ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2025
МАКЕДОНИЈА 20 ГОДИНИ Е ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски очекува дека во 2025 година ќе направиме крупни чекори кон Европската Унија(ЕУ).
„Оваа 2025 година одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус. Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример“, изјави Муцунски на денешниот работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија акредитирани во земјава.ДУИ РЕАГИРА ЗА МАСКА НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, ВЕВЧАНЦИ ОБЈАСНИЈА ДЕКА ТАА НЕМА ВРСКА СО ЗИЈАДИН СЕЛА
Вевчанци се јавија со реакција откако ДУИ реагираа за маска на карневалот за која сметаат дека го покажува обидот за убиство на Зијадин Села во Собранието.
Велат дека реакцијата на партијата ДУИ по повод маската која предизвика внимание на Вевчанскиот карневал е погрешно насочена и политички мотивирана.
„Маската која предизвика контроверзија не беше политичка, туку избрана како дел од културната креативност на учесниците, кои се инспирирале од популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села. Точно е дека на карневалот има маски кои директно се однесуваат на политички лидери и случувања, но оваа зомби маска не беше една од нив“, велат вевчанци.ДОГОВОРЕНО Е ПРИМИРЈЕ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден изјави во средата дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот и за заложници што ќе стави крај на борбите во Газа и ќе ја зголеми хуманитарната помош за палестинските цивили.
„Можам да објавам прекин на огнот и постигнат е договор за заложници меѓу Израел и Хамас“, рече Бајден во Белата куќа.
Договорот е постигнат по 15 месеци страдање и ќе биде проследен со наплив на хуманитарна помош во Газа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Тимчо Муцунски
Можеби ќе ве интересира
АДВОКАТОТ ДРАГАН ПЕШЕВСКИ ОБВИНУВА: Иако лекари му препорачаа да се лекува дома, Горан Ангелов-Ќосето со три скршени ребра е вратен во затворот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Јованов се појави во јавност и изрази сочувство до Кулакови

ТРАМП ЌЕ ДЕПОРТИРА И ЛУЃЕ ОД БАЛКАНОТ: Додик не сака да прими тврдокорни исламисти

МАЈКАТА НА ЈОВАНОВ: Загубата е ненадоместлива и непрежалива, се зацрнија два дома

ФОРИН ОФИС: Британските граѓани да внимаваат при патувања во Македонија

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Се запалила просторија во училиште

ТРАЈКОВСКИ ТРПЕЛ ЗАКАНИ ОД ЧЛЕНОВИ НА „ДЕСНА“: Му рекле дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува
АПЕЛАЦИЈА ЈА СМЕНИ КАЗНАТА: Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело

СЕ ЗАГЛАВИЛ ВО РАБОТНА МАШИНА: Работник од Бангладеш загина во кратовско
