Интервју Шефки Идризи: Донесовме светски мега брендови во трговскиот центар РЕМ!
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2014 08:17
Идризи Инвестицијата е на компанијата Ренова, во вредност од 40 милиони евра, која воедно е најголема досега во Западна Македонија. РЕМ комплексот се состои од: трговски центар 16.000 м2, луксузен хотел со 5 звезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 144 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 52 000 м2. Трговскиот центар ќе се отвори прв, на 18 јуни оваа година. Лоциран на 700 метри од центарот на Тетово, на најпосакуваната локација за Тетовчани, со цел да им овозможи модерно шопинг искуство, и побогат социјален живот.
Фактор Најавивте и голем број на реномирани брендови кои ќе бидат дел од трговскиот центар?
Идризи 85 проценти од вкупната површина на РЕМ трговскиот центарот се веќе издадени. Овластена компанија за издавање на деловните објекти е Агенцијата Фортон од Скопје, која успешно работи на проектот. Во нашиот центар се присутни брендови од домашни но и од светски рамки, како што е ланецот на маркети Карфур, потоа познатите модни ланци Групо Фиори и Мега Фешн, познатиот бренд за обувки Мат стар, потоа Сваровски елемент, продавницата за екслузивена долна облека Екстрем Интимо, продавницата за бела техника Елипсо, ПС маркет Анхоч, Топ Шоп, парфимерија Еликсир,потоа Кимико, Ламас, центарот за забава и рекреација Аркадија, и многу други
Фактор До сега тетовчани патуваа во Скопје доколку сакаа да посетат некој поголем трговски центар. Но, со отворањето на Рем сликата очeкувате да се промени. Како планирате да им го привлечете вниманието?
Идризи Како и секој трговски центар во светски рамки, па така и ние, планираме тековно да вклучиме бројни промотивни активности, распоредени во тековната година. Постојаниот квалитет и конкурентните цени ќе бидат дел од нашето секојдневно работење. Исто така, акцент тука би ставил и на работно време на РЕМ трговскиот центар, кој е предвидено да функционира од 09 часот изутрина па се до 22 часот, и тоа седум работни денови во тековната недела. Со таквото работно време сметаме дека Тетовчани и околината ќе можат да ги завршат своите обврски во тековниот ден.Во рамките на РЕМ ќе работи и елитен ресторан кој ќе биде отворен до 24 часот.
Фактор Во РЕМ се отвора и нов супермаркет Карфур...
Идризи Карфур како интернационален бренд ќе биде дел од Трговскиот центар, а се простира на 1.800 квадратни метри, лоциран на ниско приземје, ќе понуди цени и артикли кои се прифатливи за потрошувачите од регионот и пошироко.
Фактор Kакви се вашите очекувања од отварањето на трговскиот центар?
Идризи Трговскиот центар, како и целиот комплекс е граден со многу љубов и самодоверба. Тој е сосема нова и досега невидена димензија во регионот, а и пошироко. Ако го земеме тој факт во предвид, нормално е нашите очекувања да се темелат на разумна основа која подразбира успех.
Имено, Во трговскиот центар присутни се брендови од светски рамки,постои одличен на објектите, просторен паркинг, а секако неговиот уникатен надворешен изглед, како и внимателно и софистицирано средениот ентериер, гарантира масивна посетеност за кратко време. РЕМ е објект со позитивна енергија, кој сигурно ќе ве натера повторно да го посетите.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





