19 Декември, 2025
0.0918

ИСКУСТВО НА СРПСКИ ТУРИСТ ВО ЦРНА ГОРА: Авионскиот билет го чинел поевтино од такси превозот

Објавено во: Балкан 15 Август, 2025 18:51

Добивај вести на Viber

Српските медиуми пишуваат за непријатното искуство кое го имал српски турист во Црна Гора со такси превозот. 

Еден човек од Белград долетал во Подгорица со цел да стигне до Ада Бојана, оддалечена 92 километри. Иако растојанието изгледаше мало, возењето го чинеше дури 80 евра, и тоа откако успеа да ја намали цената преговарајќи со таксистот. Без тоа, сметката ќе беше уште поголема.

„Кога слетав, таксистите веднаш ми пристапија со разни понуди. Видов на интернет дека возењето треба да чини помеѓу 40 и 50 евра, но во пракса е речиси невозможно да се добие тоа без претходен договор. Авионскиот билет од Белград ми беше поевтин од таксито до крајната дестинација“, вели патникот.

Патувањето не помина непречено.  Особено бил изненаден од запирањето на бензинската пумпа.

„Возачот ме замоли да му купам кафе и кока-кола. Рече дека тоа му е „дневна доза за возење“. Не можев да поверувам, но сепак платив“, раскажува патникот.

Искуството го натерало да ги предупреди другите туристи: препорачува цената на возењето со такси да се договори пред да се влезе во возилото или да се користи јавен превоз, кој е многу поевтин.

„Автобуска карта до Ада Бојана чини само седум евра. Тоа е неспоредливо пониска цена, а разликата во времето на патување не е голема“, додава Ало.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен