Историјатот на ЈСП низ бројки – слави 65 години!
Објавено во: Стил 17 Јануари, 2013 15:33
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска одбележа 65-годишнината од своето основање. Низ факти и бројки еве дел од историјатот на ЈСП!
-На годишно ниво автобусите на ЈСП поминуваат 16.414.000 километри -Годишно се превезуваат вкупно 50.585.000 патници. -Претпријатието има 312 нови автобуси, произведени од 2010 до 2012 година, донација од Владата на Република Македонија.- Со одлука на народната власт во 1947 година ЈСП во судскиот регистар било запишано пред 65 години, на 17 јануари 1948 година.
- Почнале да работат со пет запленети возила од окупаторот, за подоцна да почнат етапно да се набавуваат нови возила.
- Прва поголема набавка била направена во 1949 година кога се набавени 10 автобуси од француската марка „рено“.-Првата автобуска линија почнувала од денешен „Алкалоид“ и АСУЦ - „Боро Петрушевски“ преку кејот „13 Ноември“ и завршувала до Градскиот парк.
-Втората воведена линија била од Автокоманда до Водно, а во 1955 година веќе има 8 линии низ целиот град.- Во 1953 година во претпријатието набавени се првите двокатни автобуси
- ЈСП од 2011 е сопственик на модерната жичница на Водно
- Град Скопје дава субвенциите кои годишно изнесуваат од 2 до 3 милиони денари.
- Од буџетот на Град Скопје наредните три години ќе се одвојат околу 60 милиони денари за изградба на 270 автобуски постојки и 180 милиони денари за системот за автоматска локација на возилата и за електронска наплата на билетите
-Во моментов целокупниот автобуски превоз се извршува на 79 дневни и 8 ноќни линии.
-Во мрежата на ЈСП има вкупно 1.001 автобуска постојка од кои 496 се на подрачјето на Град Скопје.-Просечно во работните денови на редовните линии распоредени се 257 автобуси, во саботите 129, а во неделите и во државните празници 102 автобуси.
-Возниот парк се состои од вкупно 443 возила марка Санос, Лејланд, Икарус, Застава-минибуси, ЛАЗ, Јутонг и туристички автобуси, со просечна старост од 10,06 години и се сместени во автобазите Автокоманда и Ѓорче Петров.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





