24 Ноември, 2024
0.0296

Интервју Весковски: Останувам во Водовод до конечен предлог за градоначалник, претпријатието работи се подобро, скопјани пијат чиста вода

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

До октомври годинава треба да се избере компанијата која ќе има најповолна понуда и ќе ја гради Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, вели во разговор за Фактор, Душко Весковски, директор на ЈП Водовод и канализација. Летен период е и често има прекини на водоснабдувањето, а Весковски тврди дека додека бил на чело на претпријатиетео доста се вложило во модернизација, а тие активности траат и сега. Уверува дека водата од изворот Рашче и покрај бранувањата во јавноста сега, останала чиста – исто како што било повеќе од 60 години. Името на Весковски се споменува како предлог кандидат за градоначалник на општина Карпош, а тој потврдува дека е можно да оди во трка за оваа позиција.


Ве прашувам прво што преземавте да го испитате квалитетот на водата во изворот Рашче од каде Скопје се снабдува со вода за пиење?

Весковски: Скопјани пијат една од најквалитетните води  во Европа, со непроменет квалитет повеќе од 60 години. Изворот Рашче е под континуиран и строг мониторинг постојано. Примероци за испитување на водата се земаат од повеќе од 40 мерни места во градот Скопје и сите резултати се во согласност со параметрите кои се пропишани во Правилникот за безбедност на вода 183/2018. Испитувањата се спроведуваат во акредитираните лаборатории кои работат во рамки на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје. Лабораториите се акредитирани според ИСО 17025 и во моментот се едни од најсовремените и најдобро опремени лаборатории кои располагаат со стручен и едуциран кадар. Од неодамна беа проширени и методите во рамки на ИСО 17025 со што се отвори и можност да се изведуваат и испитувања на флаширана вода од разни производители. Квалитетот на подземните води на изворот Рашче е строго контролиран и безбеден. Во изминативе 2 години во соработка со Град Скопје беа направени 2 бушотини (пиезометри) од 220 и 440 метри, на Жеден кај изворот Рашче, од каде се контролира квалитетот на подземните води. Одговорноста, еден град да се снабдува со квалитетна и безбедна вода за пиење е повеќе од голема, а во таа насока ние сме максимално посветени и гарантираме и за безбедноста и за квалитетот на водата.


Но Весковски и годинава повторно има прекини на водоснабдувањето, вие сте на терен?

Весковски: Ние како јавно претпријатие сме одговорни за одржување на водоводната и на канализационата мрежа и во изминатите четири години, во согласност со потребите на граѓаните, во соработка со сите општини и Град Скопје вложивме во подорување и обнова на системот преку поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 50.000 метри и канализациона мрежа во должина од над 60.000 метри во различни делови на територијата на град Скопје. За зголемување на ефикасноста и ефективноста на изведбите инвестиравме и во обнова на механизацијата. Работиме и на подобрување на канализационата мрежа, односно системот за отпадни води што е и еден од предусловите за оперативноста на новата пречистителна станица за отпадни води за градот Скопје.

До која фаза е реализицијата на проектот за Пречистелната станица за отпадни води за град Скопје?

Весковски: Овој проект е еден од најголемите проекти кои се изведува во ЈП Водовод и канализација – Скопје, но и генерално во државата. Тоа е еколошки и капитален проект кој е значаен не само за град Скопје, туку и за целата држава, особено локациите долж течението на реката Вардар, со оглед на фактот дека водата која ќе се пречистува во станицата, како таква ќе биде вратена назад во Вардар и ќе биде чиста за употреба. Ова е инвестиција во здравјето на граѓаните, во животната средина, во нашата иднина. Проектот се изведува во неколку фази, во моментот е во фаза на избор на компанија која ќе ја изведува изградбата на истата. Изборот на најповолната понуда од специјализираните компании кои се во најтесниот круг, го очекуваме до октомври, 2021.


Ќе отпишувате камати откако Владата предложи нов закон за репрограмирање на долговите. Каков е ставот на ЈП Водовод и канализација во однос на ова прашање?

Весковски: Да, но оваа мерка не е новина за ЈП Водовод и канализација – Скопје, бидејќи во изминатиот период додека јас сум директор на претпријатието, два пати годишно се спроведуваат акции за плаќање на долговите без пресметка на камата и нивно репрограмирање. Нашето искуство покажува дека ова е една одлична мерка за граѓаните со која се олеснуваат можностите за исплата на долговите. 


Покрај тоа ние како јавно претпријатие преку дигитализацијата на услугите, лансирањето на мобилната апликација и поставувањето на самонаплатните пунктови, QR кодовите за брзо плаќање придонесовме за олеснување на достапноста на услугите до граѓаните. Се обидуваме на секој начин да им излеземе во пресрет на потребите на домаќинствата но и на правните субјекти, да бидеме транспарентни и достапни. Мислам дека и успеавме во нашите намери, а потврда за тоа е и резултатот за најтранспарентно јавно претпријатие од мониторингот спроведен за 47 институции од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

На есен се одржуваат локалните избори, Вашето име се споменува во јавноста како можен кандидат за градоначалник на Карпош.


Весковски: Во моментов сум посветен на мојата работа како директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, а по работно време и на партиски активности за средби со граѓаните за да се слушнат сите предлози и критики со цел да се одбере најдоброто за секоја општина. Во однос на градоначалничката позиција, да, моето име беше предложено од месните организации. Во моментот се одвива процесот на евалуација и на внатрепартиските анкети, а одлуката која ќе биде донесена од работните тела на партијата, како таква ќе биде соопштена во јавноста.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип