Источно планскиот регион ќе реализира три проекти
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2013 15:18
Единаесет општини и Центарот за развој на Источно планскиот регион ќе реализираат три проекти кои ќе се финансираат од Бирото за регионален развој. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева вели дека за источниот регион одобрени се над 7 милиони денари.
- Поднесовме три предлог проекти, од кои едниот е ревитализација на река Брегалница, третман на отпадните води кај селото Чифлик во Општина Пехчево, затоа што овој проект е важен за источниот регион, бидејќи сите отпадни води на самиот почеток на реката Брегалница директно се испуштаат кај село Чифлик, појасни Здравева.
Таа додаде дека проектот за изградба на колекторски систем во Општина Чифлик изнесува 13 милиони денари, но со одобрените средства ќе се реализира само првата фаза од проектот. Останатите два проекти, кои се позитивно оценети од Бирото за регионален развој се реконструкција на стара турска бања во Виница и изградба на колекторски систем во индустриската зона во Делчево, општините Виница и Делчево се подготвени да учествуваат во фианнсиката конструкција при изградбата на овие инфраструктурни проекти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





