Историски момент: Барак Обама разговарал по телефон со Раул Кастро
Објавено во: Свет 10 Април, 2015 19:05
Претседателите на САД и на Куба Барак Обама и Раул Кастро разговарале по телефон пред самитот на двете земји, кој ќе се одржи во Панама, каде што се очекува двајцата лидери да имаат и средба, пренесоа американските медиуми.
Хорхе Леганоа, заменик-директор на државната кубанската национална новинска агенција изјавил дека Обама и Кастро зборувале по телефон во четвртокот вечерта по локално време. Белата куќа засега одбива да ја коментира веста.
Обама и Кастро пристигнаа во Панама вчера. Телефонскиот разговор меѓу двајцата е вториот познат разговор меѓу лидерите на САД и Куба за последните над 50 години.
Првиот повик беше во декември, набргу откако Обама и Кастро најавија планови за обновување на дипломатските односи меѓу Куба и САД. Овој процес е во тек веќе.
Двајцата лидери немаат планирана официјална средба во Панама, но се очекува контакт меѓу нив на маргините на форумот, кој почнува денеска и продолжува и утре.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




