18 Мај, 2024
0.0277

Иран со ултиматум до светските сили

Објавено во: Свет 01 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Висок претставник на Иран соопштил дека Исламската република нема да се потпише на договорот со Шесторката“, што не ја вклучува работна рамка за елиминирање на наложените санкции против Техеран.

Претходно иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјавил дека голем дел од проблематичните прашања се отфрлени. „Се надевам дека ќе успееме да ја финализираме работата до среда“, изјавил тој во швајцарскиот град Лозана, каде веќе повеќе од една недела се одржуваат интензивни преговори за нуклеарната програма меѓу Техеран и САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

Крајниот рок за склучување на политички договор истече на 31 март на полноќ, но земјите се согласија да ги продолжат разговорите за уште еден ден. До 30 јуни преговарачите треба да склучат конечен договор за нуклеарната програма на Иран.

Сепак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи признал дека се уште има проблеми“, тој појаснил дека нема да има договор без работна рамка за елиминирање на сите санкции“.

Во изјава за државната телевизија на Иран во Швајцарија Аракчи додал дека додека нема решение на сите проблеми, не можеме да склучиме договор“. Од неговите зборови станува јасно дека спорните прашања се поврзани со санкциите, развојот и истражувањето во нуклеарната сфера.

Според него денес ќе биде подготвена заедничка декларација за одбележување на постигнатиот прогрес во последните денови.

Аракчи додал дека двете страни почнале да ги избираат клучните детали од некои спорни прашања како база за договор, но Иран нема да брза со завршување на преговорите.

Времето е важно за нас, но содржината на преговорите и нашите барања се поважни“, истакнал тој.

Според него идните планови на Иран за користење на повеќе напредни центрифуги се нерешливи прашање.

Сигурно треба да се продолжи со истражувачката работа и развој на напредните центрифуги, истакнал Аракчи.

Во однос на министрите за надворешни работи на Кина, Франција и Русија, кои ги напуштија разговорите, иранскиот претставник истакнал дека тие си имаат други обврски и дека преговорите ќе продолжат колку што е потребно.

Во меѓувреме, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги повикал преговарачите да склучат „подобар договорсо Техеран.

„Сега е време на меѓународната заедница да изврши притисок за подобар договор. Подобриот договор значително ќе ја врати назад иранската нуклеарна инфраструктура. Подобриот договор може да се поврзе со евентуалното укинување на ограничувањата во однос на иранската нуклеарна програма со промена на однесувањето на Иран“, изјавил Нетанјаху, истакнувајќи ги заканите на Техеран за уништување на Израел. Тој го обвини Техеран дека разгорува регионален конфликт.

Можеби ќе ве интересира

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска