29 Септември, 2024
0.0244

Инвеститорите бегаат од златото, одат кон банките!,

Објавено во: Анализа, Економија 15 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Цело лето инвеститорите не знаеја каде да ги насочат своите пари, додека цените на активата одеа нагоре-надолу, возбудени од геополитичките тензии, нагаѓања околу укинување на каматата, помал обем на трговијата и флуктуации. Светските пазари беа опфатени од конфликтот меѓу Русија и Западот поради анексија на Крим во март. Во исто време пазарните набљудувачи внимаваа дали Европската централна банка нема да воведе нови парични стимулации, а централните банкари во САД и Велика Британија да ги покачат каматите. И покрај целата оваа неизвесност сепак во август заврши како профитабилен, додека податоците покажуваат дека ризиците остануваат високи, а инвеститорите своите пари ги претвораат во акции на банки и обврзници со висок принос. Банките се соочија со најголемата инвазија на капитал во нив за последните 12 недели меѓу 20 и 27 август, откако потоа се забележа и оживување по две последователни недели во вредност до 1 милијарда долари, покажуваат податоците на Bank of America Merrill Lynch. Освен тоа инвеститорите бегаат од засолништето на златото, откако одливот од највредниот метал достигна близу тримесечен врв од 0,4 милијарди долари. Пазарите во развој, пак, ги разбија сомнежите околу себе со 12 последователни недели на влевање на капитал, додека Европа исто така има некое закрепнување. Септември се докажа како најпрофитабилен месец за златото во последните децении, забележува пазарниот аналитичар во IG, Алистер МакКег. "Учесниците на пазарот продолжија да го следат зголемувањето на каматите, но расположението од отсуството на поврат од инвестицијата во злато би можеле да ги предомисли ", вели тој. К.К.