16 Декември, 2025
0.0978

Иран го покачи тонот заканувајќи и се на Саудиска Арабија

Објавено во: Свет 18 Април, 2015 18:22

Добивај вести на Viber

Иранскиот претседател Хасан Роухани остро ја критикуваше Саудиска Арабија, предупредувајќи дека саудиската кралска фамилија во Ријад ќе ја жнее омразата која ја сее во Јемен со своите воздушни напади, објави „Асошиејтед прес“.

Од 26 март предводена од Саудиска Арабија коалиција од држави претежно од Персискиот залив ги напаѓа шиитските бунтовници, познати како хутити, и застана на страната на борците лојални на соборениот од власт претседател на Јемен Али Абдула Салех.  Иран ги поддржува бунтовниците, но негира дека обезбедува воена помош на хутитите.

Во говорот на воената парада во Техеран, пренесувана директно на телевизија, Роухани изјави дека убиството на цивили во Јемен нема да донесе ниту власт, ниту гордост за Саудиска Арабија.

„Што значи да се бомбардираат невини ... да го бомбардираш јеменскиот народ? Кон кои цели одите? Убивањето на деца ќе ве донесе на власт? Вие го посеафте семето на омразата во овој регион и ќе видите одмазднички одговор порано или подоцна“, истакнал Роухани и дополнил: „Не бомбардираат деца, возрасни мажи и жени во Јемен. Нападите на угнетените ќе им донесе срам ... за агресијата“.

Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи веќе ги спомена воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија коалиција како „геноцид“ и „големо злосторство“.

Иран го претстави планот од четири точки за прекин на конфликтот, кој вклучува хуманитарна помош, дијалог и формирање на влада на национално единство во Јемен, откако предложениот прекин на огнот веќе беше одбиен од Саудиска Арабија.

Роухани , исто така ја обвини Саудиска Арабија за снабдувањето со оружје и финансирањето на терористичките групи во Блискиот Исток.

„Што значи да обезбедувате финансиска помош и оружје на терористите во Сирија, Либан и Ирак“, праша Рохан.

Иран го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и ирачката влада во нивната борба против екстремистите од сунитската гранка на исламот, вклучувајќи ја „Исламската држава“. Техеран нагласува дека Саудиска Арабија и неколку други влади на Блискиот Исток ја поддржуваат „Исламската држава“.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете