17 Декември, 2025
0.1050

Инвестиција во рудникот САСА, за вицепремирот Ставрески – македонската економија е феномен!

Објавено во: Економија 04 Јули, 2013 20:46

Добивај вести на Viber

Со инвестицијата вредна осумнаесет милиони евра отворен е новиот коп во Рудникот „Саса“ во Македонска Каменица. Како што информираат надлежните ова значи продолжување на експлоатацијата на рудникот во следните 12 години, а треба да се отворат и 30 нови работни места. Притоа се продолжува полето за експлоатација за 0,8 квадратни километри, проект на кој рудникот работеше 2,5 години.

Ова за вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е знак дека македонската економија е добра и покрај економската криза во Европа .

„И покрај исклучително тешките услови и предизвиците кои ни доаѓаат од Европа,  македонската економија стана еден вид феномен. Имено, кога секаде во Европа се отпуштаат работници кај нас се отвораат нови работни места и се намалува стапката на невработеност, кога секаде паѓа производството и економската активност кај нас се отвораат нови погони и фабрики, кога во соседството странските инвеститори се повлекуваат, кај нас влегуваат со нови инвестиции“, истакна Ставрески.

За вицепремиерот рударството е значаен сектор кој учествува со над 18 отсто во бруто домашниот производ, а годинава има раст на производство во рударството од 17 отсто.

„Извозот на метални руди и други производи од рударството во периодот јанаури-април 2013 година изнесува 49,9 милиони евра што претставува значителен раст од 31,5 отсто во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 38 милиони евра. Вредноста на извезените метални руди и други производи од рударството во минатата година изнесуваше 134,7 милиони евра“ појасни Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија