дека фасадното обликување треба да биде барок, неокласицизам, рококо и слично, што е недопустиво. Јас искрено се надевам дека нема да се дозволи, но ако општината не издаде дозвола тогаш објектот ќе го прогласува од државно значење и дозволата ја издава Министерството за транспорт и врски. Правилата постојат за да се кршат, нели? Значи и законите се менуваат по потреба. Фактор:  Какви се искуствата во светот, дали во 21 век се градат трговски центри со барокни фасади? Раѓеновиќ Јовановиќ Не се работи за дозволено или забрането се работи за нивото на образование и културна свест на нарачателот. За Скопје 2014 во медиуми од типот на CNN и Euronews се прават извештаи, репортажи спакувани во обланда кои не се спонтани, туку се нарачани и платени со државни пари во кои се разговара само со луѓе кој стојат позади проектот, а наспроти тоа во денешно време на слободни медиуми, интернет форуми како што е на пример Скајскрејпер Сити еден од најмасовните форуми од областа на градежништво, инжињерство, архитектурата со 700.000 членови од цел свет кој активно учествуваат во темата за проектот Скопје 2014, практично се исмејуваат и не поистовотуваат со земји од среден и блиски исток кој имаат многу пари од нафта па си играат град. Фактор:  Кон кого ќе ги упатите пораките и петицијата од најавениот протест во петок? Раѓеновиќ Јовановиќ До сите надлежни институции во државата. Фактор На протестите планирате да има жив штит и симболично гушкање на ГТЦ, дали сметате дека тоа ќе даде и ефект и и дека власта ќе има слух? Раѓеновиќ Јовановиќ Мислам дека ќе даде ефект во смисол на формирање и преиспитување на јавната свест, можеби ставање прст на чело на некои кој до сега се двоумел, па ќе размисли повторно. Можеби како архитекти полесно ќе се чувствуваме затоа што ќе знаеме дека сме се обиделе. И со чист образ ќе продолжиме да ги воспитуваме нашите деца и идните генерации на вистински уметнички, естетски и културни вредности.“ На епохата нејзината уметност, на уметноста нејзината слобода“ За жал не верувам дека власта ќе има слух, бидејќи да имаше немаше ова да му го направи на градот. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

НЕ САКАЛ ДА ЈА ОТСЛУЖИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА: уапсен бегалец од Идризово

НЕ САКАЛ ДА ЈА ОТСЛУЖИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА: уапсен бегалец од Идризово

ОВАКВА КАТАСТРОФА НЕ ПАМТИ ЗДРАВСТВОТО, ЕТЕ ТОА ОСТАВИВТЕ ВО НАСЛЕДСТВО: Д-р Лазаров за хаваријата предизвикана од дождовите во ГОБ 8 Септември

ОВАКВА КАТАСТРОФА НЕ ПАМТИ ЗДРАВСТВОТО, ЕТЕ ТОА ОСТАВИВТЕ ВО НАСЛЕДСТВО: Д-р Лазаров за хаваријата предизвикана од дождовите во ГОБ 8 Септември