05 Декември, 2025
0.0429

ИСПЛАТЕНИ НАД 13 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ВО ЈУНИ - продолжува изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Објавено во: Економија 20 Август, 2025 11:29

Добивај вести на Viber

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопат, дизајн на експропријација,  активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација, како и градежни активности главно за земјени работи и конструкции.

Во јуни годинава, според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, имало исплата од државата кон „Бехтел и Енка“ преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во износ 830.336.364 денари или 13.501.404 евра.

Извештајот покажува дека се завршени 87 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар,  76 проценти за Гостивар-Букојчани,  а  78 проценти за делницата Прилеп-Битола. 

Според Извештајот, објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), за првата делница Тетово -Гостивар  завршени се 100 проценти од геотехничките истражувања, за делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 74 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти. 

Евидентиран е и напредок од 72 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 36 проценти за Букојчани-Гостивар, а од 52 проценти за Прилеп-Битола.

Во активностите, изведувачот заклучно со јуни ангажирал 2029 лица и 10141 градежна машина.

Од почетокот на годинава, покрај исплатата на 830.336.364 денари во јуни, кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од 599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и една во мај од 681.026.665 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени  261 милион евра.

Од четирите планирани делници со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра што беше склучен во март 2023 година, нема никакви активности за Требеништа  - Ќафасан, каде, според најавите, ќе се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?