Добивај вести на Viber
Србија е во опасност, затоа што ИСИС врбува работници.
ИСИС врбува работници од повеќе јавни претпријатија затоа што ги знаат стратешките точки, тврди професорот Дарко Трифуновиќ од Факултетот за безбедност.
Припадниците на екстремистичките организации како оние што ги извршија нападите во Париз и Брисел, за своите крвави војни врбуваат вработени од јавните претпријатија во Србија. Нивна цел пред сè се работниците во „Градска чистота“, „Водовод и канализација„, „Зеленила“ затоа што слабо се забележливи за безбедносните радари, не се сомнителни и имаат пристап до многу важни институции, од полиција, војска, болници и градинки.