Источногерманските години кои го формираа Путин
Објавено во: Анализа 30 Март, 2015 10:22
Еден колега на Путин се потсетил дека тој со часови ги читал западните каталози за да остане во тренд и дека уживал во својот "мал рај". "Стандардот во ДДР беше подобар отколку во СССР. Покрај тоа, во Германија постоеја повеќе различни партии и струи, иако беа под цврстата рака на комунистичката партија", се потсетил Владимир Усољцев и додал дека "во Русија Путин изградил политичка структура слична на таа во ДДР".
Неговиот мал рај почнал да се претвора во пекол
На почетокот на ноември, стотици граѓани на Источна Германија побарале азил во Западна Германија. Им бил дозволен влез преку вагони. Во Дрезден, огромна маса на луѓе се обидела да го пробие кордонот и да се качи на возот.
"Мислевме дека насилството е неизбежно. Шефот на полицијата рече дека ситуацијата е невозможна", се потсетува тогашниот комунистички градоначалник на Дрезден, Волфганг Бергхофер. Командантите на тенковските единици на Црвената армија кои биле сместени во градот, јасно му кажале дека "ќе влезат во акција доколку Москва така нареди".
Од тогаш станувало само полошо. Падот на Берлинскиот ѕид, масата која влегува со Штази, Михаил Горбачов кој не сака да прати тенкови, Путин и неговите колеги во паника палеле документи во канцелариите на КГБ.
Две седмици подоцна, Хелмут Кол во Дрезден одржал историски говор. Го пофалил Горбачов што не пратил тенкови, а обединувањето изгледало неизбежно. Но, тој говор бил важна лекција за Путин.
Кол користел зборови како "татковина" и други патриотски изрази, кои практично биле забранети во Германската политика од падот на нацизмот.
Враќање без ништо
Имплозијата на Источна Германија го урнала и семејниот живот. Пријателите и колегите од Штази изгубиле сè, еден од клучните контакти на Путин извршил самоубиство... Путин почнал да размислува да се врати дома.
"Се врати во Ленинград. Личеше како да сака да ѝ служи на својата татковина, но немаше што да покаже. Се врати во земјата која не ја препознаваше и не сакаше да ја прифати", рекла биографката Маша Гесен, жестока противничка на Путин.
Сега, кога масата е повторно на улиците на Киев и Москва, старите стравови повторно се јавуваат.
Тој се сеќава дека промени не се прават преку сила, туку преку емоции. Во Дрезден видел дека љубовта кон татковината и желбата за слобода се помоќни од силата и комунистичката идеологија.
Како што пишува на почетокот, за да знаеме што ќе направи Путин, треба само да ја погледнеме неговата биографија.
Едно е сигурно. Додека е Владимир Путин на власт, Москва нема да молчи!
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





