Инвестиција од 30 милиони евра со изградба на хотел „Хилтон“ во Скопје
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2013 15:45
Групацијата Хилтон официјално влегува во Македонија, со хотел во населбата Аеродром.
Инвестицијата во изградбата на хотелот изнесува 30 милиони евра. Новиот хотелски објект ќе се простира на површина од околу 25.000 метри квадратни, а ќе содржи 170 соби, четири конференциски сали, спа-центар, бизнис центар и центар за здравје и голем број други содржини.
Премиерот Никола Груевски во присуство на инвеститорот Ајдован Адемовски, претставници на „Хилтон“, на амбасадите на САД и на Турција и голем број бизнисмени, истакна дека доаѓањето на брендот „Хилтон“ е уште една потврда дека напорите за привлекување инвестиции во Македонија даваат резултати.
- Хотелот се планира да биде завршен наесен следната година кога Скопје гордо ќе се приклучи кон ланецот градови кои го имаат овој познат светски бренд на хотели, рече Груевски.
Според премиерот брендот „Хилтон“ ќе биде од големо значење за поддршка на туризмот во Скопје и Македонија. Покрај туризмот, свој бенефит од изградбата на хотелот ќе има и градежната индустрија. На изградбата на хотелот ќе работат голем број градежни работници, а индиректно ќе бидат поврзани и многу други фирми од Македонија. По завршување на изградбата на хотелот во него ќе се отворат и над 100 работни места што и дава дополнителна вредност на оваа инвестиција.
Потпретседателот за развој на „Хилтон“ Урлих Видмер истакна дека брендот на „Хилтон“ е соодветен за Македонија и оти нуди извонредни капацитети за граѓаните и за развој.
- Имаме голема верба во иднината на Македонија и го очекуваме развојот во следната година. Сигурни сме дека „Хилтон“ ќе биде успешен, рече Видмер.
Инвеститорот Адемовски нагласи дека е горд што со поддршка на Владата успеале да го донесат „Хилтон“ во Македонија.
- Покрај 170 соби, повеќе конференциски сали, спа-центар од 2.000 метри квадратни, кафе-барови и други содржини, ќе добиеме и едуциран персонал според стандардите на „Хилтон“ со кој ќе се гордееме сите, нагласи Адемовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





