18 Декември, 2025
0.0573

Инвестиции: Амфенол најави шест нови фабрики и 2.500 вработувања

Објавено во: Економија 07 Март, 2015 19:39

Добивај вести на Viber

Нови шест фабрики на Амфенол и вработување на вкупно 2.500 лица најави премиерот Никола Груевски по денешната средба со менаџментот на американската компанија во нивниот објект во Кочани.

- Во овој момент во компанијата работат 330 лица, до крајот на месецов ќе бидат 380, а до крајот на годинава 560. Но, најзначајно е што бев информиран дека Амфенол е многу задоволен од работењето во Македонија и во Кочани и дека планира да ги откупи сите шест локации во ТИРЗ Виница и да донесе шест свои дивизии и да вработи повеќе од тоа што го најавија претходно, рече премиерот Груевски одговарајќи на прашање по пуштањето во употреба на локалната индустриска зона во Виница.

Тој посочи дека во објектот на Амфенол во Кочани моментно работат две дивизии од кои едната е за сигнални уреди за автомобилската индустрија, а втората е за антени за базни станици за телекомуникациската индустрија. Прецизира дека на прес-конференцијата во Скопје Амфенол најавил вкупно 1.800 вработувања во период од неколку години, а сега, како што рече, му кажале дека за истиот период планираат вработување на 2.500 лица.

- Нормално е да порасне и нивото на инвестицијата од првично планираните 16 на 20 до 25 милиони евра. Шесте дивизии, односно погони за различни производи ќе се стационираат во ТИРЗ Виница која е на тромеѓето помеѓу општините Виница, Кочани и Зрновци и која ќе апсорбира вработување од целиот регион, вклучувајќи ги и другите општини во близината, рече Груевски.

Потенцира дека во непосредна близина на Виница во локалната индустриска зона во која веќе се градат 11 фабрики ќе се вработат дополнителен број лица од Виница и околината.

Како што истакна, Амфенол е глобална компанија со многу различни производи и капацитети на многу места, а таквите компании, посочи, влеваат доверба и кај други инвеститори.

- Верувам дека во Македонија ќе дојдат и други инвеститори кои добар глас за земјава чуле токму од Амфенол, истакна Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје