18 Декември, 2025
0.0578

Инвеститорите очекуваат мирно лето на берзите

Објавено во: Економија 29 Мај, 2016 10:40

Добивај вести на Viber

Цените на трансакциите со опции се намалуваат до едногодишно дно, покажа анализата на инвестициската банка „Goldman Sachs“, што може да е сигнал дека големите инвеститори очекуваат мирно лето на берзите, соопшти „CNBC“.

„Изгледа инвеститорите очекуваат ниска нестабилноста во пресрет на летните месеци“, пишува во својата анализа екипата на „Goldman“ за анализи на договорите со опции.

Цените на овие договори се тесно поврзани со очекувањата за флуктуации, бидејќи драстичната динамика ја зголемува веројатноста дека една опција ќе донесе профит на нејзиниот носител .

Опцијата е договор кој му дава право на купувачот, но не и обврска, да се купи или продаде дадена предност (суровини, благородни метали, акции, валути, индекси и сл) на дадена цена и со одреден рок на достасување. Од другата страна продавачот е должен да ги исполни своите обврски за опцијата, ако купувачот го бара она за кое добива премија.

CNBC дава дава пример со акција, која се тргува за 100 долари и некој размислува да купи опција која гарантира профит, ако цената на предметната акција се зголеми до 110 долари следниот месец. Друга опција е да се направи договор за опција која носи профит, ако акцијата поевтини под 90 долари. Што ќе го натера некој да купи повеќе опции - прогнозата дека акцијата ќе остане 100 долари или дека акцијата има еднакви шанси да стане 50, 100 или 150 долари?

Очигледно вториот случај има поголема веројатност за профит. Затоа трејдерите ги користат цените на трансакциите за опции, за да ги пресметаат очекувањата за нестабилноста на пазарите.

Сега овие очекувања се намалуваат и тоа најверојатно се должи на слабата нестабилноста во последниве месеци, така и на недостатокот на пазарни катализатори.

Според Стејси Галберт, директор на одделот за стратегии кај дериватите во „Susquehanna“, пазарите се во состојба на чекање на потенцијални катализатори како седницата на Федералните резерви на САД во јуни или референдумот во Британија.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа