29 Септември, 2024
0.0343

ИСЛАМИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕ ЗАКАНИЈА СО НАПАДИ: Се плашат ли македонските граѓани да патуваат во Европа за празниците?

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Откако почна војната меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел, Ал Каеда и ИСИС ги повикаа своите следбеници да напаѓаат израелски, американски и еврејски мети. ИСИС повика на напади против Евреите насекаде, особено во Северна Америка и Европа. Властите во Европа покажаа загриженост дека исламскиот тероризам пак ќе оживее.

Граѓаните кои ги прашавме за мислење дали се плашат од напади, велат дека за празниците нема да патуваат во странство, затоа што немаат можности, но кога би имале пари, би ја искористиле шансата да прошетаат некаде.

„Јас не планирав да патувам, но би патувала, би одела да можам. Па од што да се плашам?“, вели Мирка Додевска, граѓанка.

И следната граѓанка смета дека нема некоја причина за загриженост.

„Да имам можности би патувала, не се плашам. Сме живееле со луѓе од различни националности и вери“, рече Богица Ваневска, граѓанка.

Третиот анкетиран граѓанин има одредена доза на скепса и вели дека ако патува, би одел на дестинации каде е мирно. Toj смета дека луѓето треба да ги избегнуваат најпопуларните европски метрополи каде и претходно имаше напади. 

„Би патувал, ама зависи каде. Би патувал таму каде што е помирно, може во соседството“, додава повозрасен граѓанин.

Александар Чоневски, од агенцијата Игуана травел од Скопје вели дека интересот за патување не е намален. Дури додава дека има граѓани кои си уплаќаат за одмори во 2024 година.

„Турите за Шпанија, Португалија, Италија си течат, останува и други да се реализираат, има интерес и за Истанбул. Не сме забележале да има некакви промени. За Нова година нудиме дочек на Копаоник, така што веќе има уплати“, рече Чоневски.

Од агенциите во внатрешноста велат дека страв за патување нема, туку пресудни се парите и навиките на луѓето. Многу македонски граѓани Новата година ќе ја дочекаат во Грција, Италија или во некоја друга земја.

Минатиот месец Тунижанец изврши напад во Брисел. Тој уби двајца шведски навивачи. Во октомври, во францускиот град Арас, жител на руската република Ингушетија уби професор во средно училиште. Полицијата спречи и напад во Милано, Италија. Пред неколку дена Еврејка во Лион беше избодена во стомакот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“