Источна Европа се свртува кон роботизација поради недостигот на работници
Објавено во: Финансии 18 Февруари, 2018 12:18
По економската криза во 2008 година, земјите од Источна Европа се соочија со недостаток на работна сила.
Ројтерс објави дека единствениот излез за локалните бизниси е роботиката.
Во 2017 година, претпријатијата од Централна и Источна Европа инсталираа 9900 роботски инсталации, што е за 28% повеќе од претходната година.
До 2020 година, се очекува дека употребата на автоматизација и роботика да порасне за уште 21%, додека во посиромашната Европа за 10%. Информациите ги обезбедува Меѓународната федерација на роботика (ИФР), која ги следи главните трендови на роботиката.
Причината за ова што се случува во источноевропските земји е падот на стапката на наталитет и, како последица на тоа, недостатокот на работна сила. Според прогнозите на ОН, до 2050 година вкупното население на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија ќе се намали за 8 милиони и ќе достигне 56 милиони луѓе.
Многу земји сé уште не закрепнале од економската криза во 2008 година. Покрај тоа, по 2011 година, миграцијата кон различни земји на ЕУ стана полесна, а многу луѓе заминаа во европски земји со повисоки плати и животни стандарди.
Унгарија е најзагрозена од овие земји. Сопствениците на бизниси не можат да најдат вработени, а големиот обрт на персонал ја продлабочува ситуацијата. Под овие услови, роботизацијата е единствената можна стратегија.
И производителите на роботи имаат најмногу корист од ова.
Доходот на компанијата Вес-Мон 2000 минатата година се зголеми за 10%. Оваа компанија би можела да заработи многу повеќе, но парадоксот е тоа што, и нејзе не и стигнуваат вработените.
Според IFR, во овие земји, роботизацијата е највисока во Словачка, каде што има 135 роботи на 100.000 работници.
Во Чешката Република тие се 101, во Унгарија 57 и во Полска само 32. Ниските показатели во Полска главно се должат на мигрантите од Украина. Но, роботизацијата во фабриките бара луѓе со многу различно знаење, а некои земји имаат воведено нови курсеви за обука. Во исто време, азиските земји многу повеќе активно инвестираат во роботското инженерство отколку порано. Но, тие не се мотивирани поради недостиг на работна сила, туку од зголемување на платите и посилна конкуренција со други земји.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





