ИСПЛАТЛИВ БИЗНИС: Засадете го ова растение и обезбедете заработка за вашите потомци
Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2019 13:43
Годишно во Србија се произведуваат околу 20.000 тони ореви, но ова не е ниту дел од она што може да се набере ако се засадат повеќе.
Сепак, во последните неколку години, интересот на српските земјоделци расте токму за одгледување на овој плод, затоа што може да генерира висок профит.
Владан Терзиќ од селото Тврдиши има плантажа со ореви повеќе од две децении, а неговата фарма има застапени наразновидни сорти.
„Лошото време влијаеше на количината на родот, но на крајот сепак успеавме да гсе избориме. Оваа година имавме добри приноси и квалитетни плодови што завршија на продажба“, раскажува Владан за српските медиуми, додавајќи дека оревите се лесни за производство.
"Не бара многу инвестиција, лесно е да се одржи. Полесно е да се одгледува и од лешник, а заработката е приближна. Не треба многу труд, не му пречи мразот и е отпорен на болести.Единствено за заработката мора малку да се почека“, вели Владан.
Инвестицијата во оревите започнува да се исплатува во десетата година по садењето, а уште во петнаесетата приносите се зголемуваат, така што е можно да се заработат десет илјади евра по хектар.
Експертите велат дека векот на експлоатација на ова растение е исклучително долг и трае од 50 до 80 години, па залудно не се вели дека оревот е засаден за потомство, затоа што од него може добро да живеат внуците и паравнуците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





