„Инвестброкер“ АД Скопје со новите услуги ќе стане дел од регионалната платформа СЕЕ Линк
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2016 11:22
„Инвестброкер“ АД Скопје од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија доби дозвола за работење со хартии од вредност со три нови услуги.
Имено, тие нови услигу ќе и овозможат пристап и приклчување на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.
„Инвестброкер“ АД Скопје сега ќе може да врши прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари.
Исто така, "Инвестброкер" АД Скопје ќе може да чува хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот, како и да врши дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




