18 Декември, 2025
0.2226

„Интракат“ и годинава сработи за ситно на Клиничка болница Штип

Објавено во: Економија 24 Декември, 2021 07:00

Добивај вести на Viber

„Интраком“, подружницата на грчката градежна компанија Интракат, сработила за 1,6 милиони евра годинава како изведувач на недоизградената Клиничката болница Штип. Ова го покажуваат, барем досегашните, декемвриските исплати од Министерството за здравство кон грчката компанија преку кредитот од Банката на Советот на Европа.

Ова се најверојатно последните исплати со транши од овој кредитор откако започна реализацијата на проектот, која течеше интензивно само во 2016, а потоа следните години  се одвиваше многу бавно поради судски спорови, промена на планови, блокади на сметка, како и поради корона-кризата. Токму поради тоа Банката за развој на Советот на Европа го извести министерството дека рокот за изградба на клиничкиот центар истекува на крајот на годината и дека кредиторот се повлекува од понатамошното финансирање.

Сепак, според исплатите, подружницата сработила барем повеќе во однос на претходните години. Минатата година исплатата од министерството за здравство била едвај околу 200.000 евра, а во 2019 само 300.000.

- Министерството за здравство, како за сите договори, така и за овој, исплаќа средства по извршени работи, односно по доставена Времена ситуација потврдена од надзорниот орган. Министерството за здравство не навлегува во односот на градителите со други правни лица, велат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека засега нема промени во договорот со „Интраком“ и дека изградбата ќе продолжи со овој изведувач, независно од откажувањето на финансиерот.
Претходно, министерството во јавноста објави дека во договор со Министерството за финансии, изградбата ќе продолжи со друг финансиски извор „веднаш откако ќе се одглави процесот помеѓу изведувачот и првичниот подизведувач, односно ќе заврши спорот помеѓу овие две страни“.

Изградбата на болницата треба да чини околу 30 милиони евра, а искористени се само нешто над половина од кредитот, односно како извести меѓународниот кредитор, преостанатиот заем од 13,43 милиони евра ќе биде откажан.  Грчки Интеркат го доби тендерот, а подизведувач беше штипски Бетон.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје