Испорачана третата донација за семејство од Стајковци со поддршка од Lyoness
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016
Фондацијата “Child & Famiy” а под раководство на Lyoness, деновиве ја комплетира третата фаза од обемната хуманитарна акција за поддршка на уште едно семејство – од вкупно шест, чиј дом беше комплетно уништен од разорната поплава која го погоди Скопје минатиот месец.
Семејството Каранфиловски е четворочленото семејство од с. Стајковци кое вистински ја почуствува големината на корпоративната филантропија на Lyoness. Преку понудената поддршка во вид на неопходни апарати за домаќинство, г.ѓа Ана и г.дин Александар со своите дечиња - несомнено ќе можат на полесен начин да го нормализираат своето секојдневие.
Со единствена цел обезбедување на услови за поддршка на луѓе кои имаат најголема потреба од тоа, фондацијата во соработка со канцеларијата на Lyoness во Македонија обезбеди одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинството (шпорети, фрижидери, машини за перење и друго) – како апарати кои претходно беа утврдени како итно потребни за засегнатите шест погодени семејства од Скопје.
Lyoness и понатаму останува верен на својата мотивација да понуди поддршка преку активирање на човечки ресурси и средства за помош на уште три семејства чии домови беа забележително уништени од минатомесечната поплава.