iPhone X најмоќен досега - Одличен старт на 10 годишниот јубилеј
Објавено во: Економија 12 Септември, 2017 22:09
Apple му покажа на смартфон светот дека знае да воведе екстремно добри иновации кои ги поместуваат границите во мобилната индустрија и без оглед што новиот iPhone X ќе чини дури 999 долари ќе доминира на пазарот поради огромната моќ со која располага и врвниот стил.
Убедливо iPhone X е најдобар досега и доаѓа симболично на 10 години од промоцијата на првиот iPhone од страна на Стив Џобс.

iPhone X располага со 5.8 инчен Super Retina Display со 2436 x 1125 пиксели, 458ppi густина на резолиција. Самиот дисплеј во голема мера е посветен на пренесената реалност (AR) со приказ на фантастични содржини во реално време. Главните две камери имаат 12 мегапиксели со двојна оптичка стабилизација на сликата, подлабоки пиксели, нов филтер за бои, четири LED светла за блиц, како и поголеми сензори.

Face ID е уште еден одличен новитет кај iPhone X кој ги препознава цртите на лицето на сопственикот и со него може да отклучи смартфонот како и да се постави поголема безбедност.

AirPower ќе биде новиот безжичен полнач за iPhone X со огромна ефикасност и прецизност.

ARkit на Apple ќе овозможи и развој на апликации со пренесена реалност како што беше прикажано во демонстрацијата со Snapchat за нанесување на нови интерактивни филтри врз сликите.
iPhone X ќе биде пуштен во продажба на 3 ноември пласман со цена од 999 долари за моделот со 64 GB основна меморија.
Извор: telefoni.mk
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




