Добивај вести на Viber
Благо паднаа, цените на акциите на азиските, а доларот зајакна. Главната причина за ова е што инвеститорите не ризикуваат пред утрешните претседателски избори во САД. На берзата во Токио во 7:30 утрово Никеи индексот беше во минус за 0,5 %, цените во Шангај, Сингапур, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,5 %. Во Австралија има благ пораст од 0,2 %, додека МСЦИ индексот загуби 0,2%. Според анкетите изедначена е трка меѓу Обама и Ромни со блага предност на Обама во неколку држави кои можат да се покажат како клучни за изборите, поради што инвеститорите се многу внимателни. Доларот на валутните пазари јакне и се ближи кон највисокото ниво во последните шест месеци. Цената на нафтата во Њујорк утрово порасна за 20- тина центи, откако во петокот загуби 2% од вредност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.