05 Декември, 2025
0.0343

Историјата на BlackBerry: Од милиони продажби до крај на производство

Објавено во: Анализа 29 Септември, 2016 22:58

Добивај вести на Viber

Во средата беше прогласен крај на една ера во светот на технологијата - ерата на BlackBerry. Легендарните мобилни телефони, кои се појавија на пазарот со летачки старт, го загубија вниманието на корисниците во последниве години и тоа доведе до нивниот крај

Што сепак толку се промени за последната деценија што се дојде до ова?

Историјата на производителот потекнува од 1984 година, кога двајца студенти по инженерство Мајк Лазаридис и Далглас Фреган ја создаваат својата фирма Research In Motion (RIM) во Онтарио. Во почетокот нејзината дејност е поврзана со пренос на податоци.

Во средината на 90-тите години, мобилните телефони веќе се пуштени за масовно производство, а тогаш лидер на пазарот е Motorola. Во 1998 година од RIM решаваат да влезат во трката, создавајќи уред, соодветен за пишување на долги пораки и пораки со удобна мала Qwerty тастатура.

Од почеток идејата била тоа да го носи името PocketLink или MegaMail. Овие називи сепак изгледа не им звучеле доволно атрактивно на Лазаридис и Фреган и на крајот тие се запираат на нешто попривлечно, како BlackBerry.

Големиот успех

Благодарение на можноста за брзо и удобно пишување на пораки со моделот, RIM брзо се претвораат во голем играч на пазарот. Првите години BlackBerry се гледа повеќе како бизнис уред. Во 2002 година сепак моделот 6210 добива таква популарност што се претвора во еден од најпродаваните телефони во светот.

Успехот на канадската компанија води до нејзина експанзија и наскоро таа ги развива единиците за развој на софтвер и на дигитални услуги. Моделите

BlackBerry Pearl, Curve и Bold се претвораат во вистински хит, откако фирмата продава од нив милиони примероци.

Тие се и оние кои му помагаат на производителот да стане омилена марка на младите корисници, заради сигурниот систем за испраќање на пораки во годините кога сеуште Messenger и WhatsApp ги нема дури ни како идеја.

Производите на BlackBerry се прославуваат со својата безбедност и заради тоа се омилен бренд на голем број политичари и познати личности, вклучувајќи и на американскиот претседател Барак Обама.

Навестениот крај

Со доаѓањето на iPhone во 2007 година и последниот бум на продажбата на

смартфони, успехот на канадскиот бренд почнува да заоѓа. Во 2012 година дебитираше моделот BlackBerry 10, кој се обидува да измери сили со последните iOS и Android смартфони. Сепак, ова е пресвртница, од кој тргнува стрмоглавиот пад во продажбата на BlackBerry кои за година паѓаат речиси за половина.

Излезе потоа телефонот Passport, како и оние кои работат со Android, но не успеваат да го вратат успехот на компанијата и по неколку последователни периоди на негативни финансиски резултати, од производителот одлучуваат да стават крај на оваа ера.

Сепак за верните фанови на BlackBerry останува надежта дека уреди со

истиот бренд ќе можат да се прават од други производители, како што се случи пред некое време и со друг некогашен лидер на пазарот - Nokia



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени