ИНТЕРВЈУ ТОДОРОВА: УНИБанка имаше рекордно добри резултати во 2020 година, нудиме all inclusive банкарство
Објавено во: Економија, Интервјуа 26 Март, 2021
Во годината која беше специфична од многу аспекти, УНИБанка успеа да оствари сериозен финансиски резултат. Впрочем во пандемиската 2020 година има рекордна добивка најголема од основањето на банката. Во интервју со Милка Тодорова, претседател на Управниот одбор на банката разговарав за тоа со каква стратегија пристапија во кризната година, но и кои се плановите за оваа, која се очекува да биде година на заздравување, а банките да се сериозен стимул за домашниот реален сектор. На долг рок, стратегијата на банката е да посвети поголемо внимание на дигиталната трансформација, што не значи само радикални промени, туку вистински да го подобри искуството на клиентите.
Тодорова, УНИБанка во 2020 година има одличен финансиски резултат и раст на добивката од над 47 проценти.
Тодорова: За УНИБанка, изминатата 2020 година беше невообичаена од многу аспекти. Покрај глобалната пандемија што не принуди да работиме во вонредни услови, годината ја завршивме со рекордна добивка - над 6 милиони евра - најголема од основањето на банката. Исто така, можeме да се пофалиме со зголемување на капиталот за 14 отсто и над 22.000 нови клиенти.
Овој исклучителен резултат го постигнавме со прецизна организација на работата, внимателна анализа на работните процеси и оптимизација на секој можен детал, како и со многу храброст, напор и вложување од страна на вработените во банката.
Со каква стратегија во работењето влеговте и како се прилагодивте, УНИБанка имаво пандемиската 2020 година сериозен раст на приходите во повеќе сегменти од работењето?
Тодорова: Нашата стратегија е да бидеме корисни и да ги задоволуваме потребите на нашите клиенти. Многу често треба да размислуваме чекор напред за да предвидиме што ќе им треба во иднина на нашите клиенти и тоа да им го овозможиме. Во 2020 година, со оглед на неповолното влијание на пандемиjата врз економијата, предложивме пакет мерки за олеснување на подмирувањето на обврските на правните и физичките лица со цел да им излеземе во пресрет, а воедно одговорно управување и со кредитниот ризик.
На долг рок, стратегијата на банката е да посвети поголемо внимание на дигиталната трансформација, што не значи само радикални промени, туку вистински да го подобри искуството на клиентот. Многу е важно да се следи каде се развива пазарот и какви услуги им се потребни на нашите клиенти со цел оваа трансформација да одговори на нивните очекувања. Во врска со ова, го оптимизиравме нашето електронско банкарство со додавање на нови услуги - можност за отворање сметки и депозити целосно преку интернет, аплицирање за сите кредитни продукти за физички лица.Ова овозможува клиентите да го заштедат своето време и да го добијат одговорот за нивното барање во најкраток можен рок.
На какви продукти за корпоративниот сектор и на населението ќе се фокусирате, банките се очекува да се стимул на заздравувањето во земјата?
Тодорова: УНИБанка е ориентирана кон малиот и среден бизнис и физичките лица. За сите нив оптимизацијата на трошоците е многу важна, особено во време на криза.
Затоа им нудиме на нашите клиенти all inclusive банкарство - УНИкатни Е-пакети во кои се вклучени најкористените банкарски услуги. На овој начин банкарските трошоци се намалуваат до 6 пати и заштедуваат време обезбедувајќи ја услугата 24 часа 7 дена во неделата. Нашите кредитни продукти со поголем рок на отплата ги поддржуваат инвестициските намери на компаниите и на индивидуалните физичките лица при поголеми трошоци и набавки.
Има раст и на депозитната база која сево време е стабилна и со солиден раст и на ниво на банкарскиот сектор во земјава. Штедењето во земјава некако е традиционален начин на чување пари, очекувате ли идни поместувања од овој аспект?
Тодорова: Штедењето е природно за секого, а во време на криза станува уште поважно и неопходно. Штедењето е основа на банкарството и ја покажува довербата на клиентите кон Банката и нивното задоволство од нашиот однос. Нашите депозитни производи имаат конкурентни каматни стапки, фиксни за целиот рок, но тие се исто така отворени - со можност за додавање средства на депозитот во кое било време на достасување, вклучително и преку електронското банкарство. Во 2020 година, растот на портфолиото на депозити е доказ за довербата на клиентите и привлечноста на нашите продукти. Нашите очекувања се дека во иднина заштедите ќе останат на високо ниво и покрај постепеното намалување на каматните стапки во Европа и во нашата земја.
Што е „Лојалната програма“ којашто ја презентиравте на пазарот?
Тодорова: Програмата за лојалност на УНИБанка е насочена кон сите наши лојални клиенти - оние кои ги примаат своите приходи на сметка кај нас. Ги наградуваме со дополнителни бонуси - поголема каматна стапка кај депозитните продукти, пониска каматна стапка на кредитните продукти, повисок лимит на кредитните картички и дозволеното пречекорување, како и поедноставена постапка за аплицирање. Важно е да се нагласи дека за вклучување во програмата за лојалност не е потребно да се чека одреден временски период - секој може да се приклучи од моментот на пренесување на својот приход во УНИБанка.
Неодамна објавивте промоција со дебитната картичка на Мастеркард – доста иновирате кога производите за физички лица се во прашање. Во овој сегмент каква политика се планира?
Тодорова: Промоцијата на нашите дебитни Мastercard картички, дава можност на клиентите да освојат вредни и мошне корисни награди и тоа лаптопи, таблети и смартфони. Сметаме дека ова е еден добар начин да ги охрабриме клиентите да користат безготовински плаќања како посигурно, полесно и воедно побрзо завршување на финансиските обврски.
Секако, приоритет секогаш ни бил задоволниот клиент, a следејќи ги новите трендови нашите стремежи продолжуваат во таа насока со континуирано инвестирање во развојот на технолошки напредни производи и услуги, нови функционалности, поволности и зголемена безбедност.
Во тек е сериозно обновување на мрежата на банкомати низ целата земја за да се овозможат дополнителни услуги преку нови, современи и мултифункционални уреди, кои пак од своја страна заштедуваат време и пари.
Воедно, развиваме посовремени решенија за управување со личните финансии со кои клиентите ќе можат да ги следат и да ги управуваат нивните приливи и одливи, заштеди и кредитните производи.
А.Т.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.