ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 2,4 милијарди долари: Светот добива 1000 McDonald’s ресторани
Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2018
Американскиот ланец за брза храна McDonald’s ќе инвестира околу 2,4 милијарди долари и ќе отвори 1000 нови ресторани во светот во текот на 2018та година.
„Во 2018-та година планираме да инвестираме околу 2,4 милијарди долари капитал, од што најголем дел ќе биде посветен на реинвестирање во нашите постоечки локации . Нашиот план на развој подразбира и отворање на 1000 нови McDonald’s ресторани“, изјавил финансискиот директор на McDonald’s Кевин Озан, пренесува CNBC.
Компанијата во четвртиот минатогодишен квартал приходуваше со 5,34 милијарди долари, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа приход од 5,26 милијарди.
Нето добивката на компанијата достигна 698,7 милиони долари, или 87 центи по акција, што е пад во однос на 1,19 милијарди или 1,44 долари по акција од истиот период на 2016-та.