19 Јануари, 2025
0.0274

ИНТЕРВЈУ Туфегџиќ: Студентски пленум мора да остане непартиско тело, ги сфаќам реакциите!!

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

“Политичкото делување е  искажување став, влијание врз политика со која не се согласуваме, односно контрола и коректив на власта. Политика е сето она што не опкружува. Пратеничката функција не е престиж, тоа е одговорност пред граѓаните и одговорност за начинот на изнаоѓање и предлагање решенија за нивните проблеми. Јас донесов одлука да ја понесам таа одговорност и пред се да продолжам да ги бранам ставовите кои изминативе две години ги бранев на улиците, сега да ги бранам  во законодавниот дом. Предизвиците на пратеничката функција ќе направат да работам многу повеќе, а притоа да останам гласна и борбена” - вели за Фактор, Ивана Туфегџиќ, граѓанска активистка  која се најде на деветтото  место на пратеничката листа на опозицијата во првата изборна единица. За себе вели дека не планира  да се менувам туку  планира да ги застапува ставовите  на академската и на граѓанската заедница, да се бори и да го брани  она кое смета  дека е правилно, силно и гласно како и досега.

Концептот на граѓански активисти на партиски листи објаснува Туфегџиќ е нов и прв пат се спроведува во Македонија, но смета дека е суштински за свежината, за значењето на граѓаните во оваа борба, како и за концептот на идната власт, но и за модернизација на партиите.

 Фактор: Откако опозицијата ги објави кандидатските листи за престојните парламентарни избори почнаа критиките  во јавноста за имињата кои се најдоа во нив. Ивана Туфегџиќ е име и презиме препознатливо пред се по борбата за подобро и поквалитетно високо образование, дополнително и како граѓански активист за подобар живот и општествено-политичка положба на граѓаните. Како дојде до идејата да бидеш дел од опозицискиот блок?

Ивана Туфегџиќ: Одлуката беше огромен чекор за мене, знаејќи ја одговорноста и предизвикот со кој се соочувам, но сметам дека борбата која ја водев, сега имам шанса да ја водам во законодавниот дом. Пратеничката функција не е престиж, тоа е одговорност пред граѓаните и одговорност за начинот на изнаоѓање и предлагање решенија за нивните проблеми. Јас донесов одлука да ја понесам таа одговорност и пред се да продолжам да ги бранам ставовите кои изминативе две години ги бранев на улиците, во законодавниот дом. Предизвиците на пратеничката функција ќе направат да работам многу повеќе, а притоа да останам гласна и борбена.

Фактор: Студентскиот пленум се огради од твоето делување. Има ли реакции помеѓу твоите колеги за твојот иден ангажман?

Ивана Туфегџиќ: Секако дека има. Има и позитивни и негативни реакции. Соопштението на Студентски Пленум е сосема нормално, јас сметам дека тоа движење мора да остане студентско и непартиско без разлика на активностите и ангажманите на индивидуалците кои се или биле дел од Студентскиот Пленум. Најголемиот дел од реакциите доаѓаат околу мојата младост, што е сосема оправдана реакција земајќи ги примерите од младите министри на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак за нивното неодговорно однесување не се виновни годините туку низа фактори, меѓу кои и учењето за недопирливост во нивните редови. Мојата младост не значи неодговорност и несериозност и досега безброј пати го имам докажано тоа. Критиките се разбира се и повеќе од добредојдени, затоа што за тоа се бориме, за критика и за дијалог.

Фактор: Дали се мешаат работите помеѓу политичкото и партиското делување. Ако се знае дека политичкото е обврска и суштинска потреба за интерес на секој граѓанин, а партиско е индивидуално делување, тогаш каде треба да се бараат одговорите?

Ивана Туфегџиќ: Лично сметам дека партиското делување мора да биде насочено кон демократизација на партиите, затоа што само така може да се постигне и демократски политички систем. За жал, власта придонесе македонското општество да биде длабоко поделено по сите основи, етнички, верски, но најмногу од се политички основи. Овие поделби доведуваат многу често до тоа да секоја критика се сфаќа негативно, и секое несогласување да се сфаќа како непријателство. За среќа, тоа не е така. Не е секоја критика деструктивна ниту пак насочена лично кон некого, и тоа е суштинска лекција која оваа власт нема капацитет да ја сфати, и премина во еден вид политичка култура, која мора што побрзо да се сузбие.

Фактор: Беше дел од работната група на Сенатот при УКИМ, дел од групата студенти кои најжестоко се спротивставија на заканите и физичкиот напад врз студентите на 5 мај и на студентските избори во јуни годинава кога застана пред полицискиот кордон.  Ќе останеш ли исто гласна да се извадат работите т.е проблемите во целост на површина и кои ќе бидат твоите приоритети на делување кога ќе ја добиеш довербата од граѓаните?

Ивана Туфегџиќ: Прв приоритет ќе ми биде високото образование. Неопходен е нов Закон за високо образование, кој од оваа правна каша во која се наоѓа сегашниот ЗВО, ќе ја извлече академската заедница. Понатаму младинските политики преку широк круг на консултации со моите колеги, пријатели и младински активисти со нивните предлози и сугестии.Сите тие настани ме градеа и ме правеа посилна и поодлучна во борбата против оваа власт. Токму тоа и се причините поради кои донесов ваква одлука. Мојата карактеристика не е да се откажувам при пречките и пред предизвиците колку и да се тешки и се чинат невозможни. Не постојат невозможни и непоправливи нешта и јас во тоа силно верувам. Се разбира, дека ќе останам гласна и ќе работам секој ден се повеќе и повеќе за да ги менувам нештата и да придонесувам во процесот на креирање политики.

 Фактор: Во една прилика рече дека си  претставник на генерацијата која доживеа егзодус не од странски окупатор, туку од домашна власт.Како ќе се надмине оваа состојба?

Ивана Туфегџиќ: Егзодусот кој оваа власт и го спроведе на младината во земјата е најголемиот и најтешкиот предизвик за следната Влада. Оваа состојба сепак се надминува со суштински реформи, почнувајќи од образованието завршувајќи со процесот на вработување. Потребно ќе биде најпрвин образованието да претрпи квалитативни измени кои ќе придонесат младите луѓе да излегуваат со вистинско знаење од образовните клупи, без разлика во која област планираат да работат. Од друга страна потребен е вистински, не како досега лажен, дијалог со младите и вистинско слушање на нивните потреби и интереси. Гушењето на секоја област од економија до социјален живот, полнењето на работни места само за партиски членови, одбивање на аргументите на младите по дифолт како неосновани и етикетирањето мора да станат минато. За сето ова потребно е младите да бидат вклучени во процесот на креирање на политики.

Фактор: Со што се соочува високото образование денес, кога во предизборие се отвораат нови универзитети, се вработуваат партиски лица, се врши притисок за гласање? Има ли шанса за промена?

Ивана Туфегџиќ:  Високото образование се наоѓа во катастрофална состојба. Со отварањето нови Универзитети, без никаква анализа за потребата, само се покажува по не знам кој пат дека оваа власт нема апсолутно никаков концепт за политики во високото образование. Високото образование тие го сметаат за предмет на меѓупартиски договор за отварање на нови Универзитети за вдомување партиски кадри, и со секоја нивна политика и реформа го доведоа високото образование во хаотична состојба со сериозен пад на квалитетот. Вината не е кај Универзитетите што не се наоѓаат на ранг листите за најдобри Универзитети, туку во МОН и државата која не дава апсолутно никакви финансии за развивање на научно истражувачка работа. Погледнете само што се случува со дисперзираните студии, нивното фијаско е доказ дека оваа власт нема капацитет за креирање политики во високото образование.  11-ти Декември е најважниот тест за граѓаните на Македонија и од нивната одлука зависи дали младите ќе ја напуштат Македонија или ќе останат овде. За младите пак, тоа е најважниот тест зашто тој ден, тие 5 минути позади параванот ќе можат да донесат одлука: да почнат да создаваат од Македонија земја од која нема да им треба билет во еден правец.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем