16 Декември, 2025
0.0360

Иран и „Шесторката“ работат на деталите ден по крајниот рок

Објавено во: Свет 01 Април, 2015 12:14

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го напушти тековниот преговарачки маратон за иранската нуклеарна програма во Швајцарија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, пренесе „Франс прес“.

„Тој ги напушти“ разговорите, изјави портпаролот на министерството, додека преговарачките страни во швајцарскиот град Лозана ги продолжуваат преговорите за нуклеарната програма на Техеран.

Преговорите требаше да завршат со склучувањето на политички договор меѓу Иран и Велика Британија, САД, Русија, Кина, Франција и Германија на 31 март на полноќ, но земјите не успеаја да ги решат проблемите и продолжија разговорите во уште еден ден.

Министрите за надворешни работи на Франција Лоран Фабијос и Кина Ванг И веќе ги напуштија разговорите, иако Фабијос истакна дека може да се врати ако е потребно.

Лавров изјави за руските медиуми на полноќ дека светските сили постигнале „договор по сите клучни аспекти“. Вашингтон демантираше дека сè е дозволено, но додаде дека е постигнат доволен напредок, кој ќе го оправда нарушувањето на крајниот рок.

Минатата година преговарачите се согласија да ги продолжат разговорите и да склучат политички договор до 31 март, а до 30 јуни да ги испеглаат техничките детали.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека преговарачите постигнале „широка работна рамка на разбирање“, но деталите се уште треба да бидат договорени. Според него постигнат е значителен напредок во изминатите денови.

По маратон од 17-часовни разговори министри од 7-те држави ги прекинаа преговорите малку пред крајниот рок и се согласија да ги обноват во 9 часот по локално време во Лозана.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф изрази надеж денес да се финализира работата и да почне подготовка на документот.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете