ИРАН ЗАСТАНУВА НА НОЗЕ: Прв договор со Русите од укинувањето на санкциите!
Објавено во: Економија, Свет 01 Август, 2016 19:45
Руската државна компанија „Ростек“ со Иран постигна милијарда евра вреден договор за изградба на електрана со сила од 1.4 гигавати.
„Ростек“ е првата руска компанија која со Иран склопи договор од ваков вид од крајот на санкциите. Електраната Хормозган во пристаништето Бандар Абас ќе ја гради ќерката фирма на „Ростек“, „Технопромекспорт“, а изградбата ќе трае пет години.
Таа ќе има четири генератори од 350 мегавати, како и постројување за десалинизација на морската вода со капацитет од 200 000 кубици дневно.
„Технопромекспорт“ нема да инвестира сопствени пари, туку 85 отсто ќе се финансираат од рускиот државен кредит по каматна стапка од 2.77 посто, додека остатокот ќе го финансира Техеран.
Ова сепак не е најголемата електрана која Русите ја изградиле во Иран. Во 80-тите години СССР изгради две електрани -Рамин и Исфахан, со сила од 1.89 и 1.6 гигавати.
Девалвацијата на рубљата предизвикана од санкциите и ниската цена на нафта руските проекти ги направи конкурентни надвор, иако некои руски аналитичари овој проект го сметаат за чисто полтички.
И покрај развојот на политички врски меѓу Техеран и Москва, економската соработка меѓу двете држави е комплицирана во поглед на финансирања на проекти.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




