ИНТЕРВЈУ СО Д-Р. БУХОВА: Има вработени кои 15 месеци не се појавиле на работа, на секои две недели менуваат дијагнози, ДСЗИ ја утврдува веродостојноста на боледувањата
Објавено во: Македонија, Интервјуа 30 Ноември, 2020
Д-р. Ирина
Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во интервју
за Фактор открива дека во голем број институции има вработени кои со месеци наназад
користат боледувања, а при тоа на секои две недели менуваат дијагнози. Во
Интервјуто говори и за други актуелни прашања како што се поплаките на
семејствата дека не може да добијат информација од ковид центрите за здравствената состојба на
свој близок како и за вонредните
инспекциски надзори во клиничките болници во Битола и во Штип. Во однос на
издавањето на решенија за изолација, директорката Бухова вели дека додека во
претходниот период се соочуваа со проблеми од типот давање погрешни адреси или
погрешни телефонски броеви, сега имаат друг многу посериозен проблем, а тоа е
огромен број новозаразени, а минимален број контакти.
Едно од актуелните прашања во последно време е како семејствата може да добијат информација за здравствената состојба на свој близок кој е хоспитализиран во некој од ковид центрите, имаат поплаки дека тешко стигнуваат до информација. Дали Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува во однос на вакви поплаки?
Д-р Бухова: Постапувајќи по дојава, ДСЗИ спроведе вонредни инспекции во 19 ЈЗУ, кои во моментот згрижуваат пациентите со Сарс КоВ2-позитивни. Притоа, водени од Законот за заштита на правата на пациентите регулирани во:
Членот 7, членот 11, членот 25 и членот 33, од надзорите, особено почитувјќи го правото на информираност и правото на доверливост во врска со здравствената состојба на пациентите, ДСЗИ заклучи дека во 19 ЈЗУ во кои се извршени инспекциите, имаат организиран начин за информирање на потесното семејство на хоспитализираните пациенти.. Информации за состојбата на пациентите може да дава само лекар. Во сите институции има телефонски броеви на кои во одреден период од денот (точно одредено време), најблиското семејство може да добие информација за нивниот член во болница.ДСЗИ има официјални, пишани документи од инспекторираните правни субјекти. Во однос на контролните прегледи на пациенти позитивни на Сарс Ков 2, кои со решение на ДСЗИ, се на домашно лекување и во самоизолација, тие, во случај на влошување на нивната состојба, по консултација со матичниот лекар, според важечкиот протокол, можат да бидат упатени на дополнителни прегледи: (лабораторија, ЕКГ, рентген на белите дробови), во тријажните центри или амбулантите во инфективни одделенија за консултација или неопходна хоспитализација. Движењето на позитивни пациенти преку други ПЗУ иЈЗУ може да предизвика ширење на вирусот меѓу другите пациенти кои во моментот се негативни и се лекуваат од друга патологија.
Дел од вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ беа и во двете клинички болници, едната во Штип, другата во Битола откако во јавноста беа обелоденети информации за несоодветно лекување на пациентка, како и исклучително лоши услови на самата здравствена институција. Што утврдија инспекторите?
Д-р. Бухова: Во врска со двата последни актуелни настани, ДСЗИ спроведе два вонредни инспекциски надзори. Во Клиничка болница Штип, надзорот заврши за 48 часа, при што се ностатираше дека во моментот на надзорот за хоспитализираните пациенти се гришат по две екипи во 12-часа сменска работа составени од тројца доктори, од кои едниот е задолжително инфектолог, а двајца од други специјалности кои ротираат и по четири медицински сестри од кои најмалку две до три потекнуваат од матичното инфективно одделение. Констатирано е и следното. Да, постои број на телефон со кои пациентите контактираат со персоналот кој е дежурен. Во однос на кислородна потреба и поддршка при инсопекцискиот надзор се констатираше дека на дневна основа потрошувашката е 30 до 40 боци, кои во тој период им се доволни за потребите на хоспитализираните пациенти. Во однос на евентуалните пропусти или не, ДСЗИ иницираше вонреден стручен надзор при Министерството за здравство. Да појаснам, што би требало, односно на кој прашање ќе даде одговор вонредниот стручен надзор на кој не може да даде вонредниот инспекциски надзор. Вонредниот стручен надзор е мултидисциплинарна Комисија составена секој пат од повеќе специјалист. Бидејќи се работи за ковид-пациенти, задолжително во таа Комисија би требало да има инфектолог, пулмолог или интернист, анестезиолог трансфузиолог, гинеколог или педијатар ако се работи за дете и по можност епидемиолог. Во тој стручен надзор ќе се опфати целокупната стручна постапка на лекување и постапување со одреден пациент. Значи овде, во стручниот надзор влегува и организациската поставеност на работата на одредена болница. Затоа ДСЗИ не излезе со свој заклучок, бидејќи, од аспект на законите кои ги инпсекторира ДСЗИ немаше причина во овој момент да се изречат санкции за Клиничката болница Штип. Но, случајот не е завршен и како што ви кажав, веднаш по 48 часа е предаден во министерство за здравство.
Значи дополнително ќе се утврдува случајот во кој ќерката на починатата пациентка излезе со објавите во социјалните мрежи дека нејзината мајка не добила кислородна поддршка, а упорно барала на телефонскиот број преку кој пациентите комуницираат со медицинскиот персонал?
Д-р. Бухова: Да, тоа е така.
Инаку, надзорот во Клиничката болница Битола е завршен за 24 часа. Случката која беше објавена исто така на социјалните мрежи е на 23. ноември, во попладневните часови, точно во 16. 30. Се Случува во тријажниот центар во Ковид-оделението во битолската болница каде што примаат терапија и се примаат на преглед и лекување пациенти суспектни на Ковид-19. Во моментот кога еден пациент кој бил на омашно лекување, а го чека резултатот од тестот, затоа велиме суспектен на вирусот, прима терапија, со возило на Итна медицинска помош, во времеско растојание од 15 минути, носи двајца пациенти со кои немаат квид проблематика. Кај едниот е констатирн егзитус при самото вадење од возилот до креветот. Но, почитувајќи ги законските прописи мора да го примат, а другиот пациент е донесен во следните 1- до 15 минути. Значи, додека дежурните екипи реанимираат еден пациент, па втор пациент, се случуваат тие два егзитуса. Се се случува таму. Тоа е тријажен центар нема каде на друго место. ДСЗИ, постапувајќи по Законот за правата на пациентите и по Закон за здравствена заштита, издаде решение до директорката на болницата со кое и наложи таа да обезбеди соодветна просторија „Морга“ односно мртовечница, во која ќе биде доволна во сегашните прилики.
Да појаснам, мртовечницата во битолската болница е за само четири починати пациенти, а по билтенот кој секојдневно го гледаме, на 22 и на 23 ноември, таму има починато 13 пациенти. Заради динамиката на превземање на починатите од страна на овластените оператори е настанат и овој проблем, кој е решен веднаш во тек истиот ден. Тоа што го направивме како главна забелешка е дека паравните кои секогаш ги има меѓу креветите на пациентите, во тој момент биле на перење. И заради овој евидентиран пропуст ДСЗИ издаде решение. Во однос на другиот дел од битолските случувања, посебно фотографијата со чадорот во тоалетот, тоа е дел од зградата за која ДСЗИ уште пред ковид кризата, односно уште лани има издадено решение за санирање на тие санитарни чворови и забрана за нивна употреба. Тие и сега не се употребуваат, тоа е само сликано. Цел тој дел од зградата беше планиран за реновирање и пренамена во Геријатрија. Сега, заради напливот на пациентите тој дел мораше да биде отворен, а санацијата на санитарните чвотови е во тек. И да појаснам, информацијата објавена на социјалните мрежи дека чадорот е ставен да ги заштити пациентите од фекалии, е целосно погрешна, бидејќи над тој тоалет има просторија во која медицинскиот персонал се облекува за да влезе во ковид-центарот. Чадорот останал од минатото, никој не го тргнал и тој чадор е искористен...
Во текот на ковид кризата, голем број здравствени работници поради хронични заболувања беа ослободени од работа. Има и голем број вработени во други институции кои исто така подолг временски период се на боледување. Како Државен санитарен и здравствен инспекторат имате ли утврдено злоупотреби во однос на ова, би рекла, болно прашање?
Д-р Бухова: ДСЗИ води вонредни инспекциски надзори по сите претставики во однос на основано или неиздадено боледување. Досега сме се сретнале со многу случаи, секој специфичен за себе. Во однос на користењето боледувања од страна на здравствени работници, во последно време нема ниту една претставка околу злоупотреба, односно, претставка за утврдување на веродостојност на боледување. На почетокот, кога почна ротирањето на здравствени работници од други клиники во ковид центрите, имаше неколку случаи кога беа отворени боледувања кои траеја најмногу две недели, една недела препишано од матичен лекар и една недела боледување од специјалист. ДСЗИ сега има поголем наплив на претставки од други институции, нездравствени, каде што има случаи во кои одредени вработени и по 15 месеци се немаат појавено на работа. Имаме претставка за утврдување на веродостојност на боледување кое трае неколку месеци, то тоа што вработениот, во овој случај пациентот, на секој петнаесет дена менува дијагноза. Тие надзори почнуваат од матичниот лекар, преку специјалистите каде што се прегледувани, односно институциите во кои е прегледуван пациентот, комисиските извештаи и доколку има прекршкок кој влегува во рамките на законите кои ги инспекторира ДСЗИ, тогаш веднаш се постапува со решение, а доколку не се утврди прекршок, тогаш повторно се свикува вонреден стручен надзор. Имаме до сега завршница на неколку. Сега се во тек и неколку судски процеси бидејќи некои од вработените имаат добиено и отказни решенија. Во моментов имаме неколку претставки за утврдување на веродостојноста на боледувањата, но за жал можам да кажам дека ваквите случување се се почести.
Можете ли да ни кажете за кои институции станува збор каде утврдувате веродостојноста на боледувања на одредени вработени?
Д-р. Бухова: ДСЗИ не смее јавно да ги именува, бидејќи како што реков, за дел од нив се водат судски процеси. Немам законска основа да ги именувам конкретните институции. Инаку има институции во кои вработени и по 18 месеци не дошле на работа.
Во изминатиот период имавте сериозни проблеми со решенијата за изолација. Граѓаните криеја контакти, даваа погрешни адреси и погрешни телефонски броеви. Каква е состојбата сега, ви се случува ли истото?
Д-р. Бухова: За последниот месецДСЗИима издадеено околу 40.000 решенија за изолација на позитивни на вирусот и на нивни контакти, за последните четири дена се нешто помалку од 9.000 Проблемоте сега друг. ДСЗИ го фати темпото со издавање на решенија за изолација на позитивни на вирусот и нивни контакти. Во овој момент имаме и помош од Владата и од општините за техничката обработка на решенијата, односно са пишување и издавање, бидејќи навистина е премногу да се напишат 40.000 решенија само за еден месец. Тоа се 40.000 контакти, мора да се разговара со тој човек. Во донос на оставање на точни податоци, се провлекува и тоа, но сега во последно време е проблем што многу се доцни со контактите. Епидемиолозите во Центарот за јавно здравје имаат проблеми со контактите. Еве на пример имаме во еден ден во Скопје заразени 451, а само 79 контакти, или 352 новодијагностицирани, а само 85 контакти, што навистина нема никаква логика. Тоа не е возможмо. За разлика од Скопје, во останатите градови од земјава, сликата е навистина реална. Можеби не е стигнато да се исконтактираат сите, но на крајот на денот сликата е таа, огромен број на новозаразени, а минимален број на контакти.
За разлика од
изминатите години кога кога се фрлаа илјадници дози вакцини против сезонски
грип, оваа година прв пат, првите 2.000 комерцијални кои се аплицираат во
Центарот за јавно здравје, се потрошија за само неколку часа. Граѓаните
постојано прашуваат кога ќе почне вакцинацијата со вторите 2.000. Кој е
бенефитот за здравствениот систем од имунизацијата против сезонскиот грип?
Д-р. Бухова: Овие вакцини се од исклучителна важност за оној колективен имунитет. За граѓаните кои се во некоја од ризичните групи, доколку си ја примат ова вакцина, а огормен процент од нив се вакцинираат секоја година, за нив ќе бидеме сигурни дека барем од сезонската вирусна инфекција ќе бидат заштитени. Вакцинираниот од сезонски грип нема никакви шанси да заболе од грип. Истовремено, за некој што има примено вакцина против сезонски грип, а има симптоми, тогаш ќе бидеме сигурни дека станува збор за инфекција со корона вирусот, ќе се чека единствено потврда од тестирањето. Исто многу е битно, за разлика од изминатите години, сега немаме толкав отопр од антиваксери. Сега се бара вакцина повеќе.
Едно од најчестите прашања е дали ќе има поригорозни, постоги мерки за превенција од вирусот, односно дали Комисијата за заразни болести, чиј член сте и вие, би препорачала и карантин. Градот Припел побара ваква мерка заради, во моментов, исклучително лошата епидемиолошка слика. Која е таа најгорна граница кога би се одлучиле да препорачате некаков облик на карантин?
Д-р. Бухова: Освен број на новоинфицирани, број на контакти, многу е битен и бројот на хоспитализирани пациенти, односно процентот на оние кои мора да се третираат исклучиво во болнички услови од бројот на нови позитивни пациенти. Бројот на слободни болнички капацитети, бројот на слободни места во одделенијата за интензивна нега. Сето ова се параметри кои ни ја отсликуваат реалната епидемиолошка слика по која се водиме за сите препораки. Анализираме до детали, па одлучуваме дали е потребно да се воведат поригорозни мерки. Обично од вкупниот број на позитивни, 85 проценти се асимптоматски, а од останатите 15 проценти, само 3 до 5 отсто завршуваат во болница. Ова, заедно со болничките капацитети и расположивиот медицински кадар се основа за одлучување да се воведат рестриктивни мерки. Во моментов има доста слободни места во болниците, особено и поради фактот на големиот број излекувани пациенти.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.