ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ГРЦИЈА Е НАЈДЕНО МРТВО: Ја убил вујкото
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2024
Исчезнатото девојче од Грција е пронајдено мртво и со убодни рани во вратот.
Како што пишуваат грчките медиуми, роднина на девојчето го признал делото. Василики Николопулу исчезнала вчера од областа Миртија во Пиргос, а денеска е пронајдена во областа Катарача со убодни рани на вратот. Исчезнувањето на девојчето го пријавила нејзината мајка и беше активиран Amber alert.
Службениците за обезбедување на Пиргос на снимката од надзорните камери виделе дека девојчето влегло во автомобилот на нејзиниот вујко и дека заедно ја напуштиле Миртија. Тој наводно ја прободел со шрафцигер во вратот.
Во полициска станица е донесен и вујкото на детето, кој на рочиштето признал дека го убил детето.
Инаку, според грчките медиуми вујкото и претходно бил обвинет за силување малолетничка.
Неодамна имаше случај со романско семејство каде вујко силуваше и уби девојче.