26 Декември, 2024
0.2275

Д-р Даница Алачка Дукоска, м-р по Здравствен менаџмент Генерален директор на Би-МЕК

Интервју со Д-р Даница Алачка Дукоска: ЕМБА студиите на Сити Колеџ ја зацврстија мојата определба за професионален развој и градење кариера во здравствениот менаџмент

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Даница Алачка Дукоска е една од постдипломците на ЕМБА програмата на Сити Колеџ. По ЕМБА студиите на Сити Колеџ го продолжува кариерниот пат со унапредување како Генерален директор во Би-МЕК, компанија за здравствени технологии и ексклузивен дистрибутер на медицинска опрема со реализирани голем број успешни проекти во јавниот и приватниот здравствен сектор. Ова е нејзиното искуство од студиите и како го постигна нагорниот кариерен развој.

Која Ви беше мотивацијата за апликација на ЕМБА програмата на Сити Колеџ?

Алачка Дукоска: По природа сум амбициозна и љубопитна личност која постојано бара можности да научи нешто ново, да отвори нови перспективи, да донесам нови вредности и иновации за организацијата во која работам преку континуирано унапредување и споделување на вештини, знаења и компетенции. Суштината на професионалното усовршување за мене не е ограничена само на понатамошно напредување во кариерата, туку на поширока цел за личен раст и развој и споделување на знаењето и негова примена за да се подобри животот на другите и да се даде придонес кон заедницата. Мотивацијата да аплицирам на ЕМБА програмата на Сити Колеџ дојде во фаза од мојот живот кога веќе се чувствував доволно искусна и сигурна во работењето и следен чекор беше проширување на моето формално и академско знаење од областа на здравствениот менаџмент.

Што беше клучно за запишување на ЕМБА програмата токму на Сити Колеџ?

Алачка Дукоска: Секако дека меѓународната репутација и имиџот на Сити Колеџ како врвна образовна институција имаа голем удел во изборот. За мене, исто така споделеното позитивно искуство и препораки од претходните генерации беа пресудни за одлуката да аплицирам токму на оваа програма.

Неколку зборови за академското искуство, што е тоа што би можеле да го издвоите како најважно?

Алачка Дукоска: Бев пријатно изненадена од нивото и квалитетот на предавањата, профилот на предавачите и начинот на работа генерално. Навистина беше уникатно академско но и практично искуство. Знаењето стекнато во програмата иако е на високо академско ниво е пренесено на таков начин што е веднаш апликативно и резултатите се видливи и во пракса. Покрај високиот квалитет на целата програма и извонредните предавачи, би сакала да додадам дека програмата нуди многу можности за деловно вмрежување, поврзување и размена на искуства на интернационално ниво.

Колку студиите на Сити Колеџ придонесоа за личниот и професионалниот развој?

Алачка Дукоска: Студиите, пред сѐ ми овозможија длабоко разбирање за широк спектар на деловни и компаниски функции, од финансии и маркетинг до продажба и стратегија. ЕМБА програмата допринесе за развој на повисоко ниво на критичко размислување, решавање проблеми и аналитички вештини и справување со сложените деловни предизвици. Студиите, секако  придонесоа и за мој личен развој и самореализација преку проширување на знаењата и вештините, интелектуална стимулација, тимска работа и дружење со исклучителни личности и професионалци.

Како ЕМБА програмата Ви помогна во кариерната прогресија во Би-МЕК?

Алачка Дукоска:  Јас по професија сум доктор и иако ги почнав ЕМБА студиите после повеќе од десет години работно искуство во бизнис секторот, сепак немав формално образование во областа на менаџментот. Студиите ги доживеав како интегратор на целото мое претходно академско и практично искуство и знаењата стекнати таму за мене отворија нова перспектива и ме профилираа како компетентен менаџер во областа на здравството. Кога аплицирав за програмата, бев на позиција менаџер за продажба, но во тек на студиите бев унапредена на позиција генерален менаџер на компанијата и студиите навистина ми помогнаа и ме мотивираа и во пракса да направам промени и унапредување на тимот, стратегијата, начинот на работење, мотивирање и водење на тимот и споделување на знаењата.

Кариерата ја започнавте во медицинска област, како психијатар, а сега по ЕМБА програмата сте на висока менаџерска позиција, повторно во здравство но повеќе со управување отколку со лекување. Дали оваа професионална транзиција ви дојде природно или е поттикната од ЕМБА студиите и како?

Алачка Дукоска: Мојата професионална транзиција всушност е од самиот почеток, по завршувањето на студиите по медицина. Во индустријата со медицинска опрема работам веќе дваесет години, од медицински претставник, преку повеќе менаџерски позиции до директор на компанијата во последните седум години. Поминав низ повеќе предизвици, многу едукации, доусовршувања, работев по две смени за да завршам и специјализација по психијатрија, која иако денес не ја практикувам со пациенти, многу ми помага во секојдневната работа и комуникација. Сепак ЕМБА студиите некако ја зацврстија мојата определба за професионален развој и градење кариера во здравствениот менаџмент.

Клучни совети за помладите генерации студенти?

Алачка Дукоска:  Секогаш да ги следат своите цели и амбиции. Да бидат сигурни во својот избор за понатамошна доедукација каде би сакале да го унапредат своето образование. Да бидат организирани, подготвени за предавањата и активно да учествуваат во сите активности. Редовната комуникацијата со професорите е од клучно значење за размена на мислења за време на интерактивните предавања што овозможува олеснување за понатамошните работни  проекти. Да се трудат да се здобијат со што повеќе информации и знаење кои потоа ќе ги применат во работата и нивниот развој. Искуството кое може да се стекне за време на студиите во оваа врвна образовна институција е исклучително ретка можност и привилегија за идните студенти.

Можеби ќе ве интересира

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија