Инвестицијата на „Дура Аутомотив“ во Македонија пропаѓа, државата си ги бара назад парите дадени за субвенции
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2025 11:45
Американската компанија за производство на делови и прибор за автмобили Дура Аутомотив не само што по пет години во Македонија е на работ да се повлече од земјата, туку и од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони е побарано од нивна страна да биде вратена назад целата државна помош што досега е исплатена
Дура Аутомотив во 2020 кога започна со работа во ТИРЗ Бунарџик најави 1.000 доброплатени вработувања, но не достигна ниту 100 до крајот на минатата година, а периодот на работа се совпадна со автомобилската криза и откажување на нарачките од големите брендови.
Димовски не сакаше да открие за колкава сума на пари се работи, а единствено на платформата „Отворени финансии“ може да се види дека условно во повеќе наврати се исплатени околу 7 милиони евра субвенционирање од државата, вклучително и за фирмите-ќерки Дура Екстружонс и Дура Стрекчерс, при тоа најмногу во текоот на 2021, 2022 и 2023.
Пред десет дена со налог од извршителот Зоран Петрески бил запленет уделот од 100 отсто од главнината што го поседува централата во македонската компанија, што е нешто невобичаено ова да му се случи на инвеститор во слободните индустриски зони и најверојатно е прв ваков случај. Во случајот нај „Дура Аутомотив“ како доолжник, заплената е поради наплата на долг. Од Дирекцијата на ТИРЗ велат дека тие не го заплениле уделот како заложно право, додека од канцеларијата на Петрески не сакаа да коментираат за кои доверителл се работи и дали е тоа некој добавувач, финансиер или конструктор на фабриката. Во изминатите години „Дура“ прикажуваше големи загуби во однос на приходите.
Како што е познато, инвеститорите во развојните индустриски зони се ослободени од повеќе јавни давачки, добиваат комунални ослободувања и долгорочен закуп на градежно земјиште под ниски цени, субвенции за плати и помош за изградба на капацитетите.
Во февруари еднаш беше најавено од медиумите дека фабриката за автомобилски делови ги отпушта вработените и дека само еден мал дел од администрацијата е оставен за да ги завршува формалностите
Автомобилската индустрија од земјава која е директно поврзана со европската веќе некое време ги чувствува последиците од кризата. Имаше најави дека некои поради преструктурирање на производството на европскиот пазар ќе го намалат бројот на вработени и обемот на работа.
Премиерот Христијан Мицкоски одговори на ова дека бил запознат со проблемот со странските компании во земјава, но дека очекува до крајот на годината да дојдат нови инвеститори и дека е загрижен затоа што, како што рече, нема да има доволно работна сила.
А.К.Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




