18 Декември, 2025
0.0608

ИНВЕСТИЦИЈА ПОД ЛУПА НА СЈО: Колку чини изградбата на автопатите?

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2016 09:36

Добивај вести на Viber

Автопатот кон Охрид би требало да заврши до 2018 та година, а до Штип веќе следната година. Секако, ова е важен моментум за македонската инфраструктура ако се знае дека после повеќе од 20 години ова ќе бидат првите изградени автопати. „Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, дел се во градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција вредна 800 милиони евра. Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки“ – вели премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев. За изградба на два автопатишта Владата зема кредит од 580 милиони евра од кинеската „Ексим банка“, со рок на  отплата од 20 години, пет години грејс период и 2 % каматна стапка. Владата со пари од буџетот учествува со 10 отсто. Третиот автопат е Демир Капија Смоквица, тој чини околу 270 милиони евра и е финансиран со заем од ЕИБ. Изградбата на автопатиштата беше најавена на голема врата како најкрупен инфраструктурен проект. Договорот за изградба со кинеската компанија „Синохидро“ се реализираше со посебен Закон што во 2013 -та година се изгласа во Собранието. Кога се носеше законот за договорот за изградба на автопатите, пратениците од опозицијата се изјаснија дека ќе гласаат за законот и оти генерално даваат поддршка за изградбата на патиштата, но ги критикуваа цените за изградба на километар автопат и поволностите дадени за компаниите кои ќе ги градат. Тогаш опозицијата обвини  дека проектот е коруптивен и оти Владата неколкупати нелогично го зголемила износот на инвестицијата за автопатиштата. Во моментов изградбата на автопатиштата се одвива непречено. Автопатот Скопје – Свети Николе – Штип  чини 206 милиони евра е во должина од 53 километри,  а автопатот на делницата Кичево-Охрид  е вреден 374 милиони евра и долг 56,7 километри. Во договорот има и одредба со која се предвидени десет проценти за дополнителни непредвидени работи. Изградбата почна во 2014 година, а рокот за изградба е три години. Половина од компаниите подизведувачи кои учествуваат во изградбата на делниците се македонски, а 51 отсто од материјалите за градба се од Кина. Според економистите вака анализираните кредитни линии се поволни, но сметаат дека “евтините“ кредити најчесто содржат дополнителни влијанија, кои главно се однесуваат на давање на тендерска предност, набавки и други форми на исплатливи бизниси. Дел од експертите за инфраструктура веќе предочија дека дополнителен сомнеж врз целиот проект е тоа што не беше траспарентно објавен договорот за изградба на автопатите за да се направи споредба дали парите предвидени за изградба соодвествуваат со предвидените градежни работи и дали сумите договорени со кинеската “Синохидро” се реални. -Водењето на целата процедура на преговори дава сомнеж за сомнителна зделка, ако веќе така се договарале во четири очи, а не со транспарентност на фирмите. Не ја имаме документацијата на увид за да коментираме околу сумите, треба да се знае која варијанта е избрана и на какви терени се работи, колку објекти се предвидени, затоа што секоја измена на варијанти во себе крие можност за манипулации, изјави неодамна  универзитетскиот професор Вулнет Палоши. Зделката со Кинезите ја испитува СЈО Специјалното јавно обвинителство прати инспектори во Агенцијата за државни патишта во врска изградбата на автопати со кинески компании. Се испитува како се склучувале договори, дали во постапката биле заштитени домашните подизведувачи, што се случувало со провизиите? Засега нема официјална информација од Агенцијата за државни патипта, а од СЈО потврдија дека е отворена предистрага. Минатата година лидерот на СДСМ Зоран Заев објави прислушувани материјали во кои како што тврди зборуваат екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и договараат како кинеска компанија да ги гради автопатите на исток и на запад. Според објавените телефонски разговори, како се договара провизија од 5 проценти или 25 милиони евра и иако во план било да се изберат две фирми, потоа се одбира само кинеската компанија да ги гради двата автопати Миладиновци –Штип и Кичево-Охрид. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа