29 Септември, 2024
0.0256

Инвестициите во комерцијални недвижности во Европа со раст од 86%

Објавено во: Анализа 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Инвестициите во комерцијални недвижности во Европа се зголемени за 86% во вториот квартал до 9,6 милијарди евра, покажуваат податоците на консултантската компанија JLL. Обемот на инвестициите во првиот квартал достигна 16,4 милијарди евра, што е за 44% повеќе во однос на првите шест месеци од 2013 година и со 35% над просекот за првата половина на годината за период од 5 години. Во вториот квартал беа остварени неколку клучни зделки во Лондон и Париз кои во одреден степен се одлучувачки за растот. Најголемиот договор - за 805 милиони евра, беше за удел од 30% од Bluewater кој беше купен од Land Securities. Одделно компанијата плати 49 милиони евра за сите права над управувањето на трговскиот центар и земјата околу него. Така целиот проект беше проценет на 2,7 милијарди евра. Истовремено во Париз Fonciere Apsys го купи Beaugrenelle Shopping Center за 700 милиони евра. Двете трансакции го илустрираат апетитот на инвеститорите кон големите и доминантните проекти во водечките градови во Европа со силни економски фундаменти. Изгледите за овие средства остануваат позитивни, нагласуваат од консултантската компанија. Од географски аспект најбарани остануваат водечките, ликвидни пазари, како Велика Британија, Германија и Франција. Трите пазари привлекоа над 70 отсто од вкупниот обем инвестиции во комерцијални недвижности за вториот квартал. К.К.