16 Април, 2025
0.1492

ИНТЕРВЈУ ВАСЕВ: Онколошка терапија во регионалните центри - ги штитиме пациентите

Објавено во: Македонија, Интервјуа 08 Мај, 2020 12:08

Добивај вести на Viber

Терапија за болните од канцер ќе биде аплицирана и во онколошки центри во Битола, Штип, Тетово . Веќе се прават списоците, а пациентите лично ќе бидат известени, вели во разговор за Фактор, д-р Нино Васев, дирекот на Клиника за онкологија и радиотерапија. 

Што се советуваат пациентите со малигни заболувања во овој период на КОВИД 19?

Д-р Васев: Пациентите се советуваат да ги следат препораките дадени од Министерство за здравство и Владата во однос на социјализирањето односно социјалното дистанцирање, а што се однесува до препораките нас тоа се да доаѓаат сами, без придружба, да се изолираат и седат дома што е можно повеќе, и да не се грижат поради тоа што терапијата ќе ја примат редовно според зацртаниот распоред. 

Дали има и кои се конкретните препораки за овие пациенти?

Д-р Васев: Постојат конкретни препораки за пациентите препишани од Европската асоцијација за онкологија, каде што се гледа да се минимизираат ризиците по здравјето како резултат на пандемијата. 

Куративниот третман ќе продолжи според планираното за да се обезбеди најдобра можност за контрола на болеста, додека пак кај пациентите кои се за палијативна терапија, ризиците од инфекција со COVID-19 може да ги надминат сите потенцијални придобивки од онколошкиот третман, односно ризикот од инфекција да е поголем од придобивката од палијативната терапија. 

Европското здружение за медицинска онкологија (ESMO) применува нивоа на пристап за менаџирање со пациенти со канцер за време на пандемијата на COVID-19. Овој пристап ја разгледува состојбата на пациентот, итноста на планираниот онколошкиот третман и неговата очекувана корист во однос на потенцијалниот ризик од COVID-19 поврзан со логистиката на примање терапија, како и достапните ресурси за безбедно обезбедување на третманот. 

Користејќи го овој пристап, пациентите можат да се групираат во следните нивоа на приоритети:

Ниво 1: Висок приоритет. Оваа група вклучува пациенти чија состојба е животно загрозувачка или клинички нестабилна и/или каде планираниот третман најверојатно ќе резултира во значителна корист (на пр. продолжување на животот или подобрување на квалитетот на животот), што го прави третманот од висок приоритет. 

Ниво 2: Среден приоритет. Оваа група вклучува пациенти чија состојба е сериозна, но не веднаш опасна по живот и каде може да се земе предвид кратко одложување на третманот. Сепак, одложувањето подолго од 6 до 8 недели може потенцијално да влијае на исходот и/или добиената корист, што го прави онколошкиот третман со среден приоритет. 

Ниво 3: Низок приоритет. Оваа група вклучува пациенти чија состојба е доволно стабилна, така што секој третман може безбедно да се одложи за време на пандемијата на COVID-19. Исто така, вклучува пациенти за кои планираниот третман не е веројатно дека ќе обезбеди значителна корист (најверојатно нема да го продолжи животот и/или да го подобри квалитетот на животот).

Мултидисциплинарен тим ќе го разгледа секој индивидуален пациент со цел да одлучи дали се потребни промени во третманот. Затоа е многу важно пациентите да бидат во контакт со својот лекар или медицинска сестра преку телефон или електронска пошта за да се разберат дали, како и зошто вашиот план за лекување може да се промени.


Прашање: Што значи точно она што го најави министерот, дека пациентите ќе може да примаат терапија во градовите каде што живеат, за кои пациенти и за каква терапија станува збор?

Д-р Васев: Покрај Скопје, во градовите во Македонија каде што има онколошки центри Битола, Штип, Тетово со идеа и логистика на Министерство за здравство се прави список на пациенти кои ќе бидат лично известени да можат терапијата дистрибуирана од нашата клиника, а е полесна за аплицирање (поткожно) ќе може да се даде во тие центри за да се спречи нивното непотребно доаѓање во овој период како и нивна заштеда како здравствена така и материјална. Исто така, во тек е подготовка од следната недела да започне дистрибуцијата на таблетарната терапија во соработка со Црвен крст до домовите на пациентите кои не се во можност да дојдат по таблетарна терапија во овој период.

Како да се заштитат додатно пациентите кои доаѓаат на Клиниката за да ја примат потребната зрачна, биолошка или хемотерапија? 

Д-р Васев: Пациентите имаат правила за однесување, односно мораат да носат маска и мора да држат дистанца од 1,5 до 2 метри. Трпението е исто е еден од советите.

Дали на пошироко ниво, европско, светско постојат посебни протоколи за пациентите со малигни заболувања, и дали истите се спроведуваат и кај нас? 

Д-р Васев: Да, постојат посебни препораки, кои се најрелевантни и според кои се раководиме и ние како специјализирана клиника. Европското здружение за медицинска онкологија (ESMO) овие препораки ги сподели со онколошките клиники па и со нас, уште на самиот почеток на ширење на епидемијата. Според нивните заклучоци и доктрина, во дадениот момент се препорачува  примена на нивоа на пристап за менаџирање со пациенти со канцер.


Со оглед на вонредната состојба, има ли промени во вообичаениот ритам на третман на пациенти со карцином? Дали сите пациенти примаат редовно и навремено терапија (зрачна, хемо и биолошка)?

Д-р Васев: Сите пациенти кои треба да земат терапија согласно Светски искуства и протоколи терапијата треба да продолжи. Контролните годишни и 6 месечни прегледи се одложуваат после завршувањето на пандемијата.

Како и каде пациентите може да добијат повеќе информации за препораките, за терапијата?

Д-р Васев: Нашата клиника отвори посебна телефонска линија секој ден од 10-12 часот на 078-364-629, каде пациентите можат да добијат повеќе информации во врска со болеста. Исто така, нашата клиника отвори три телефонски линии за психолошка поддршка објавени на веб страната на Министерство за здравст

Што е важно пациентите да знаат?

Д-р Васев: Пациентите е битно да знаат дека и покрај вонредната состојба клиниката работи непречено, терапијата има за сите пациенти и се прима неодложно.


Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки

„Се споменуваат лица кои биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа“: бранителот на Видевски бара реконструкција

„Се споменуваат лица кои биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа“: бранителот на Видевски бара реконструкција

МВР и Обвинителство: Уапсени уште шест полициски функционери за пожарот во Кочани, еден е во бегство

МВР и Обвинителство: Уапсени уште шест полициски функционери за пожарот во Кочани, еден е во бегство

САКАЛЕ ДА УВЕЗАТ СРЕБРО ВРЕДНО НАД 7 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗ ДА ПРИЈАВАТ - цариниците со засилени контроли, еве што друго се криумчарело

САКАЛЕ ДА УВЕЗАТ СРЕБРО ВРЕДНО НАД 7 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗ ДА ПРИЈАВАТ - цариниците со засилени контроли, еве што друго се криумчарело

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев добил златна виза од Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев добил златна виза од Дубаи

ПАЛЕВСКИ Е ПОСЛЕДНИОТ СВЕДОК ШТО ТРЕБА ДА СВЕДОЧИ: Одложено судењето, неговиот адвокат доставил медицинска документација и барање за одложување

ПАЛЕВСКИ Е ПОСЛЕДНИОТ СВЕДОК ШТО ТРЕБА ДА СВЕДОЧИ: Одложено судењето, неговиот адвокат доставил медицинска документација и барање за одложување